Евролига 22/23

Кој ќе ја освои Евролигата?


  • Вкупно гласачи
    13
  • Гласањето е завршено на .

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Ne ocaen e pshihoto sto go imaat na klupa civekot e totalen bolesnik.Sekoja godina neka menjaat roster,ama nikako da go uvidat kancerot u ekipata

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.176
Поени од реакции
7.666
Сега па пфц со тројка да не победи? На А1 сум и не ја гледав.
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.392
Поени од реакции
2.430
Перо дуксер од Ѕвезда во Ск, Катето пижамка во Бг.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.096
Поени од реакции
8.871
Mocaj po klosaranata na sred Kaunas :cool:
Litvanija zemja na kosarkata, malo sutra :D
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
985
Поени од реакции
3.895
Рутинска победа и целосна контрола на натпреварот. Радува тоа што тимот нонстоп ја крева формата, а исто и играчите, од ден во ден се подобри, ма да, ова е секако одлика на Жељко, секогаш ја крева формата во вториот дел на сезоната и на крајот на сезоната, барем така правеше во Фенер.

Овие 12-11 лесно можеа да бидат и 14-11 во најмала рака, а веројатно и 15-11. Со Басконија водеа скоро цел натпревар, примија тројка во последна секунда и изгубија во продолженија, против Милано на домашен терен цела утакмица водеа, на крај попуштија и изгубија, исто и со Валенсија изгубија во продолженија иако имаа и 10+ разлика, лесно можеше да се случи на крај место Валенсија Партизан да ја однесеше победата... Плус мора да се земе во обзир дека играа без Аврамовиќ и Смаилагиќ на овие натпревари, т.е. до средината на Декември. Но, се на се, одлична сезона и одлична игра барем за сега.

Одлична свежина и енергија внесуваат и Смаилагиќ и Аврамовиќ, Смајли ја намести раката и погодува тројки во важни моменти, истотака знае да донесе поени од контра напад, а Аврамовиќ со енергијата во дефанзива, одма се гледа колку е подобар тимот со нив двајца во него, поголема е ширината во ростерот.

Најголем напредок, да не кажам НЕВЕРОЈАТЕН :cuc: - МАТИАС ЛЕСОР. Колку напредна дечково во однос на претходните сезони, чудо едно, кој го памти од периодот во Ѕвезда кога играше какво теле беше, па подоцна направи напредок и беше еден од најважните играчи во сезоната кога Монако го освои Еврокупот, до ова што е денеска. Ја зајакна дефанзивата, убаци леѓна техника во својот арсенал, уште слободните да ги среди уште малку и топ е, најдобар играч на Партизан сезонава, so far.

Данте Егзум цела сезона држи континуитет и стандардно е добар, се гледа огромниот квалитет кој го поседува, барем за европски услови, иако во врска со него владееше најголема скепса. И на двете страни на теренот одличен, а погодува и тројки што е уште поважно.

Позицијата што беше најкритична лани, сега се покажува колку е важна и дека Жељко знаеше што прави и зошто донесе веднаш појачувања таму, пошто евидентно беше колку шкрипи на позицијата ниско крило. Радува и тоа што и Папетру и Нанели ја креват формата, првиот одлична дефанзива игра цела сезона, сега почна и да погодува, што ќе биде и од круцијална важност, а од Нанели немаме видено ни мал дел од тоа што го поседува во својот репертоар, ама полека ја дига формата и он, како се ближи крајот на сезоната ќе мора и он да донесува сигурни поени и да помага во офанзивата.

Се на се, Партизан може секого да го победи, океј освен Олимпијакос ваљда, и ај да кажеме Барселона, другите појаки екипи сите можат да паднат на домашен терен, а со останатите може да се носи и на гостински терен. Дали ќе игра Партизан во ТОП 8? Ако ме прашате мене - ДА. Нешто ми вика дека ќе успеат да влезат во ТОП 8, ако продолжат во ваква форма да играат, сигурно влегуваат.
 
Член од
12 ноември 2022
Мислења
840
Поени од реакции
1.206
Efes izgubija protiv Partizan hahahaha
Автоматски споено мислење:

Kevin Panter gi demolira
 

Kajgana Shop

На врв Bottom