4 бода ни требаат. Прво мора Украина да се тепа, да навиваме Холандија да ја тепа Австрија, па во последно коло евентуално да ни излезат со ротиран состав и некако да извлечеме бод. Тешко, многу тешко, но наше е да се надеваме.До пред нашиот натпревар тврдев дека ќе поминеме група и ќе тераме до осминафинале, сега после натпреварот ни јас не знам.
Што мислите ќе поминеме група ?
Не е ни тоа.Арнаутовиќ е Ибрахимовиќ за сиромашни?
Значи вака, да не глумиме лажна скромност.Драга, на секој турнир каде учествува Македонската репрезентација се појавуваат повеќе тренери од што има играчи. И после пораз вакви такви онакви. Све испод титула да ти било разочарување. За мене секоја партија на Македонците во турниров е успех и играчите после тешкиот пат заслужија секоја поддршка па и да изгубат. Ај уште некој ден па ќе изчезнат 90% од тренериве толку брзо колку што се појавиле.
Извини, за џабе ме цитираш во сосема друга тема. Не ја сфати поентата. Иначе не мислев на никого овде во форум не знам што зеде лично.Значи вака, да не глумиме лажна скромност.
Ако ти си задовлен со успехот на Македонија да влезе на Европско, тука треба да запре секое твое коментирање од ваков вид.
ВЕЌЕ СМЕ ВЛЕЗЕНИ НА ЕВРОПСКО, ИГРАМЕ и овие утакмици МОРА ДА СЕ ИЗИГРААТ, не може да биде успех СЕКОЈА ПАРТИЈА, затоа што тие веќе ги имаме заслужено да ги изиграме.
Многу нормало е да очекуваме подобра игра, подобар пласман, поминување на група... особено откако изигравме таков меч против Германија.
Така да, ве молам, стоп за глумење лажна скромност и ако сте задоволни само со успехот за влез во Европско, престанете да коментирате затоа што тој успех е веќе завршен