Евролига 2012-2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Синоќа се одиграа полуфиналните меча на квалификацискиот турнир во Пала Десио Арената во Десио, Италија. Најпрвин, домаќинот Палаканестро Канту малку потешко од очекувањата го совлада чешкиот претставник ЦЕЗ Нимбурк со 89:83, додека францускиот состав на Ле Ман направи уште едно изненадување, откако славеше победа над еден од фаворитите на турнирот, рускиот клуб на Уникс Казан со 86:78. Вечерва ќе се одигра и финалето помеѓу Палаканестро Канту и Ле Ман со почеток во 20:30 часот. Победникот од овој дуел ќе се пласира во групата А од Евролигата , заедно со Олимпијакос, Реал Мадрид, Химки Москва, Фенербахче и Унион Олимпија.

Квалификации за Евролига
Пала Десио Арена – прв полуфинален меч
Палаканестро Канту-ЦЕЗ Нимбурк 89:83 (23:17 – 20:27 – 25:13 – 21:26)
Судии: Илија Белошевиќ (Србија), Срџан Дозаи (Хрватска), Елиас Коромилас (Грција)
Гледачи: 3000
Палаканестро Канту: Кудлачек, Абас, Смит 16 поени, Маркоишвили 8, Леунен 9, Мацарино 8, Касела, Брукс 13, Тајс 2, Табу-Ебома 6, Арадори 19, Кузин 8. Тренер: Андреа Тринчиери
ЦЕЗ Нимбурк: Бенда 6 поени, Соколовски, Хрубан 6, Абрамс 16, Хушка 2, Пализа 13, Нецаш, Тејлор 16, Тапутос 12, Нејмик 12, Павковиќ, Помикалек. Тренер: Ронен Гинзбург

На линкот може да се погледнат најинтересните моменти од натпреварот:
http://www.euroleague.tv/video/id/2066681/name/Mapooro_Cantù_v_CEZ_Nymburk_Qualifying_Round_2012_13



Италјанската екипа подобро го отвори мечот, брзо поведоа со 18:10 и лесно ја решија првата четвртина во нивна полза. Сепак, Чесите во продолжение подобро се снајдоа, да се консолидираат и направија пресврт, па на одмор заминаа со минимална предност (44:43). Меѓутоа, во второто полувреме, домаќините го запреа силниот отпор на Нимбурк и да го вратат водството, а во одлучувачкиот дел влегоа и со позитива од 11 поени разлика, што беше доволно на крајот за триумф и славје на трибините.
Најзаслужен за победата беше бекот Пиетро Арадори кој постигна 19 поени (7/11 за два поени, 0/2 за три поени, 5/6 од слободните фрлања, четири скока, две асистенции и една украдена и загубена топка), додека Џери Смит додаде 16 коша. Свој значаен придонес даде и крилниот центар Мартен Леунен кој имаше 100% реализација од обидот за три поени (3/3). Кај Нимбурк се истакнаа Адриан Абрамс (2/6 за два поени, 4/6 за три поени, три скока и една украдена топка) и Мајк Тејлор по 16 коша.

Квалификации за Евролига
Пала Десио Арена – втор полуфинален меч
Уникс Казан-Ле Ман 78:86 (20:22 – 18:20 – 23:16 -17:28)
Судии: Дани Хиерезуело (Шпанија), Спирос Гконтас (Грција), Дамир Јавор (Словенија)
Уникс Казан: Лајдеј 18 поени, Дедушкин 2, Заманскиј 2, Самојленко, Сергеев, Веременко 6, Еидсон 5, Вугиукас 12, Кајмакоглу 20, Антипов, Зварикин, Четмен 13. Тренер: Ацо Петровиќ
Ле Ман: Ел-Амин 12 поени, Ч. Кахуди 13, Кофи 2, Виктор 15, Су 7, Иса 1, Батиста 20, Х. Кахуди 4, Сеси, Лонг 12. Тренер: Џон-Дејвид Џексон

На линкот може да се погледнат најинтересните моменти од натпреварот:
http://www.euroleague.tv/video/id/2066785/name/Unics_Kazan_v_Le_Mans_Sarthe_Qualifying_Round_2012_13



Ле Ман подобро се снајде на стартот од мечот, што резултираше со водство од 13:6. Успеаја се до финишот на првата четвртина да имаат позитива, додека Уникс немаше решение за негативата која на две минути до крајот беше минус 8. Меѓутоа, оттогаш францускиот тим некако застана, а благодарение на Кајмакоглу и Веременко, рускиот клуб успеа да се приближи, но не и да го преземе водството. Понатаму се водеше израмнета борба, но Ле Ман успеа да излезе на крај со разиграните противнички играчи, кои имаа само еден разлика негативата на една минута до крајот на првото полувреме.

Во вториот дел, продолжи неизвесноста, Уникс не дозволуваше Ле Ман да ја зголемува предноста. Тимот на Ацо Петровиќ успеа дури и да има предност од 68:62 кон средината на третата четвртина, но Французите најдоа нови сили да го вратат водството, прикажа силна одбрана, Русите не можеа три минути да дадат кош. Ле Ман направи серија од 9:0 и на крајот заслужено славеа. Најзаслужен за победата беше центарот од Бразил, Жоао Батиста кој имаше одлична партија со дабл-дабл учинок од 20 поени (9/14 за два поени, 2/3 од слободните фрлања, 10 скока, по една асистенција, загубена и украдена топка), а Катберт Виктор забележа 15 поени. Кај поразените, Костас Кајмакоглу беше најрасположен со 20 поени (6/9 за два поени, 0/2 за три поени, 8/11 од слободните фрлања, осум скока, две асистенции и три украдени топки), додека Терел Лајдеј беше втор стрелец со 18 коша. Уникс на овој меч имаше слаба реализаиција од обидот за три поени на натпреварот (6/19 – 31.6%)

Четвртфинале:
Вторник, 25 септември 2012
1Ц – ЦЕЗ Нимбурк (Чешка) – Остенде (Белгија) – 83:65
1Д – Палаканестро Канту (Италија) – Лукоил Академик (Бугарија) – 87:79

Среда, 26 септември 2012
1А – Уникс Казан (Русија) – Ратиофарм Улм (Германија) – 91:73
1Б – Ле Ман (Франција) – Донецк (Украина) – 61:55

Полуфинале:
Четврток, 27 септември 2012
(2Б) ЦЕЗ Нимбурк – Палаканестро Канту – 83:89
(2А) Уникс Казан – Ле Ман – 78:86

Финале:
Петок, 28 септември 2012
Палаканестро Канту – Ле Ман – 20:30 часот

 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Денеска се игра финалето на квалификацискиот турнир во Пала Десио Арената во Десио, Италија. Се среќаваат домаќинот Палаканестро Канту и изненадувањето на турнирот, францускиот состав на Ле Ман. Натпреварот започнува во 20:30 часот, а победникот ќе обезбеди пласман во Евролигата, односно ќе се најде во групата А, заедно со Олимпијакос, Реал Мадрид, Химки Москва, Фенербахче и Унион Олимпија.


