Od knigata na Karakacanov:
BTW, Da zivee spomenikot na Ace, skulpturite pred vlada, aerodromot vo Skopje i Ohrid,
i kako kapak za ovaa tema megunarodniot avtopat od Tabanovce do Bogorodocia !!! Bravo za vladata !!!!
дали сте вие нормални во партија..жими се....оперирани сте од националност???
ти избришаа јазик а со тоа и идентитет преку нок...нашата кривица е што??? што постоиме???
суштината на спорот, димензијата и намерите мислам дека се појасни сега...
Грција ја условува Хрватска поради Македонија
Коментари (0)
29.01.2009 10:14
Грците и се закануваат на Хрватска дека нема да им го „одобрат“ поглавјето за правосудството затоа што во пропратните документи стои називот македонска нација. На Грците им пречи и автокефалната православна црква.
После Словенија која на пристапната конференција Хрватска - ЕУ на 19. декември минатата година во Брисел блокираше седум поглавја во кои, според нејзино мислење, се прејудицира граничното решение, сега нови проблеми доаѓаат до Грција.
Според неофицијални, но веродостојни информации, до кои дојде „Слободна Далмација“, Грците биле незадоволни затоа што Хрватска го признала македонското национално малцинство и Македонската автокефална православна црква.
Тие се закануваат дека ќе им ги блокираат преговорите на Хрватите затоа што во документите за правосудството се спомнува македонското малцинство.
Дека на патот кон ветената Унија проблеми ќе прави Грција во хрватското Министерство за надворешни работи ништо не знаат. Барем така вели портпаролот Марио Драгун.
Македонија и е трн во око на Грција. Во Април и застана на патот за влез во НАТО. Исто така го кочи и нејзиното напредување во преговорите со ЕУ, па Македонија со години чека датум за почеток на преговори.
На Грците им пречи тоа што Македонија се вика Македонија, затоа што, според нив, Македонија има претензии кон нивната територија. Освен тоа, Грција на своја територија не го признава словенското малцинство, кое всушност го сочинуваат Македонците.
Според Европската комисија во овој момент за Хрватска требаше да бидат отворени сите преговарачки поглавја за до крајот на годинава технички да се заврши со преговорите, а членство се очекува во 2010. година.
Што се однесува до правосудните реформи и борбата против корупција состојбата се движи во добра насока, но сеедно кога еве една земја, а тоа не е Словенија, може да го блокира отворањето на ова поглавје за Хрватска, пишува Слободна Далмација.
и за ова ние криви..