- Член од
- 29 ноември 2014
- Мислења
- 990
- Поени од реакции
- 3.953
Дами и господа, само неколку часа не делат до почетокот на сезоната 22/23 на можеби најинтересната и најјака Евролига некогаш. Многу јаки ростери на неколку екипи и минимум 7 екипи кои ќе се борат за Ф4. Како единствен минус би го навел неиграњето на ЦСКА, бидејќи ЦСКА е еден од синонимите за Евролига! Од позитивната страна би го навел тоа што имаме 2 екипи од Балканот кои ќе играат, Ѕвезда повторно учесник и оваа сезона и ПАРТИЗАН кој се враќа после 8 години во најелитното натпреварување.
На прашањето кој ќе го освои натпреварувањето, би рекол Ефес, најголеми фаворити се според мене.
Па да идеме по ред...
Се надевам дека ќе гледаме интересна сезона и заедно ќе уживаме! И да, се надевам дека ќе се врати заинтересираноста на форумов за европска кошарка! Пукајте другари!
На прашањето кој ќе го освои натпреварувањето, би рекол Ефес, најголеми фаворити се според мене.
Па да идеме по ред...
Си заминаа Брендон Дејвис, Ник Калатес, Најџел Дејвис-Хејс, Пјер Ориола, Данте Егзум и Роландс Шмит, пристигнаа Томаш Саторански, Јан Весели, Никола Калиниќ, Мајк Тоби, Оскар Да Силва и Ориол Паули. Сите викаат дека се дефинитивно појаки од лани, а така и изгледа на хартија, јас не би се сложил, мислам дека ќе флопнат и оваа година.
Еден од фаворитите за наслов, со најширок ростер. Заминувањето на Пабло Ласо не би требало да биде проблем, бидејќи Чус Матео му беше прв помошник долги години.
Си заминаа Томас 'Уертел, Треј Томпкинс, Џефри Тејлор и Осман Гаруба. Пристигнаа Џанан Муса, Марио Хезоња, Петр Корнели и Серхио Родригез се врати.
Си заминаа Томас 'Уертел, Треј Томпкинс, Џефри Тејлор и Осман Гаруба. Пристигнаа Џанан Муса, Марио Хезоња, Петр Корнели и Серхио Родригез се врати.
Додатно се појачаа од лани и сега имаат многу појак ростер, дефинитивно ќе им прават проблем на сите и воопшто нема да е лесно да се игра со оваа екипа, посебно на домашен терен. Од играчите што ги изгубија - Хасан Мартин отиде во Ѕвезда, Принтезис се пензионираше и единствено го изгубија Тајлер Дорси кој отиде во НБА. Пристигнаа Џоел Боломбој, Ајзеа Кенан, Тарик Блек, Алек Питерс и Саша Везенков остана.
Јаки како земја. Дефинитивно појаки од лани. Еден од најсилните ростери, пополнети на секоја позиција, спремни за повраток на Ф4. Си заминаа Малколм Дилејни, Серхио Родригез, Трој Дениелс, Џериан Грант, Бен Бентил, Давиде Морети и Калеб Тарчевски. Пристигнаа Наз Митру-Лонг, Брендон Дејвис, Били Берон, Кевин Пенгос, Дешон Томас, Јоханес Воитман и Стефано Тонут.
Ако минатата година малку им фалеше за да стигнат на Ф4, оваа година се многу појаки и ќе им прават проблеми на сите. Многу офанзивен потенцијал и нормално ќе бидат предводени од Мајк Џејмс, кој за малку ќе ги доведеше лани до Ф4. Си заминаа Данило Анѓушиќ, Парис Ли, Лео Вестерман, Двејн Бејкон, Брок Мотум и Вил Томас. Пристигнаа Џордан Лојд, Ели Окобо, Џерон Блосомгејм, Џон Браун III, Адриен Моерман и Метју Стразел.
Тотална реконструкција на тимот, дури 7 нови играчи, а на клупата сезонава ќе ги предводи еден од најдобрите тренери во Евролигата и доскорашниот тренер на ЦСКА - Димитрис Итудис. Екипата делува јако и стабилно, ако успеат да се уиграат, ништо чудно да ги гледаме и на Ф4. И да, донесоа ЧУДОВИШТЕ ОД ИГРАЧ - Карсен Едвардс!
Си заминаа Нандо Де Коло, Пиериа Хенри, Јан Весели, Ахиле Полонара, Данило Бартел, Мариал Шајок, Маркел Старкс, Џехве Флојд и Ахмет Дувериоглу. Пристигнаа КАРСЕН ЕДВАРДС, Скоти Вилбекин, Немања Бјелица, Ник Калатес, Џонатан Мотли, Тони Џекири и Најџел Дејвис-Хејс. Интересни ќе бидат за следење годинава, посебно заради Карсен Едвардс.
Си заминаа Нандо Де Коло, Пиериа Хенри, Јан Весели, Ахиле Полонара, Данило Бартел, Мариал Шајок, Маркел Старкс, Џехве Флојд и Ахмет Дувериоглу. Пристигнаа КАРСЕН ЕДВАРДС, Скоти Вилбекин, Немања Бјелица, Ник Калатес, Џонатан Мотли, Тони Џекири и Најџел Дејвис-Хејс. Интересни ќе бидат за следење годинава, посебно заради Карсен Едвардс.