Палаканестро Канту-Ле Ман (20:30 часот)
Последната 24-екипа што ќе настапува во Евролигата ќе се дознае вечерва во дуелот помеѓу Палаканестро Канту и Ле Ман. Домаќините се надеваат дека повторно главна улога ќе имаат Џери Смит во одбраната и Пиетро Арадори кој е главниот лидер во нападот. На другата страна погледите ќе бидат насочени повторно кон ветеранот Калид Ел-Амин кој во полуфиналето со Уникс постигна клучни седум поени во последните три минути кои доведоа до победа. Чарлс Кахуди чие присуство од физички аспект може да му предизвика проблеми на Арадори. Еден од поинтересните дуели ќе биде под кошот, бразилскиот центар кај Французите, Жоао Батиста на мегдан со Марко Кузин и Алекс Тајс кој прикажа слаба игра синоќа со Чесите. Батиста прикажа одлична игра вчера против Уникс Казан постигнувајќи дабл-дабл учинок 20 поени и 10 скока.



Италјанците гледаат поголемо искуство во своите крилни центри Ману Маркоишвили и Марти Леунен кои би можеле да профитираат во корист на домаќините, за разлика од нивните чувари Папе Су и Катбери Виктор кои можеби не поседуваат голем квалитет, но се доволно зрели и свесни за последниот тежок чекор во Пала Десио Арената. Канту дефинитивно ќе ја има поддршката на публиката, доволно свежина има кај сите играчи на тренерот Тринчиери кој не дозволи досега нитуеден да има поголема минутажа над 27 минути на натпревар. На спротивната страна тренерот Џон Дејвид Џексон вклучува еден играч помалку во неговата примарна ротација и тројца негови избраници минаа со минутажа над 30 минути. По три изминати дена, Канту и Ле Ман покажаа дека се достојни конкуренти во оваа стаза на натпреварување и се очекува 40 минути драматична кошарка во денешниот меч. Канту е фаворит, но Ле Ман апсолутно не треба да се потцени.



За тие што имаат кабелска телевизија, можат на Sport Klub да го проследат мечот. Постои опција да се гледаат мечевите на Интернет, засега нема линкови од сајтовите како што се на пример, live scores hunter, lemonsport, atdhe.com, myp2p, footyfire, vipboxsports. Доколку имате вие сајтови, линкови за натпреварот, слободно информирајте.

Исто така, можете да го посетувате и веб сајтот на Euroleague и Euroleague TV за повеќе информации.
http://www.euroleague.net/
http://www.euroleague.tv/

Четвртфинале:
Вторник, 25 септември 2012
1Ц – ЦЕЗ Нимбурк (Чешка) – Остенде (Белгија) – 83:65
1Д – Палаканестро Канту (Италија) – Лукоил Академик (Бугарија) – 87:79

Среда, 26 септември 2012
1А – Уникс Казан (Русија) – Ратиофарм Улм (Германија) – 91:73
1Б – Ле Ман (Франција) – Донецк (Украина) – 61:55

Полуфинале:
Четврток, 27 септември 2012
(2Б) ЦЕЗ Нимбурк – Палаканестро Канту – 83:89
(2А) Уникс Казан – Ле Ман – 78:86

Финале:
Петок, 28 септември 2012
Палаканестро Канту – Ле Ман – 20:30 часот
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Синоќа се одигра финалето на квалификацискиот турнир во Пала Десио Арената во Десио, Италија. Организаторот на турнирот, домаќинот Палаканестро Канту славеше победа против француската екипа на Ле Ман со 80:66. Канту со вкупно три победи се пласира во Евролигата, со што се најде во А групата, заедно со Панатинаикос, Реал Мадрид, Химки Москва, Фенербахче Улкер на македонскиот репрезентативец Лестер Бо МекКејлеб и Унион Олимпија Љубљана. Нема сомнение дека Канту ќе биде незгоден ривал во ова евролигашко друштво.



Стартот на новата сезона во Евролигата е закажан за 11 и 12 октомври 2012. Останатите седум тима кои партиципираа на овој турнир Ратиофарм Улм, Уникс Казан, Ле Ман, Донецк на Војдан Стојановски, ЦЕЗ Нимбурк, Остенде и Лукоил Академик кој го води Марин Докузовски ќе продолжат во Еврокуп натпреварувањето.

Квалификации за Евролига
Пала Десио Арена – финале
Палаканестро Канту-Ле Ман 80:66 (23:12 – 21:16 -21:16 – 15:22)
Судии: Хуан Карлос Артеага (Шпанија), Илија Белошевиќ (Србија), Марцин Ковалски (Полска)
Гледачи: 4250
Палаканестро Канту: Кудлачек, Абас, Смит 7 поени, Маркоишвили 10, Леунен 15, Мацарино 3, Касела, Брукс 5, Тајс 8, Табу-Ебома 9, Арадори 12, Кузин 11. Тренер: Андреа Тринчиери
Ле Ман: Ел-Амин 8 поени, Ч. Кахуди 8, Кофи 4, Виктор 11, Су 6, Иса 5, Батиста 15, Х. Кахуди 2, Сеси, Лонг 7. Тренер: Џон-Дејвид Џексон


Французите имаа контрола до средината на првата четвртина, но Италјанците направија серија од 8:0 и имаа убедливо водство од 17:6, додека Ле Ман до крајот на четвртината постигна уште само шест коша. Продолжија кошаркарите на Канту со успешната игра во продолжението од мечот, Ле Ман се обидуваше со тројки да фати приклучок, но слаба беше нивната реализација. Следуваше казна, нова серија на домаќинот од 11:0, се поигруваа со противникот и на одмор си заминаа со предност од 16 поени разлика (44:28). По првиот дел, Канту благодарение на нивната одбрана, ривалот имаше слаба шутерска реализација од 42 отсто, додека Италјанците истовремено шутираа одлично (68 отсто).



