Flava нејќе да им пркосиме на Грците.
Flava нејќе да и пркоси на ЕУ.
Flava и останатите со таква "мирољубива" природа може слободно да се скријат мишја рупа и да не му сметаат на никој, посебно не на Македонците.
Македонците што знаат што е достоинство и што сакаат да бидат не трн, него ебана ограда од трња у очите на Грција.
Ете го нивото и начинот на дискусија промовирано од ова влада, рефлектирано овде на форумов и воопшто во државава.
Значи кој не се согласува со постапките на ова влада, по автоматизам не се согласува со трн и со ада.
А штом не се согласува со трн и со ада, онда по истиот автоматизам од погоре, е предавник или антимакедонец.
Значи шампиони сте.
Ама во ДЕМАГОГИИ.
Епа трн и ада.
Да ви каже нешто реален.
- Не можете од една страна да се претставувате како најголеми Македонци во државава, а од друга како слепци да го следите патот, кој пастирот ќе го покаже со стапот.
- Не може предавници да бидат оние кои коалицираа со "терористи", а денес оние кои истото го прават да бидат патриоти.
- Не може едните предавници да бидат бидејќи ја изгласале референцата ФИРОМ, а другите патриоти бидејќи со таа иста референца сакаат да влезат во ЕУ и НАТО.
- Не може прадавници да бидат оние кои до 2002 говореа дека Брат Љубе е политички шарлатан, а патриоти оние кои денес го нарекуваат предавник и бугарофил.
- Не може патриот да биде Груевски кога ќе каже дека Македонија е спремна да плати одредена цена за влез во НАТО и ЕУ, а предавник Бранко кога ќе каже дека Македонија е спремна да плати одредена цена за влез во НАТО и ЕУ. Исто а ? Ама едниот по вас е предавник а другиот патриот.
- И на крај, не може вие криејќи се позади зборот патриотизам, да браните и промовирате партиски ставови и одлуки....а воедно да мислите дека некој ќе ви поверува.
Направете дистинкција помеѓу партиски војник и патриот.