Ја искочив на тераса додека траеше фудбалот и надвор беше ко да има полициски час! Сите си навивале за црвено жолтите.
Инаку супер беа дечките. Борбено, пожртвувано и храбро. Можеби малку стегнато да, ама стварно немам замерки. Мислам дека во поглед на квалитетот на играта беа нашите подобри, а и имаа доста повеќе шанси за убави погодоци. Сепак, на крај не се бројат шансите туку погодоците. Како и да е, немам некои преголеми очекувања за пласман, чисто онака убаво ми е да гледам и да навивам за нашата репрезентација. А и да го читам тестостеронот низ темиве за европско на форумов! Има многу интересни забелешки и вицкасти досетки и често пати знаат да ми го разубават денот онака позитивно.
И ништо не е загубено нели, тек смо почели...