И во второто полувреме домаќинот продолжи со истото темпо да го крши отпорот на Французите кои го имаа само расположениот Батиста. Во последната четвртина дојде до мала опуштеност кај Канту, па дојде прилика Ле Ман да го намали високото водство, но не беше доволно и да се спречи поразот. Повторно феноменална партија прикажа американскиот крилен центар Мартен Леунен со 15 поени (3/3 за два поени, 3/4 за три поени, 0/1 од слободните фрлања, пет скока и една асистенција). Арадори додаде 12 поени, четири скока и асистенции и една украдена топка). На спротивната страна бразилскиот центар Жоао Батиста забележа 15 коша (6/16 за два поени, 3/3 од слободните фрлања и шест скока, три дефанзивни и три офанзивни). Ле Ман во текот на целиот натпревар од 12 обиди постигна само една тројка.



Тренерот на Палаканестро Канту, Андреа Тринчиери: “Честитки до моите играчи и пласманот во Евролигата. Не беше така лесно, мораше да оствариме три победи во четири дена. Што се однесува до мечот со Ле Ман, за разлика од претходните мечеви, конечно имавме стабилизирана одбрана и во поголемиот дел вршевме контрола на резултатот. Им честитам и на Ле Ман кои заслужуваат почит, играа храбро, плус елиминираа два големи клуба како што се Лукоил и Уникс. Важно за нас беше што секој во клубот даде свој придонес на овие квалификации. Ќе се направат додатни анализи, постоеја падови и подеми, имаме доволно време ушто подобро да се подготвиме за она што не очекува, големиот предизвик, настапот во Евролигата“.

Четвртфинале:
Вторник, 25 септември 2012
1Ц – ЦЕЗ Нимбурк (Чешка) – Остенде (Белгија) – 83:65
1Д – Палаканестро Канту (Италија) – Лукоил Академик (Бугарија) – 87:79

Среда, 26 септември 2012
1А – Уникс Казан (Русија) – Ратиофарм Улм (Германија) – 91:73
1Б – Ле Ман (Франција) – Донецк (Украина) – 61:55

Полуфинале:
Четврток, 27 септември 2012
(2Б) ЦЕЗ Нимбурк – Палаканестро Канту – 83:89
(2А) Уникс Казан – Ле Ман – 78:86

Финале:
Петок, 28 септември 2012
Палаканестро Канту – Ле Ман – 80:66



За повеќе информации имате на следните линкови:
http://www.euroleague.net/
http://www.euroleague.tv/
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.419
Поени од реакции
114.012
Канту очекувано против Ле Ман. Мене ме изненади поразот на Уникс од Ле Ман, склопија добра екипа Уникс, ги купија Вујукас, Кајмакоглу, Чак Еидсон а се избламираа против Ле Ман. Затоа сега ќе си играат Евро Куп. Инаку Канту има одличен тренер, за некоја сезона ќе води некоја врвна екипа, во ова сум 100% убеден.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Хрватскиот состав на Цедевита на стартот од Јадранската лига триумфираше на гостувањето против Будуќност со 78:74. Загрепчани водеа во поголемиот дел од натпреварот, но завршницата беше неизвесна. Свој придонес во победата дадоа и новиот член на клубот, македонскиот интернационалец Владо Илиевски кој за 6 минути игра на паркетот даде три поени (33.3%), 0/1 за два поени, 1/2 за три поени и една загубена топка, додека Американецот со македонски пасош, Маркиз Грин, заедно со Шупут, беше трет стрелец со 11 поени (44.4%) за 34 минути игра, 2/5 од два поени, 2/4 за три поени, 1/1 од слободните фрлања, 4 скока, 7 асистенции, три украдени и две загубени топки. Цедевита Загреб: Кар, Рогиќ, Врајт 7 поени, Шупут 11, Бабиќ 10, Андриќ 12, Сутон, Билан 6, Илиевски 3, Желабал 18, Грин 11, Баждариќ.



Во својот прв меч во Јадранската лига составот на Партизан славеше пред своите навивачи против Задар со 81:74 (21:24 – 15:14 – 11:15 – 34:21). Партизан: Томас 12 поени, Милутинов 5, Вестерман 4, Милосављевиќ 8, Богдановиќ 6, Гагиќ 10, Мусли 12, Чакаревиќ 6, Џекиќ 3, Гордон 6, Анѓушиќ 12, Бертанс 2.



Грчкиот состав на Олимпијакос загуби во полуфиналето на Гомељски купот во Москва од руската екипа на Локомотив Кубан со 82:79 во предсезоната. Кај Олимпијакос први стрелци беа Спанулис со 18 и Принтезис со 17 поени, додека на спротивната страна Барон даде 21 кош. Нема официјална информација зошто не настапил македонскиот интернационалец Перо Антиќ за тимот од Пиреа.



На вториот меч од Гомељски купот, ЦСКА Москва го совлада Жалгирис со 89:87. Кај рускиот клуб Каун даде 19 коша, седум скока и една асистенција, додека кај поразените Поповиќ се истакна со 12 поени и еден скок.


Панатинаикос се засили со 30-годишниот играч од Габон, Стефан Ласме (203 см) кој игра на позицијата крилен центар. Тој потпиша едногодишен договор, а лани настапуваше за шпанскиот состав на Обрадоиро каде во 34 меча во националната шпанска Ендеса лига имаше учинок од 10,9 поени, 6,3 скока и 1,9 блокада по натпревар. Беше втор блокер по завршувањето на сезоната. Оваа година исто така во Летната лига во Лас Вегас беше дел од Бостон Селтикс и имаше биланс од 2,3 поени и 1,7 скок по натпревар во три одиграни меча. Имал играно и во НБА лигата за Мајами Хит во сезоната 2007/2008 (во 15 меча, 5,5 поени и 3,5 скока).

