Пребарав и гледам дека има теми за баба Ванѓа но за некој конкретни предвидување. Мислам дека треба да имаме една општа тема на која ќе дискутираме за нејната способност за предвидување а особено ако некој има некое искуство лично или некој му раскажувал за некоја средба со Баба Ванѓа. За мене многу е интересно што и некој мој пријатели од Монголија ми кажуваа дека Баба Ванѓа е позната и Монголија. За почеток еден воведен текст за нејзината куќа во Струмица и Ново Село.
Куќата на баба Ванѓа во Струмица
Деновиве се поголемо актуелизирање во земјава но и во светските медиуми привлекува баба Ванѓа. Баба Ванѓа најголемата пророчица во светски рамки, слободно може да се каже дека е и најпозната струмичанка. Ексклузивно Струмица Денес ја објавува фотографија од куќата на баба Ванѓа и местото во Струмица каде се наоѓа родната куќа на Ванѓа.
Баба Ванѓа или Вангелија Пандева Димитрова е родена на 31 јануари 1911 во Струмица како слабо девојче на кое името му го дале после два месеци. Родена е во семејството на Пандо Сурчев, а нејзината мајка умира кога таа е многу мала.
Родната куќа на Баба Ванѓа се наоѓа на денешната улица 5 ноември во Струмица. Денес на оваа место има изградена куќа која не припаѓа на нејзинита фамилија па и затоа оваа место не е обележано. Во албумите на баба Ванѓа се среќава слика од оваа куќа.
Според раскажувањата за Струмица Денес на Фимка Гогова Михаилова нејзина комшика и блиска пријателка, Ванѓа живеела во оваа куќа од нејзиното раѓање до 1942 година по што се преселува во Петрич, Република Бугарија. Во 1923 години поради лошите животни услови Вангелица се преселува во Ново Село кај братот на нејзиниот татко и таму живее неколку години. Таму и го губи видот.
ВИДИ: Струмица Денес во куќата на Баба Ванѓа во Ново Село.
Од Ново Село во 1925 година заминува за Белград на лекување кое траело до 1927 по што се враќа во родната куќа во Струмциа. Ванѓа во оваа куќа ги има направено и првите превиденија.
Според раскажувањето на Фимка Гогова Михаилова кои се опишани во нејзината книга
,,Ванѓа и јас” Ванѓа била многу болна кога имала 18 години. Осум месеци била на постела помеѓу животот и смртта. Нејзините роднини во корито ја изнесувале во дворот за да може да биде на чист воздух и сончева светлина. Оставајќи ја Ванѓа во таква состојба еден ден отишле на црква. Кога се вратиле дома ја затекнале Ванѓа со метла во раце. Иако претходно ја оставиле едвај жива таа го метела дворот. Кога ги видела Ванѓа само им рекла дека дворот треба да биде чист бидејќи наскоро ќе започне војна и нејзината куќа ќе ја посетува многу народ. По неколку години иако таа се преселила во Петрич нејзиниот двор бил посетуван од илјадници луѓе.
Повеќе стории за живот на баба Ванѓа во Струмица читајте на Струмица Денес во текот на наредните денови.
http://strumicadenes.mk/foto-kukata-na-baba-vanga-vo-strumica/