Јас мислев дека Евровизија не може подолу да падне кога го видов оној Чехот со наметка од Супермен и мустаќи од Крале Марко, кога веднаш по него ете ти го лично и персонално Елвис Присли од Белгија, со се сакото, фризурата и чешелот...
Тек тогаш си помислив колку луѓе музичари би се превртувале во гробот кога би можеле да го видат ова.
Секоја чест на Италијанците си се тргнаа кога ова чудо престана да личи на фестивал и почна да наликува на циркус, од вистинските.
Ние можеме да си правиме муабети колку сакаме за песната дали била добра, лоша, ваква, онаква... Факт е дека секогаш за малку се пласираме или за малку не се пласираме во финалето, и секогаш сме тука некаде без разлика на песната, пејачите итн...
Поинаку кажано, Евровизија стана едно ***** од фестивал на кој единствен критериум за избор е “на ти го - дај ми го“.
Децата си настапија добро, не покажаа трема, песната беше таа што беше, барем не моравме да слушаме некоја приспивна. Само ако сакаат да бидат рок - музичари, нека се држат понастрана од евровизии, елвировци и јовановци. Рок музиката нема ништо заедничко со нив.
И то... добра ноќ на сите...