Бешикташ Истанбул - Евролига

Тибор Плајс (Каха Лаборал) - Евролига

Пит Микел (Барселона) - Евролига
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Во украинското првенство, Донецк го совлада тимот на Одеса со 82:59. Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски во победата на домаќините имаше учинок од осум поени, четири скока и четири асистенции. Најдобри стрелци кај Донецк беа Липовиј со 15 и Сонгаила со 14 поени. Во поразот на Одеса најдобро се истакна Калниченко со 13 поени.



Бранителот на трофеите во турската лига, националниот куп и Еврочелинџ натпреварувањето, Бешикташ славеше по четврти пат на Президент купот во Истанбул, во Арената Абди Ипекчи, совладувајќи го Анадолу Ефес со 77:75. Ачик го водеше Бешикташ со 14 поени, Кристофер имаше дабл-дабл учинок од 12 поени и 11 скока, Џерелс постигна 10 поени и три скока, а Гулер додаде 11 поени и пет скока. Кај поразените, Фармар беше прв стрелец со 16 поени, Ерден 12 поени и шест скока, Гонлум 11 поени и шест скока, додека Вујачиќ забележа 10 коша.



Олимпијакос заврши како трет на Гомељски купот во Москва, откако триумфираше против Жалгирис со 86:75. Принтезис беше најефикасен со 20 поени во победата на грчкиот клуб кој сериозно го започна мечот уште од самиот старт. Водеа со 24:11 по првите десет минути. Литванците за момент го забави нивниот силен ритам во втората четвртина. Тимот од Каунас успеа да ја намали негативата во продолжението на 11 поени разлика, резултат по првото полувреме (43:32). Но, Грците повторно ја зголемуваа предноста, нивната најголема на натпреварот беше +17. Жалгирис постигна 26 поени во финалниот квартал, но тоа не беше доволно и да се спречи поразот. Свој придонес во победата дадоа уште Перпероглу со 16 и Папаниколау со 11 поени. Фот со 13 и Каукенас со 11 поени беа најрасположени кај Литванците.



Гомељски купот го освои руската екипа на ЦСКА Москва откако во финалето го совлада Локомотив Кубан со 82:65. Милош Теодосиќ со 12 поени беше прв стрелец кај ЦСКА Москва, додека за МВП на турнирот беше прогласен Арон Џексон. Составот од Кубан имаше минимална предност по првата четвртина (17:16). Но, ЦСКА Москва успеа да се врати и да има пет поени разлика по првото полувреме (41:36). Нивната разлика се зголемуваше уште повеќе, таа достигна +16 по третиот период. Противниците немаа сила да се вратат во последните десет минути и мораа да го прифатат поразот. Воронцевич, Џексон и Николас завршија со девет поени на паркетот. Кај Кубан Мариќ даде 14 коша и девет скока, а Ник Калатес додаде 14 поени.



Макаби Тел Авив победи на предсезонскиот турнир во Париз. Тие го совладаа Галатасарај во финалето со 69:63. Никлас Кенер-Медли, кој беше прогласен за МВП на турнирот, го водеше победничкиот тим со 14 поени. Натпреварот беше неизвесен по првите десет минути на мечот (15:15). Со серија од 10:0, Израелците успеаја да создават убава предност, по што имаа 38:28 по првиот дел. Турскиот тим успеа да ја намали негативата во третата четвртина и губеше само со еден поен. Во последните десет минути, Галатасарај беше рамноправен, но Макаби не дозволи изненадување. Шермандини со 12, Фини и Џејмс со 11 поени помогнаа во триумфот. Кај Турците Хокинс со 16 и Мачван со 14 поени беа најпрецизни за Галатасарај.



Францускиот состав на Елан Шалон славеше против Роан со 85:71, како подготовка за новата сезона. Најзаслужни за победата беа Денмон и Евтимов со 21 поен, а Шикамбу додаде девет. На спротивната страна Гредит даде 18, Сомник 13, а Воскули и Колинс 12 поени.



Германскиот БЕКО Суперкуп викендов беше освоен од страна на Бросе Баскетс Бамберг кој беше подобар од тимот на Ратиофарм Улм со 102:98. Први стрелци кај победникот беа Нахбар со 26 поени (6/10 во обидот за три поени – 60.0% и забележа шест скока и четири асистенции, додека Гипсон додаде 21 поен, два скока и шест асистенции. Кај Улм се истакна центарот Џон Брајант со дабл-дабл учинок од 27 поени и 10 скока.

Вуле Авдаловиќ (АЛБА Берлин) - Евролига

Омар Кук (ЕА7 Армани Милано) - Евролига

Бред Олесон (Каха Лаборал) - Евролига
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
НАЈАВА ЗА НОВАТА СЕЗОНА ВО ЕВРОЛИГАТА ---- :sneaky:

Започна сезоната во националната шпанска Ендеса лига. Реал Мадрид во дербито на колото славеше на домашен терен против Уникаха Малага со 79:64. Се до стартот на последната четвртина, мечот беше неизвесен. Токму во последните 10 минути, домаќините подобро изиграа, ја освоија четвртината со 22:14, за на крајот да победат со +15. Гостите направија многу лични грешки, вкупно 28 на мечот.
Топ стрелци – Реал Мадрид: Миротиќ 14 скока+3 скока, Фернандез 12 поени+4 скока+2 асистенции, Љуљ 10 поени+1 скок+4 асистенции, Рејес 10 поени+1 скок+1 асистенција, Дрејпер 9 поени+1 скок+2 асистенции, Слотер 8 поени+4 скока.
Уникаха Малага: Каловеј 13 поени+1 скок+1 асистенција, Уртасун 13 поени+2 скока+1 асистенција, Жориќ 11 поени+9 скока, Симон 11 поени+5 скока+4 асистенции, Гист 6 поени+3 скока, Перовиќ 4 поени+2 скока.



Регал Барселона изненадувачки загуби пред своите навивачи од составот на Бланкос Ваљадолид со 78:71. И покрај тоа што домаќинот водеше по првото полувреме имаше 12 поени предност, вториот дел целосно му припадна на гостинот со 48:29. Најмногу благодарение на босанскиот центар Неџад Синановиќ кој имаше дабл-дабл учинок од 28 поени и 10 скока.
Регал Барселона: Инглс 18 поени+1 скока+3 асистенции, Томиќ 14 поени+10 скока+1 асистенција, Микел 12 поени+5 скока+1 асистенција, Лорбек 12 поени+2 скока+2 асистенции, Хуертас 6 поени+3 асистенции, Рабаседа 5 поени+1 скок+1 асистенција.



Исто така, неочекуван пораз претрпе и Каха Лаборал на гостувањето кај КАИ Сарагоса со 88:75. Домаќинот имаше 76% реализација шут од поле (19/25). Лаборал ја доби втората четвртина со 26:23, но тоа не беше доволно да се задржи водството, а направија дури 24 фаули во текот на целиот натпревар, по што играчите на Сарагоса успешно реализираа од слободните фрлања. Најзаслужен за победата беше Холанѓанецот Хенк Норел на центарската позиција кој забележа 16 поени, 3 скока и 2 асистенции.
Каха Лаборал: Ночиони 20 поени+5 скока, Рочести 17 поени+1 скок+3 асистенции, Хернандез-Сонсека 8 поени+7 скока, Плајс 6 поени+4 скока, Сан Еметерио 6 поени+3 скока, Олесон 6 поени+1 скок+3 асистенции.



Екипата на Асеко Проком Гдиниа започна со триумф во полското првенство, откако го совлада составот на Старт Гдиниа со 76:60. Проком: Вини 12 поени, Робинсон 4, Памула 10, Сниег, Витка 2, Блесингејм 18, Казух 10, Махалбашиќ 5, Понитка 7, Кошчарек 6, Шчотка 2.

Стид Тчикамбу (Елан Шалон) - Евролига

Свен Шулце (АЛБА Берлин) - Евролига

Антонис Фотсис (ЕА7 Армани Милано) - Евролига

Александар Рашиќ (Монтепаски Сиена) - Евролига
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Перо Антиќ (Олимпијакос) - Евролига

Литвос Ритас - Евролига

Според информациите, Американецот со босански пасош, Ернест Бремер Јуниор (32) потпиша за турскиот клуб на Фенербахче, каде што настапува и македонскиот репрезентативец Лестер Бо МекКејлеб. Ланската сезона Бремер ја започна во рускиот состав на Нижни Новгород, а потоа се пресели во редовите на Олимпиа Милано, со чиј тим стигна до финалето во италјанската Сериа А лига, но загуби во финалето од Монтепаски Сиена на тренерот Симоне Пианиџани, кој од ова лето започна да го води токму Фенербахче. Бремер, кој може да игра на позициите бек и плејмејкер, лани за Милано одигра три меча во Евролигата и имаше учинок од 10,7 поени, 3,0 скока, 2,3 асистенции, 1,0 украдена топка и 1,3 загубена топка по натпревар.



Започна сезоната и во италјанската Лега А, Армани Милано без поголеми проблеми победи во дуелот со Касерта со 97:71, додека Монтепаски Сиена славеше на гостувањето кај Реџио Емилиа со 61:56.



Најпрецизен кај Монтепаски Сиена беше американскиот плејмејкер Боби Браун со 13 поени, додека кај Реџио Емилиа со ист учинок беше и американскиот крилен центар Грег Брунер.
Монтепаски Сиена: Касун 2 поени, Браун 13, Езе 7, Карарето, Рашиќ 2, Кангур 10, Саникидзе 4, Рес 9, Лечтхалер, Џенинг 4, Хакет 3, Мос 7.


Најзаслужен за убедливиот триумф на Милано беше американското крило Малик Херстон со 17 поени, додека Американецот на плејмејкерската позиција постигна 16 коша за Јуве Касерта.
ЕА7 Армани Милано: Гјакети 2 поени, Стипчевиќ 8, Херстон 17, Фотсис 14, Кук 2, Киоти 7, Бурусис 11, Мели 10, Ленгфорд 4, Гентиле 2, Хендрикс 11, Базиле 9.

Прва епизода - Weekly show Turkish Airlines Euroleague

Грегор Буњо (тренер на Елан Шалон) - Евролига
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Македонскиот репрезентативец Лестер Бо МекКејлеб како трет стрелец постигна 15 поени, забележа плус 2 скока и пет асистенции, во триумфот на Фенербахче во Турскиот куп против Ердемир со 91:59. Први стрелци беа Онан со 23 (1 скок+1 асистенција) и Богдановиќ со 18 поени (1 скок+1 асистенција). Кај останатите Огуз Саваш додаде 11, Сато 8, Караман 7 и Прелџиќ 8 поени. На спротивната страна најпрецизен беше Хендерсон со 18 поени, четири скока и три асистенции. Следниот противник на Фенербахче во ова натпреварување ќе биде Олин Едирне.



Литвос Ритас загуби на стартот во ВТБ Балтичката лига на гостувањето кај Астана од Казахстан минимално со 72:71. Американско-гвајанскиот кошаркар кај домаќините, крилото Маршал беше најзаслужен за триумфот со 17 поени и девет скока. Кај поразените, македонскиот репрезентативен центар Предраг Самарџиски постигна девет поени. Први стрелци кај литванскиот клуб беа Блумс со 22 и Цветковиќ со 13 поени.


Макаби Тел Авив се пласира во полуфиналето во израелскиот т.н. Победнички куп, откако го совлада тимот на Хапоел Елиат со 86:63. Најдобри во победата беа американско-полскиот бек Логан со 20 и крилото Елијах, кој доаѓа од Нигерија со 15 поени. На спротивната страна Хопсон даде 26, додека Холман 17 коша.


Француската екипа на Елан-Шалон го ослободи од обврските, Американецот Винсент Грир (29), кој игра на позициите бек и крило. Тој сега е слободен играч, а клубот кој се спрема за новата сезона во Евролигата, ќе мора да најде идеална замена.



Шпанскиот клуб на Каха Лаборал нема да може да смета на 23-годишниот Унаи Калбаро во наредните 4-6 недели поради абдоминална повреда, по што играчот ќе мора да оди на операција во наредните денови. Калбаро најверојатно ќе го пропушти првиот дел од сезоната во Евролигата. За Шпанецот Калбаро, кој игра на позициите крило и крилен центар, ова е втора сезона во Виториа, но сеуште не настапувал во евролигашките натпревари.



