Едно евро ќе биде 75 денари?!

Z

zmej gorjanin

Гостин
6,24/75 = 0,0832 = 8,32 евроценти. Забораваш дека еврото ќе биде 75 денари а не 62.
Да, ако имаш приходи во евра поевтино ќе си го купиш долгот, ако дужиш 60 000 нема да ти кошта 900 и кусур евра туку 800 евра. Али ако земаш плата 12 000 ден., платата нема да ти биде 190 евра туку ќе ти биде 160 евра.:) Ама си останува дека ќе си плаќаме 6,24 наместо 6 ден.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Естонија најголемиот фактор што и придонесува за да го одржава фиксниот курс е дека голем дел од популацијата им работи во Финска.Таму луѓе идат секој понеделник со брод до Финска работат цела недела и се враќаат назад после преку викенд да седат во Естонија ( и нормално да ги трошат парите со нивните фамилии ) .Така имаат доволно голем прилив на девизи да го одржаваат фиксниот курс со минимални финансиски манипулации

Македонија ги има Авганистанците и Албанците кои секоја година уфрлаат повеќе од милијарда евра девизи во Македонија.Тие евра ни го намалуваат трговскиот дефицит до скоро неколку стотици милиони со што фиксниот курс може да се одржува со минимални до средни финансиски манипулации и зимање странски кредити.

Од друга страна за Србија,Унгарија и Романија можам да зборам само за Србија за другите не знам.

Србија е скоро стигната до годишен буџет = плати и пензии.Кај нив владата печати огромни суми на динари за да покрива буџетски дефиците со што им ја руши вредноста на динарот.На пример сега во моментов динарот по малце им се појачува али поради две причини.Прво нивната влада си ги стави на располагање државните девизни резерви за трошење а второ Рускиот кредит од мислам 300-400 милиони евра за градење железница они го принаменија за тековни трошоци.

Чим парите од кредиотот се потрошат а почнат да ги чепкаат девизните резерви динарот ќе падне како камен.
И сакаш да ни кажеш,дека Естониja расте вака само заштото одат да работата во Финска? Ма молам ти се. По таа логика Балканските држави требаше да растат со 10-20%. Каде не са разселени балканските народи. От бивша Jгославиja има во Австриja,Канада,Австралиja, САД и каде не. Грците да не броjaм каква диаспора постои каj нив во САД.Тоа не е голем фактор. Да имат прилив на девизи,но многу поголем прилив на девизи имат от инвестиции. Види извоз спрема умоз. Дефицитот от извоз/увоз им е почти минорен. Ти можеш да имаш голем прилив на девизи,но кога ги трошиш за да увезуваш ... фаjда некаква да имаш?!

Еве сам потврудаш дека во една Србиja,и наспроти девизните резерви не ги спасуват от разорното деjствие на владата им и штампането на хартиja. Доколкото знам jaс заемот от Русиja е 800 милиона долари, но не ме држи за збор и еве уште се очекува да земат. Девизни резерви + 800 милиона долари + нови незнам колко от Русиja. Долгот ке подмине 55% от БВП. Еве днеска слушам по RTS стручнjaци очекуват до краja на годината да стасат 60% от БВП. Дали тоа е одржливо?!

Со тиja примери сакам да ти кажам,дека не фиксниот курс или слободниja курс са проблем, а проблемот е популизмот и задолжуването за да се остварат ветураниjaта на тези популисти. .
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Да, ако имаш приходи во евра поевтино ќе си го купиш долгот, ако дужиш 60 000 нема да ти кошта 900 и кусур евра туку 800 евра. Али ако земаш плата 12 000 ден., платата нема да ти биде 190 евра туку ќе ти биде 160 евра.:) Ама си останува дека ќе си плаќаме 6,24 наместо 6 ден.
Се лажеш...Долгот е најчесто со евро клаузула така да нема да ти биде поефтино. Ретко кога кредитите се без неа а ако се без неа тогаш каматата е повисока.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Јас мислам дека темиве од www.sky.mk треба да се отвараат во ЧДА. Колку само нереално звучи статиава.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Се лажеш...Долгот е најчесто со евро клаузула така да нема да ти биде поефтино. Ретко кога кредитите се без неа а ако се без неа тогаш каматата е повисока.
Друг беше муабетот, не за кредити, туку за плаќање сметки доколку платата ти е во евра.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Затоа сме на дното со економијата во светот.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.531
Поени од реакции
22.187
Што со остатокот од луѓето кои зимаат плата во денари?
Плата иста, цените поскапи посебно тие работи што се носат од страна значи народот уште посиромашен. Затоа не смее да има девалвација на денарот.
 