Скоро целиот ростер променет, на хартија делуваат јако, јас би рекол уште еден флоп и скупина на индивидуалци. Си заминаа Дерик Вилијамс, Анте Жижиќ, Скоти Вилбекин, Џејмс Нанали, Анџело Калојаро, Џајлен Рејнолдс и Кинан Еванс. Пристигнаа Бонзи Колсон, Дарун Хилиард, Остин Холинс, Лоренцо Браун, Вејд Балдвин IV, Џош Небо, Алекс Појтрес, Џарел Мартин, Рафи Менко и Гај Пнини се врати.
Многу добро составена екипа и прилично јака екипа, на многу фаворити ќе им направи проблеми. Нормално, предводени од мајсторот Серџо Скариоло. МНОГУ ГОЛЕМ UPGRADE во однос на претходната сезона. Си заминаа Кевин Херви, Екпе Јудо, Џакар Сампсон и Амедео Теситори. Пристигнаа Џордан Мики, Ифе Лундберг, Семи Ојелеле, Исмаел Бако и Торнике Шенгелиа го продолжи договорот (пристигна во Февруари откако ја напушти ЦСКА).
Партизан со еден од најјаките ростери во 21ви век, можеби дупло појак од лани. Најмногу се појачаа на позицијата ниско крило која беше најкритична лани. Си заминаа Далас Мур, Родионс Куруц, Немања Дангубиќ, Раде Загорац и Душан Милетиќ. Пристигнаа Данило Анѓушиќ, Данте Егзум, Џејмс Нанали и еден од најдобрите ниски крила и злато вреден - Иоанис ПАПАПЕТРУ. Ако ја крене формата Кевин Пантер и додатно се разигра некој од другите можат да направат многу проблеми, посебно ќе бидат тежок противник во Белград. Кој знае како ќе тече сезоната, МОЖЕБИ(?) ќе догураат и до ТОП8. Останува жал за повредените Аврамовиќ и Смајлагиќ кои ќе бидат надвор од терените до Декември.
Дефинитивно послаби од лани, но донесоа солидни замени. Дејан Радоњиќ веќе нема да ги води бидејќи замина во Панатинаикос, така да и во тој сегмент се послаби. Си заминаа Никола Калиниќ, Остин Холинс, Нејт Волтерс, Ерон Вајт, Дејан Давидовац и Марко Симоновиќ се пензионира. Пристигнаа Џејлен Адамс, Немања Недовиќ, Џон Холанд, Хасан Мартин, Бен Бентил, Филип Петрушев и Мирослав Радуљица.
Појаки или послаби, времето ќе покаже. Јас би рекол послаби, ама едно нешто е сигурно - дефинитивно послаби што се однесува до офанзивно оружје. Си заминаа Иоанис Папапетру, Немања Недовиќ, Дарил Мејкон, Хауард Сент-Рос, Џереми Еванс, Окаро Вајт и Стефан Јовиќ. Пристигнаа Парис Ли, Матеуж Понитка, Ендрју Ендрјус (одличен скорер), Мариус Григонис, Нејт Волтерс, Дерик Вилијамс и Артурас Гудаитис.
Стандардно без многу промени, една од промените доаѓа на тренерската позиција - Алекс Мубру место Пенароја кој отиде во Басконија. Солидна екипа, можат да изненадат некој фаворит. Си заминаа Мајк Тоби, Луис Лабери и нашиот Ненад Димитријевиќ (на позајмица во УНИКС). Пристигнаа Крис Џонс, Џејмс Веб III, Џона Радебау, Кајл Александер и Џаред Харпер.
Послаби од лани. Останаа без Крис Џонс и Ели Окобо, многу тешка задача имаат пред нив. Истотака едни од аутсајдерите. Си заминаа Крис Џонс, Ели Окобо, Џејмс Гист, Виктор Вембењама, Костас Антетокумпо, Рејмар Морган, Вилијам Хауард и Метју Стразел. Пристигнаа Нандо Де Коло, Џефри Ловерњ, Џексон Картврајт, Амине Ноа, Ајвес Понс, Ентони Полајт и Џона Метјус.
Стандардно слаби последниве години, со неколку млади играчи, последните позиции на табелата ќе бидат резервирани за нив. Си заминаа Тај Вебстер, Јанис Стрелниекс, Артурас Милакнис, Жофри Ловерњ, Најлс Гифи, Џош Небо, Марек Блажевиќ и Паулис Јанкунас се пензионираше. Пристигнаа Кинан Еванс, Игнас Браздеикис, Кевариус Хејс, Роландс Шмит, Довидас Гидраитис, Арнас Буткевичиус и Лајрунас Бирутис.
Се надевам дека ќе гледаме интересна сезона и заедно ќе уживаме! И да, се надевам дека ќе се врати заинтересираноста на форумов за европска кошарка! Пукајте другари!
Последно уредено: