http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5416948553&id=49&prilog=0&setIzdanie=23750
Поените доделени од публиката нема посебно да се презентираат туку ќе се соберат. На пример, ако Австрија, Шведска и Србија ѝ дадат на Македонија 2, 6 и 12 поени соодветно, Македонија од тие земји ќе има вкупно 20 поени. На истиот начин ќе бидат собрани поените од публиката во сите земји и за сите учесници. На крајот, презентерот ќе ги соопшти собраните поени почнувајќи од земјата што освоила најмалку до онаа што добила најмногу од публиката низ цела Европа. Организаторите очекуваат дека вака ќе се обезбеди неизвесност до самиот крај.
Колку ќе влијаат овие промени врз пласманите, вклучително и врз нашата евровизиска претставничка Калиопи? Според Игор Трајковски, претседател на ОГАЕ Македонија, новиот систем на гласање ќе биде интересен и возбудлив.
- Досега беше малку нефер зашто жиријата имаа моќ да го задушат гласот од публиката, што е фрустрирачки за сите што гласаат и плаќаат за тоа. Сега, без оглед на тоа како гласа жирито, гласот од публиката ќе биде преточен во поени што ќе бидат доделени на крајот. На сличен принцип веќе подолго време работи шведскиот „Мелодифестивален“, на кој ја избираат песната-претставник на Шведска, и секогаш е возбудливо, интересно и без скандали. Дали сега ќе имаме повеќе или помалку шанси, би требало да се направи некоја статистика отпосле, да видиме дали има некаква разлика со стариот и со новиот систем. Генерално, за песните што се пласираат високо на табелата не верувам дека ќе има некаква разлика, бидејќи тие добиваат доволно поени и од жиријата и од публиката - вели Трајковски.