T

templar55

Гостин
Извинете за глупото прашање ама тоа значи дека и доларот ке се покачи заедно со еврото така ? Дај бе израдувајте ме.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Што со остатокот од луѓето кои зимаат плата во денари?
Ќе им се намали платата во однос на новите цени. :) Тогаш очекувајте квадрат за стан во Скопје просек да биде 1800 - 1900 евра. :) Се надевам дека не се до толку луди.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Vo Kina npr i pokraj toa sto nonstop go klizaat juanot platite realno rastat vo USD i vo EUR. Istoto se slucuvase i vo Slovenija,platite realno rastea i pokraj toa sto go devalviraa tolarot za 5% godišno. So kontrolirana devalvacija ekonomijata se svrtuva kon proizvodstvo i izvoz,zatoa sto uvozot konstantno poskapuva i uvoznicite stanuvaat nekonkurentni na domašniot pazar. Vo uslovi na fiksen kurs ekonomijata e svrtena kon uvoz i uništuvanje na domašnoto proizvodstvo. Od fiksniot kurs nikoj nema kar samo uvoznicite,i zatoa tie maksimalno se trudat da se održi fiksniot kurs,i da go uništat domašnoto proizvodstvo sto ke znaci uste pogolem promet za niv. Ova mu e jasno na sekoj ekonomist.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Ќе им се намали платата во однос на новите цени. :) Тогаш очекувајте квадрат за стан во Скопје просек да биде 1800 - 1900 евра. :) Се надевам дека не се до толку луди.
Платата веројатно ќе остане иста, цените на производите(пред се увозните и оние кои содржат увезени копмоненти или за производство користат увезени состојки) ќе поскапат. Поврзаноста помеѓу овие две категори е со причинско-последична поврзаност со стандардот на граѓаните. Истиот ќе падне.
Цената на квадратот во СК може и да остане ист и да падне до одреден степен , а сепак потешко да се исплаќа.
--- надополнето: 26 август 2012 во 17:23 ---
Vo Kina npr i pokraj toa sto nonstop go klizaat juanot platite realno rastat vo USD i vo EUR. Istoto se slucuvase i vo Slovenija,platite realno rastea i pokraj toa sto go devalviraa tolarot za 5% godišno. So kontrolirana devalvacija ekonomijata se svrtuva kon proizvodstvo i izvoz,zatoa sto uvozot konstantno poskapuva i uvoznicite stanuvaat nekonkurentni na domašniot pazar. Vo uslovi na fiksen kurs ekonomijata e svrtena kon uvoz i uništuvanje na domašnoto proizvodstvo. Od fiksniot kurs nikoj nema kar samo uvoznicite,i zatoa tie maksimalno se trudat da se održi fiksniot kurs,i da go uništat domašnoto proizvodstvo sto ke znaci uste pogolem promet za niv. Ova mu e jasno na sekoj ekonomist.
Точно, до некаде.Најголемиот дел.
Сега кој сака да живееме како во Кина пред 60 години, нека дигне два прста, бидејќи баш на тоа ниво ќе се спушти животниот стандард. Да производите ќе ни бидат поконкурентни, пред се за додадената вредност создадена од домашни ресурси и увозниците ќе станат помалку конкурентни, за они производи за кои има супститути. Струјата, нафтата, електронска и машинска опрема, мерни инструменти, за ова немаме супститути. Земјоделски производи и нивна преработка, за ова имаме. Само мал пример.
Не е едноставна математика ова, не се во прашање само десетина определени варијабли чие однесување на сите ни е јасно. Проблемот е едната варијабла која се однесува крајно ирационално и опуртунистички.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Али ако земаш плата 12 000 ден., платата нема да ти биде 190 евра туку ќе ти биде 160 евра.:) Ама си останува дека ќе си плаќаме 6,24 наместо 6 ден.
На оние што земаат плата врзана за евро (вклучувајќи ме и мене) девалвацијата им одговара. Исто така и на оние што имаат долгови во денари без еуро клаузула.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ќе им се намали платата во однос на новите цени. :) Тогаш очекувајте квадрат за стан во Скопје просек да биде 1800 - 1900 евра. :) Се надевам дека не се до толку луди.
Цените на недвижностите би пораснале во денари но во евра или исти би биле дури може и малку да опаднат. Може да опаднат во евра поради намалена куповна моќ. Но има и други фактори например ако се појави паника и сите сакаат недвижностите да ги користат како хеџ против инфлација во денари. Има многу фактори. Но најверојатно е подобро да ти се парите во недвижнини одколку во денари при девалвалција.
Платите може да се намалат но може да се зголеми вработноста и да се отворат нови работни места. Има и добри и лоши страни девалвација...мене ми е се едно...дури и малку повеќе ми одговара девалвација.
 
За тоа и правев муабет. Што е со оние кои си ги претвориле еврата во денари и ги ставиле во банка ради повисоки камати? Што е со долговите на увозниците кон странство? Колку ќе добијат извозниците а колку ќе изгубат увозниците (Македонија сепак повеќе увезува отколку што извезува)? Што е со државните долгови кон странство, колку ќе пораснат тие? Не можеш курсот на валутата да го врзуваш со економскиот развој на земјата и да тврдиш дека тоа ќе поттикне отварање нови работни места и поголем извоз, тоа е сосема погрешно. Бизнисмените кои поддржуваат девалвација главно се жалат дека каматите се високи, а банките се правдаат дека е тоа ради народна банка која ја бранела стабилноста на денарот, што резултира со неликвидна економија и рецесија. Како и да е сега имаме историски најниски камати колку што знам.А и новиов гувернер тешко дека ќе го напушти фиксниот курс, затоа што во услови на поголеми варијации на цената на валутата може да настане хаос со цените.
На оние што земаат плата врзана за евро (вклучувајќи ме и мене) девалвацијата им одговара. Исто така и на оние што имаат долгови во денари без еуро клаузула.
Македонија е земја со висок степен на евроизација односно голем број на кредити со евроклаузули.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom