Значи како прво неможе едно евро да биде 75денари.....бидејќи треба ова да го знаете :
Грубата математика покажува дека домашните банки, кои се во доминантна сопственост на странци, заработија и ден-денес заработуваат милиони евра од каматите од записите без при тоа да преземат никаков ризик. Воедно, наместо парите од банкарскиот сектор да се пласираат како кредити што би биле лакмус за домашно производство и потрошувачка, тие завршуваат во записи. Дополнително, македонските компании и граѓани мораа и сé уште да трпат лихварски камати на кредитите, бидејќи банките се сосем задоволни од нивните финансиски резултати, кои во некои случаи се послаби отколку заработката на некои поголеми маркети за прехрана.