Плејмејкерот од Србија, Игор Милошевиќ е многу блиску до потпис со грчкиот тим на Панатинаикос. За челниците од Атина ова е добра опција, бидејќи тој има грчки пасош и не би заземал статус на странец. Во минатата сезона ги бранеше боите на Астана од Казахстан, каде имаше учинок од 3,0 поени и 2,3 асистенции по натпревар во Балтичката ВТБ лига, како и во германскиот тим на Брауншвајг каде имаше биланс од 7,7 поени и 2,5 асистенции по натпревар на 15 одиграни меча. Исто така, го носел дресот и на екипите на Маруси, Ираклис и Олимпијакос.

Брејси Врајт (Цедевита Загреб) - Евролига

Серџо Родригез (Реал Мадрид) - Евролига

Џо Дорси (Олимпијакос) - Евролига
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Во рамките од Купот на Турција, Фенербахче го совлада тимот на Олин Едирне со 83:70. Македонскиот репрезентативец Лестер Бо МекКејлеб, заедно со Огуз Саваш, беше прв стрелец со 14 поени, 1 скок и 4 асистенции. Со овој триумф Фенербахче се пласира во финалето во ова натпреварување, а таму ќе се сретне со екипата на Галатасарај. Фенербахче Улкер: МекКејлеб 14 поени, Онан 1, Хермит 5, Сато 12, Андерсен 4, Пекер 4, Саваш 14, Батист 2, Фест 8, Богдановиќ 13, Прелџиќ 6.



Тимот на Цедевита Загреб славеше и во вториот свој меч во Јадранската лига, откако пред своите навивачи забележа победа над Раднички Крагујевац со 86:68. Најзаслужен за таквиот резултат беше Врајт кој забележа 24 поени. Свој придонес во успехот даде и Американецот со македонски пасош, Маркиз Грин кој за 30 минути одиграни на паркетот, даде 8 поени (1/3 за два поени, 2/6 за три поени), 1 скок, пет асистенции, 2 украдени и 3 загубени топки и четири лични грешки, додека македонскиот интернационалец Владо Илиевски одигра девет минути, без постигнат кош (0/1 за три поени), 2 асистенции, 1 загубена топка и 2 заработи две лични грешки. Цедевита: Кар, Рогиќ, Врајт 24 поени, Шупут 2, Бабиќ 15, Андриќ 14, Сутон, Билан 6, Илиевски, Желабал 11, Грин 8, Баждариќ 6.



“Иако забележавме висока победа, имавме премногу загубени топки и во големи мечеви, тоа може да биде проблем. Ова беше важен меч, наш прв на домашен терен и моравме да победиме. Имавме проблем во одбраната, која мора да ја подобриме во наредните дуели. Добро ни дојдоа овие две победи на стартот, со што ја крева самодовербата уште повеќе кај тимот“, рече членот на Цедевита, Брејси Врајт.

Во истото натпреварување, Партизан славеше на домашен терен против словенечката Крка Ново Место со 79:60. Партизан: Томас 14 поени, Милутинов 4, Вестерман 12, Милосављевиќ 3, Богдановиќ 4, Мусли 15, Чакаревиќ, Џекиќ 6, Гордон 6, Анѓушиќ 7, Бертанс 8.


Екипата на Химки од Москва, започна со триумф на стартот од сезоната во руската национална ПБЛ лига, откако го совлада на домашен терен Тријумф со 76:72. Химки: Фридзон 20 поени+3 скока+2 асистенции, Жуканенко 17 поени+4 скока+1 асистенција, Планиниќ 12 поени+4 скока+5 асистенции, Риверс 9 поени+4 скока+3 асистенции, Огустин 8 поени+8 скока+1 асистенција, Моња 6 поени+4 скока.



ЦСКА Москва лесно дојде до бодовите на гостувањето кај Спартак Приморје со 82:51. ЦСКА Москва: Теодосиќ 16 поени, Џексон 10, Соколов 2, Крстиќ 13, Вимс 4, Зозулин, Ерцег 2, Воронов 6, Воронцевич 6, Николас 13, Хрјапа 4, Понкрашов 6.



Во германската ББЛ лига, Бросе Баскетс убедливо со 85:68 победи на дуелот со Бремерхавен. Бросе Баскетс: Зирбес 22 поени, Нахбар 17, Гипсон 14, Форд 11, Јакобсен 7, Нојман 6, Тада 6, Гавел 2, Голдсбери.



Досегашниот член на Унион Олимпија, Роберт Ротбарт (26), кој игра на позицијата центар потпиша за полскиот состав на Старт Гдиниа. Босанецот Ротбарт (217 см) кој има израелски пасош, лани во Евролигата во словенечката екипа имаше учинок од 8,0 поени и 5,0 скока по натпревар.

Јанис Блумс (Литвос Ритас) - Евролига

Во шпанската АЦБ лига, Реал Мадрид на гостински терен со 100:75 го порази тимот на Ваљадолид. Реал Мадрид: Љуљ 15 поени, Керол 10, Фернандез 7, Миротиќ 26, Слотер, Рејес 8, Дрејпер 4, Почиус 5, Родригез 12, Суарез 5, Бегиќ 8, Хернангомез.



По Робертас Јевтокас, Жалгирис Каунас во претстојната сезона нема да може да смета и на Тадас Климавичиус кој заработи сериозна повреда на мечот со составот на Јувентус. 30-годишниот Климавичиус (204 см), кој игра на позицијата крило, по направената операција, ќе паузира најмалку шест месеци.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Следуваат многу интересни мечеви за следење во наредните денови. Традицијата на пријателски меча помеѓу НБА и европски екипи започнала во 1978 година, кога во Тел Авив, Израел, составтот на Макаби Тел Авив го пречека Вашингтон Булетс. Досега се одиграни 69 меча помеѓу екипи од Европа и НБА.По петти пат во нивната соработка Евролига и НБА договорија натпревари, што привлекуваат внимание. Реал Мадрид и Монтепаски Сиена во нивната американска турнеја ќе одиграат по два натпревари во САД и Канада.

