Стрелец
El Mariachi
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 910
- Поени од реакции
- 10
ЕУ ни го смени јазикот
Европската унија потклекна пред притисоците на Грција и иако формално сите бараат да се реши спорот околу името на државата, Брисел веќе има решение, па на голема врата го избриша македонскиот јазик од надворешна употреба и отворено го спори кодот на државата.
Последна потврда дека сега е на ред јазикот на државата, а индиректно и на нацијата, е Меѓуинституционалниот стилски водич на Унијата кој, според она што е наведено во првата реченица, ги утврдува правилата за имињата на земјите и тоа што произлегува од нив, кои треба да се применуваат во документите на европските институции. А во него во графата придавка до лани стоеше „македонски“, а од јануари годинава стои (јазик, народ, црква, валута или слично) „на Бившата Југословенска Република Македонија“.
Ова е чекор напред во проширувањето на спорот од името на државата на сите идентитетски прашања, со оглед на тоа дека во графата државјанство стои исто така „на Бивша Југословенска Република Македонија“, а за разлика од лани, место МК како код на државата, стои голем прашалник.