А веќе тие што натурализираа голем аир видоа од нив.Се гледа кој дух владее во оваа репрезентација, сите до еден составени од македонци мислам дека таков го сакаа и тренер, голем удел има и тоа што не го донесоа Червар.
Тоа што Червар не е селектор нема врска со тоа што сите се Македонци во составот. Во минатото селектори ни биле Веселин Вујовиќ и уште еден од Вардар само не ми текнува како го викаа Драган ли беше или што го знам.
Тоа што Лино не е селектор е поради односот во федерацијата и ривалството меѓу Металург и Вардар. Претседателот на Вардар Михајло е претседател и на РФМ. Минчо не успеаа да стане претседател на РФМ, пошто Михајло со низа превари успеа да го наследи Трифун. Затоа Минчо почна да врши притисоци во репрезентацијата па и директно ќе го обвинам како виновник (мада и Михајло има вина пошто тераа инает и двајцата) поради тоа што од 2009 до сега пропуштивме две првенства. Металург не почна да не ги пушта играчите на тренинзи на репрезентација, се направи бунт против Савески, се посрамотивме на предквалификациите во Турција и дојдовме на лошо дереџе, наместо одма по Хрватска да направевме одличен тим ние изгубивме 3 години...
Инаетот меѓу Михајло и Минчо конечно спласна годинава. Михајло нема веќе толкава моќ. Минчо ги има сите гзоличаи зад себе сега. Истите порано лижеа гз за парите на Михајло, сега истото го прават кај Минчо. Ги фати сите судии, Начевци секој ден се со него во кафана, па водството во репрезентацијата му е предадено на Минчо и на Металург.
Червар требаше да бисде селектор, ама Металург несакаа дур не им се предаде целосно репрезентацијата да го дадат за селектор. Ете се случи и тоа, а зошто го оставија пиунот Шундовски а не нивниот главен предводник е друго прашање.
И Лино има доста грешки со Металург откако е нивен тренер. Години уназад губат добиени утакмици во елиминациските натпревари. Вложуваат премногу пари а резултати имаат само годинава. Работат доста професионално, па уште во помлади категории најдобрите играчи земаат по 150 евра месечно. Професионалците после не земаат под 2 000 месечно.
Лани се посрамотија во ЛШ, кога во квалификациите ги изгубија сите мечеви. Годинава стигнаа вака далеку поради лесната група. И да не беше Лино тренер, пак ќе ја поминеа групата ама можеби не со таков учинок на домашен терен. Ниту Лино не успеа да ги скроти на гостувањата. Извадија сдамо нерешено на добиен меч со Санкт Петерсбург, изгубија добиен меч со слабата Констанца, загубија во Германија што е доста очекувано...