Евровизија 2016 (генерална дискусија)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
И ете дојде време пополека да се спремаме за Евровизија 2016...

Овогодинешното 61во издание на најголемото европско музичко шоу, ќе се одржи во Стокхолм, Шведска. Шведска по шести пат е победник и домаќин на овој настан/натпревар, а минатата година победи со Манс Зелмеров и песната Heroes.

Оваа година повторно имаме две полуфинални вечери и финале, каде првата полуфинална вечер ќе биде на 10 мај, втората на 12 мај, а финалето на 14 мај. Местото на кое ќе се одржи овој настан е салата Глобен. Влезниците/картите ќе бидат пуштени во продажба на 26 ноември, т.е. утре.

Но вчера дознавме и кој ќе ја претставува Македонија, т.е. нас на Евровизија........

1.jpg

Македонската радио телевизија (МРТ) одлучи годинава, на овој престижен и реномиран музички натпревар, честа за претставување на Јавниот национален радиодифузен сервис и Македонија, повторно да и се довери на најголемата македонска поп-рок ѕвезда, но и на едно од најголемите балкански афирмирани музички имиња – Калиопи.

Нејзиното прво учество на Евровизија во 2012-тата година со песната “Црно и бело” и овозможи на Македонија влез во големото финале, оставајќи силен впечаток кај целокупната музичка јавност и публика, што сеуште трае.

Сигурни сме дека соработката на МРТ, со добро познатата комбинација, на поп дивата Калиопи и композиторот Ромео Грил којшто и овој пат ќе биде автор на македонската евровизиска композиција, ќе резултира со модерен, атрактивен евровизиски производ, со афирмативен национален карактер.

Официјалното претставување на композицијата со која Македонија ќе се натпреварува во Шведска 2016, ќе се случи на Македонската телевизија и пред македонската јавност на крајот на февруари идната година.

извор


Па............, што очекувате од овогодинешното издание на Евровизија? Мислите ли дека Калиопи ќе има добра песна како што беше Црно и бело и дека ќе ни обезбеди пласман во финалето?

:)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Јас мислев дека Малта беа очајни што секоја година ја праќаат „дебелата дива“.
Зошто мора да бидеме „најпаметни“? Организирај фестивал, избери песна и готово... Со вакви избори секогаш ќе има коментари од типот „аха, знаеме дека и враќаат на Калиопи (или било кој друг) што пееше во кампањата на [внеси име на партија од власт]“. И без разлика дали е така или не, изведувачот секогаш ќе биде жигосан и нема да ја добие поддршката од публиката. Затоа, сметам дека ова е уште една глупа одлука на МТВ.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.998
Калиопи ќе победи!
:)
:oeoeoe:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
^ Бобо д Спанџ, Патрик и ти. Тоа е таа тројка што прати.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Отиде Љопи наша по Лорен за невеста да ја земе. Знаев дека таа хемија меѓу нив ќе го издржи овој меѓуевровизиски простор :love:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Јас лично мислам дека Калиопи може по ова да си направи еден пад во кариерата, макар бил и мал. Калиопи беше позната и пред Евровизија 2012, но со Црно и бело стана еден вид бренд и кај нас во Македонија и на Балканот, па дури и во Европа. Ја гледаме како издигнување на нашава сцена, затоа што е единствената пејачка со која сме влегле во финале во последниве осум години. Сега ако не влезе во финале или ако се претстави со полоша песна од Црно и бело, народот одма поинаку ќе ја гледа.
 
Член од
25 април 2011
Мислења
24
Поени од реакции
45
Јас сум повеќе за да се направи избор на песни, но сепак можам да кажам дека Калиопи има капацитет и квалитет да издржи еден настап на евровизија пошто е голема работа, притисок, ова она. Само не ми се свиѓа што песна ќе и прави Ромео Грил. Зашто Ромео Грил? Ја сметам дека треба да се даде шанса и на други композитори во државава. Башка Ромео Грил мислам дека ќе направи песна со застарен стил од пред 10 години најмалце и нема да биде во тренд и така ќе ја прокоцкаме и оваа евровизија. Ја мислам дека треба некои помлади композитори да ја направат песната. Али да не категоризирам да не биде се навредиле постарите композитори, затоа викам да се направи еден конкурс за композитори за евровизија и најдобриот нека победи.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Јас сум повеќе за да се направи избор на песни, но сепак можам да кажам дека Калиопи има капацитет и квалитет да издржи еден настап на евровизија пошто е голема работа, притисок, ова она. Само не ми се свиѓа што песна ќе и прави Ромео Грил. Зашто Ромео Грил? Ја сметам дека треба да се даде шанса и на други композитори во државава. Башка Ромео Грил мислам дека ќе направи песна со застарен стил од пред 10 години најмалце и нема да биде во тренд и така ќе ја прокоцкаме и оваа евровизија. Ја мислам дека треба некои помлади композитори да ја направат песната. Али да не категоризирам да не биде се навредиле постарите композитори, затоа викам да се направи еден конкурс за композитори за евровизија и најдобриот нека победи.
Ромео Грил и ги има напишано/направено повеќето песни. Црно и бело беше дело на Ромео Грил, па ене песната хит е.
 
Член од
25 април 2011
Мислења
24
Поени од реакции
45
Ромео Грил и ги има напишано/направено повеќето песни. Црно и бело беше дело на Ромео Грил, па ене песната хит е.
Песната е хит, ама во Македонија и на балканот, а за да биде хит во Европа мора да биде во тренд песната направена, да се совпаѓа со денешните стилови на музика. На пример некоја песна ко на SIA или ADELE. Таков стил мислам дека ќе и одговара на Калиопи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom