Уште поубаво вака.
Да останат сите со посрани фаци на трибини.
Браво за Саутгејт, остави три 20 годишници да одлучуваат репрезентативна утакмица, со најголем притисок во последните 50 години.
Заслужена титула за Италија. Браво, покажуваат што значи вистинска фудбалска велесила. Историска фудбалска велесила, а не ваков исфорсиран pretender од неписмени навивачи. Никој не ги ставаше во група на фаворити на почеток на првенство, отпишани, а го изиграа најдобриот фудбал овој турнир.
Само ќе се поклонам пред г-н Манчини. И нема збор да кажам за неговите тренерски квалитети повеќе. Очигледно најдобриот тренер првенствово.
Да го освоеа Англија првенствово, ќе беше најнезаслужено освоена титула, на едно големо натпреварување, откако ја гледам фудбал. Инфериорни беа финалево. Доминирани. И тактички и технички.
Ако сакаат резултат и конечно да го донесат фудбалот дома, место како морони да досаѓаат пред секое првенство, треба да најдат подобар тренер од Саутгејт.
Имаат добра, млада генерација, многу талент во ростерот, ама треба да го користат максимумот од играчите кои им се на располагање. А тоа, мислам дека, не може да го направи англиски тренер.
И да, ПЛ фанови, малку повеќе скромност во иднина.