Како што пишав, 1000 зошто - ниедно затоа. Само спин и одвлекување на вниманието настрана од проблемите.
Веројатно ти е спорен автопатот Игуменица - Александропули (a зошто би правела Грција автопат кон границата со Турција ако таа им е толку непријател?). Истиот е дел од Е90 кој се протега од Лисабон до Турско-Ирачка граница и не го измислиле грците за да ни наштетат на нас, тоа ти се прикаски за мали деца.
Делот од Солун до турско-грчка граница не само што не е штетен туку е и корисен за нас затоа што овозможува побрз и побезбеден транспорт на луѓе и стоки во правец кон Турција и обратно накај нас. Другата делница (Солун - Игуменица) повеќекратно го забрзува сообраќајот кон Италија, така да ако некој има штета од него тоа би можеле да бидат само Драч и, евентуално, Бар.
Што се однесува до делницата Демир Капија-Смоквица таа е дел од Паневропскиот коридор 10 (Салзбург-Солун виа Љубљана-Загреб-Београд-Скопје) и неговото нереализирање и одолговлекување и оди само на штета на Грција затоа што алтернативата на овој коридор е кракот кој оди од Ниш накај Истанбул и во целост ги заобиколува и Македонија и Грција.
Пет-60те милиони кои HiPERBги имаше одредено (a не само ветувано) за оваа делница тешко дека нешто ќе ги спасеа од кризата. (Патем истиот план HiPERB има предвидено и средства за модернизирање на патот од Саранда кон грчка граница, па зошто грците би инвестирале во Албанија кога и со нив си имаат проблеми).
Жално е шо и они се простаци ко нас и дозволија дневнополитички кyрташлаци да го одолговлечат реализирањето на овој автопат од кој ќар ќе имаме сите.
Дај да се вратиме на кираџиите, поинтересно е.