Душеци

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.895
Поени од реакции
37.008
Зедов душек од Dormeo Аloe Vera Plus Memory. Вечерва прв пат ќе го испробам а ако користи некој ваков нека пише искуство зошто јас со вакви работи искуство немам.

Прво зедов надушек Оctasmart Premium, и од истиот модел перница. Мислев ајде ќе биде добро и да не плаќам поскапо ама надушек на стар душек не е тоа тоа. Надушекот некако не легнуваше добро на самиот душек Го вратив за 5 дена.
Перницата испадна добра бидејќи сакам перницата да не толку мека.

Предходно имав некаков душек италијански со внатре целосно федери но бидејќи спиеше на него брат ми и од тежина на се има направено дупка.

Никогаш повеќе не би земал душек со федери затоа што кога ќе се амортизира поточно искриват од тежина се слуша малку крцкање кога се вртиш.
Немаш грешка со душекот, ќе се препородиш, ќе видиш. Уште вечер можеш да осетиш разлика. Со здравје да го користиш. (y)

Единствено, не знам како стојат сега со цени зашто Студио Модерна полека пропаѓа, ама на времето беа доста скапи и истите душеци за многу помали пари можеа да се најдат на друго место, како Комодита, на пример. Колкав е со димензии и колку го купи?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.788
Поени од реакции
8.209

Фала да си дочекаш поубав.
Димензии 90×200

Да се надоврзам што пиша пропаѓаат. Лани се пишуваше дека се продале на кинески газда но дали е тоа така не знам. Гледам Топ Шоп често прават некакви акции и поголема минутажа имаат на тв за продажба на нашиве телевизии за разлика од Комодита.

Сега е развиено па повеќето фирми што прават душеци може слични вакви душеци да прават но јас одев на Дормео затоа што многумина ги фалат а имам пробано други модели од Дормео и биле супер. Немам големо искуство за да кажам дека е па премногу добар.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.895
Поени од реакции
37.008
90×200

Лани се пишуваше дека се продале на кинески газда. Гледам Топ Шоп често прават некакви акции и највеќе минутажа имаат на тв за продажба на нашиве телевизии за разлика од Комодита.

Сега е развиено па повеќето може слични вакви душеци да прават но јас одев на Дормео затоа што многумина ги фалат а имам пробано други модели од Дормео и било супе.
Па не е до таа мера скапо ко што беше, ама пак се поскапи од Comodita. Еве со исти димензии, одличен душек. Јас ги имам овој, ама за на брачен кревет, значи двојно поголем.

1734624859939.png
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.788
Поени од реакции
8.209
Па не е до таа мера скапо ко што беше, ама пак се поскапи од Comodita. Еве со исти димензии, одличен душек. Јас ги имам овој, ама за на брачен кревет, значи двојно поголем.

Прегледај го приврзокот 438765
За брачен ќе се размислува понатака.

Е сега подобро ќе беше доколку имав и летвички доле а не цела даска, но добро барем има дупки во даската за што викаат да дише душекот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.884
Поени од реакции
42.568
Ги гледав овие летоска, цениве многу дигнати. Па си земав од Велеа хоум и душек и кревет за 14к. Ист ваков 90x200 од мемори пена. Само што мојот беше едностран, долниот дел има вградена основа. Мемори пената добро се држи по неколку месеци и не пропаднал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom