devojka111
i'm real
- Член од
- 28 декември 2008
- Мислења
- 1.937
- Поени од реакции
- 148
дали ова е поттикнато од Сакис и од неговите Гејски фанови кои ќе го бодрат во Москва, ааа мора да има нешто поврзано со тоа, вие што викате?:pos2::pos2::pos2:НА ФИНАЛЕТО НА "ЕВРОСОНГ"
Геј парада во Москва
Актуелниот евровизиски победник Дима Биланв лани во Белград се бакна со белорускиот претставник Руслан
Во текот на одржувањето на Песна на Евровизија, од 12 до 16 мај во Москва, ќе биде одржана и геј парада. Организаторите на парадата ги повикаа сите учесници на "Евросонг" јавно да ги поддржат правата на хомосексуалците.![]()
Во соопштението на организацијата "Геј прајд" се наведува дека парадата ќе биде организирана на 16 мај, денот кога ќе се одржи финалето на "Евросонг". Активистите од оваа организација велат дека руските власти досега забраниле 167 различни геј манифестации, па затоа мислат дека "Евросонг" е одлична можност сите учесници и гости од странство да ја поддржат борбата за правата на хомосексуалците. На натпреварувачите ќе им бидат поделени беџови со пароли на поддршка, но неизвесно е дали тие ќе решат да ги носат.
Најавата за ваквата парада ниту малку нема да му се допадне на градоначалникот на Москва Јуриј Лушков, кој веќе неколку пати има забрането одржување слични манифестации. Во декември лани, на новинарско прашање за тоа дали ќе се откаже од својата хомофобична пракса, тој одговори:
- Јас ги почитувам правата на сексуалните малцинства. Оние 22 хотели што ги подготвуваме за гостите на "Евросонг" имаат неколку илјадници кревети. Нема да проверуваме кој со кого спие и што прави. Ние во Москва нема да ја каниме нашата младина на никакви геј паради. Тоа не е во состав со нашите култура и традиција. Тоа ги навредува поголемиот број граѓани.