6 октомври 2012 Мемфис Гризлис-Реал Мадрид
6 октомври 2012 Сан Антонио Спарс-Монтепаски Сиена
8 октомври 2012 Торонто Репторс-Реал Мадрид
8 октомври 2012 Кливленд Кавалирс-Монтепаски Сиена



Исто така, две НБА екипи ќе ја посетат Европа и ќе одиграат натпревари со европски клубови.
5 октомври 2012 Фенербахче Улкер-Бостон Селтикс
6 октомври 2012 Алба Берлин-Далас Маверикс
7 октомври 2012 Армани Милано-Бостон Селтикс
9 октомври 2012 Барселона-Далас Маверикс





Во италјанската Лега А, Армани Милано загуби на гостувањето кај Виртус Болоња со 67:64. Најдобар стрелец во победата беше Хесбрук со 16 поени, додека кај поразенитеХерстон забележа 18 поени и четири скока. ЕА7 Емпорио Армани Милано: Џакети, Стипчевиќ, Херстон 18 поени, Фотсис 8, Кук 6, Чиоти, Бурусис 11 поени+13 скока, Мели, Ленгфорд 13, Гентиле, Хендрикс 2, Базиле 6.



Унион Олимпија ја забележа и втората победа во Јадранската лига, откако на домашен терен беше совладан составот на Сплит со 82:73. Прв стрелец кај Словенците беше бекот Блажиќ со 22 поени (5/9 за два поени – 55.6%, 1/3 за три поени – 33.3%, 9/11 од слободните фрлања – 81.8%), три скока, четири асистенции, две украдени и четири загубени топки. Унион Олимпија: Вотерс, Рупник 3 поени, Препелиќ 17, Блажиќ 22, Ранико 13, Салин, Муриќ 2, Бејнс 6, Бубниќ 8, Пејџ 2, Мочник, Омиќ 9.



Сашо Филиповски, тренер на Унион Олимпија: “Тешко дојдовме до победата. Сплит, има добри играчи, особено на центарската позиција, а тоа го потврдија и на овој меч. Сите високи играчи постигнаа двоцифрен број на поени. И покрај тоа што во еден момент имавме +15 позитива, но нашата одбрана како што се ближеше крајот стануваше послаба. За среќа, бевме доволно смирени за успешен резултат. Ќе направиме анализи, каде треба да ги поправиме грешките и да се фокусираме за следните дуели“.

Армани Милано - Евролига

Марти Почиус (Реал Мадрид) - Евролига

Мајкл Брамос (Панатинаикос) - Евролига

Брејси Врајт (Цедевита Загреб) - Евролига

Александар Џикиќ (тренер на Литвос Ритас) - Евролига
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ВЕЧЕРВА СО ПОЧЕТОК ВО 20:00 ЧАСОТ, ЗА ОНИЕ КОИ ИМААТ КАБЕЛСКА ТЕЛЕВИЗИЈА, СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО НЕМА ЗАСЕГА НАЈАВА НА МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА МЕЧОТ, НА SPORT KLUB МОЖЕ ДА СЕ ПРОСЛЕДИ ДУЕЛОТ ПОМЕЃУ ФЕНЕРБАХЧЕ УЛКЕР, СО МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ЛЕСТЕР БО МЕККЕЈЛЕБ И БОСТОН СЕЛТИКС.



Во Купот на Грција, составот на Олимпијакос убедливо со 94:43 го совлада тимот на Кифисиа. Во победата македонскиот репрезентативец Перо Антиќ постигна 11 поени. Олимпијакос: Хајнс 4 поени, Пап 10, Антиќ 11, Спанулис 5, Перпероглу 7, Дорси 8, Слукас 2, Мавроидис 6, Манцарис 12, Кацивелис 5, Гечевичиус 7, Принтезис 17. Во истото натпреварување, Панатинаикос славеше против Паниониос со 82:61. Панатинаикос: Скорцијанитис 14 поени, Брамос 10, Панко 9, Мацулис 12, Армстронг, Укиќ 12, Царцарис 5, Дијамантидис 9, Ксантопулос, Гианопулос, Каралампопулос 2, Скордилис 2.



Украинскиот состав на Донецк, кој настапуваше во овогодинешните квалификации за пласман во Евролигата, во домашното првенство триумфираше против тимот на Миколаив со 91:75. Најзаслужен за победата на домаќините беше македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски кој забележа 20 поени, 5 скока и три асистенции.



Во турскиот Куп, составот на Фенербахче загуби од Галатасарај со 74:69. Прв стрелец кај победникот беше Дејвид Хокинс кој имаше биланс од 30 поени, 6 скока и пет асистенции, додека македонскиот репрезентативец Лестер Бо МекКејлеб беше најрасположен на спротивната страна со 18 поени, 2 скока и една асистенција. Фенербахче Улкер: МекКејлеб 18 поени, Онан 7, Ермиш, Сато 6, Андерсен 3, Пекер, Саваш 21, Караман 4, Богдановиќ 2, Прелџиќ 8. Во истото натпреварување, Анадолу Ефес со 89:62 го совлада Газиантеп. Анадолу Ефес: Балбеј, Фармар 18 поени, Вујачиќ 7, Батук 14, Ерден 19, Тунчери 5, Гонлум 10, Савановиќ 2, Лукас 2, Куртоглу, Гулер 3, Барач 12.



Досегашниот член на литванската екипа на Жалгирис Каунас, 26-годишниот литвански плејмејкер Мантас Калниетис (195 см) потпиша тригодишен договор со Локомотив Кубан. Тој претставува замена за македонскиот интернационалец Владо Илиевски кој настапуваше во рускиот клуб. Се најавуваше исто така дека и 25-годишниот израелски плејмејкер Јогев Охајон (190 см) ќе биде член на составот од Кубан, но реши да остане со Макаби Тел Авив. Лани во Евролигата за 16 одиграни меча имаше учинок од 7,6 поени, 2,5 скока, 3,7 асистенции и 2,2 загубени топки по натпревар.



Во израелскиот Куп, составот на Макаби Тел Авив победи против Макаби Хаифа со 86:79. Макаби Тел Авив: Логан 16 поени, Елијаху 14, Гај 13, Хикмен 13, Охајон 10, Џејмс 8, Медли 7, Шермандини 3, Ландесберг 2.



Крис Флеминг останува како тренер на германската екипа на Бросе Баскетс Бамберг, го продолжи договорот до 2016 година. Исто така со тимот остануваат и неговите асистенти, Арне Волтман и Стефан Вејсенбок. Флеминг кој го води клубот од 2008 година, успеа да освои три шампионски национални титули и два купа. Во меѓувреме, во наредните два месеци нивни член ќе биде Американецот Латавиус Вилијамс (23), кој игра на позицијата крило. Вилијамс (203 см) минатата сезона ја мина во шпанскиот состав на Бадалона, каде имаше учинок од 9,6 поени, 7,1 скок, 1,3 украдена и загубена топка во 34 одиграни меча во националната АЦБ лига.

Сашо Филиповски (тренер на Унион Олимпија) - Евролига

Марино Баждариќ (Цедевита Загреб) - Евролига

Палаканестро Канту - Евролига
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Фенербахче-Бостон Селтикс (20:00 часот)
Освен тоа што може дуелот да се следи на Sport Klub, имате линкови за следење на мечот на Интернет како втора опција. Доколку имате исто вие некој линк, слободно информирајте.

http://www.lshunter.tv/basketball-live-streaming-video.html

http://www.frombar.tv/c-6.html

http://atdhe.eu/basketball

http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=stream basketball&source=web&cd=2&cad=rja&ved=0CCMQFjAB&url=http://www.stream2watch.me/basketball&ei=GBlvUNyVBuKj4gSx9IDAAQ&usg=AFQjCNF6y3MeC5MgJRinF6uTBIsITftuOw
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Синоќа започна серијата на мечеви помеѓу НБА и европски екипи. Турскиот клуб на Фенербахче успеа пред своите навивачи во Истанбул да го совлада и изненади Бостон Селтикс со 97:91 (26:27 – 29:18 – 24:27 – 18:19). Еден од најзаслужните за победата беше македонскиот репрезентативец Лестер Бо МекКејлеб кој за 35:21 минути, забележа 21 поен (9/14 за два поени, 0/1 за три поени и 3/8 од слободните фрлања), четири скока, пет асистенции, две украдени топки, пет загубени топки и заработи една лична грешка. Прв стрелец кај Турците беше Ромејн Сато со 24 поени, седум скока две асистенции и две украден топки. На спротивната страна, најрасположени беа Џеф Грин и Џаред Салингер со по 16 поени.


Фенербахче Улкер: Онан 8 поени, Караман 4, Саваш 10, Сато 24, МекКејлеб 21, Андерсен 8, Богдановиќ 11, Батист 5, Прелџиќ 4, Пекер, Ермиш 2.
Бостон Селтикс: Пирс 8 поени, Бас 9, Гарнет 6, Ли 7, Рондо 13, Миличиќ 2, Тери 12, Грин 16, Салингер 16, Мело, Смит 2, Кристмас, Џозеф.

Лестер Бо МекКејлеб (Фенербахче Улкер): “Причината зошто одиграв добро на овој меч не е поради тоа што се пренесуваше самиот дуел во САД и не беше поради тоа што пред себе имав кошаркар како што е Рондо. Кога играм против било кој добар играч, јас секогаш го давам максимумот на теренот. Овој дуел за нас беше посебен, после поразот во Турскиот куп од Галатасарај. Среќни сме што им приредивме радост на нашите навивачи“.



Пол Риверс, тренерот на Бостон Селтикс: “Имавме дури 25 загубени топки на овој натпревар, а на тој начин не можете да добиете дуел. Од мојот тим добра партија прикажаа особено Салингер и Грин и сериозно ќе сметам на нив во новата НБА сезона. Фенербахче навистина одигра добро, Сато во првото полувреме погодуваше од секоја позиција, а во вториот дел едноставно немавме решение за Бо МекКејлеб, а токму поради него имавме и многу загубени топки“.


Пол Пирс (Бостон Селтикс): “Во Истанбул добро бевме пречекани, навистина е убав градот. Навистина тука фановите секогаш се возбудени на кошаркарски план. Фенербахче во овој меч се прикажа во добро светло. Имаат добри играчи, еден од лидерите на тимот е сигурно МекКејлеб кој го контролираше и водеше натпреварот до нивни добар резултат. Сато исто така имаше одлична шутерска реализација. Им честитам на победата“.

Доколку сте го пропуштиле мечот можете да го проследите на следните линкови од You Tube:
http://www.youtube.com/watch?v=ALTGk_47_ac
http://www.youtube.com/watch?v=ozNriiWTn2s
http://www.youtube.com/watch?v=pES5o4GjLZA
http://www.youtube.com/watch?v=R-6DE3LGUwY

Adidas Play of the game

Во француската национална ЛНБ лига екипата на Шалон загуби минимално на домашен терен од Лион-Вилербан со 72:71. Шалон: Ндумба, Денмон 9 поени, Галијар, Аџагба, Ленг 13, Вилијамс 4, Абуду, Евтимов 10, Тчикамбу 11, Жан Баптист 8, Ловерње, Шилб 16. Во меѓувреме, составот на Шалон го ангажираше 26-годишниот Американец Доминик Сатон (198 см), кој игра на позициите крило и крилен центар. Тој доаѓа од Универзитетот на Северна Каролина каде лани во 32 одиграни меча во НЦАА1 лигата имаше учинок од 16,4 поени, 7,4 скока, 1,7 асистенција и 2,2 украдени топки по натпревар.



Во турскиот куп составот на Анадолу Ефес славеше на гостувањето кај Мерсин Бујукшехир со 74:69. Анадолу Ефес: Балбеј, Фармар 11 поени+6 скока+4 асистенции, Вујачиќ 12, Батук 4, Ерден 9, Тунчери, Гонлум 3, Савановиќ, Лукас 13 поени+2 скока+9 асистенции+4 блокади, Куртоглу, Гулер 2, Барач 20 поени+3 скока+3 блокади.



Во истото натпреварување, Бешикташ ја совлада Анталија со 61:52. Бешикташ: Видмар 8 поени, Серхат 3, Маркота 6, Кристофер 15, Херсек 1, Озер 4, Џерелс 18.



Барселона посакува во своите редови за претстојната сезона да го доведе 27-годишниот Густаво Ајон (206 см) кој доаѓа од Мексико и игра на позицијата центар. Тој ланската година ја започна во Фуеланбрада, а подоцна стана член на составот на Њу Орлеанс, каде во 54 одиграни меча во НБА лигата имаше учинок од 5,9 поени, 4,9 скока, 1,4 асистенција и 1,0 украдена топка по натпревар.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom