Душеци

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Ако ми веруваш, спремен со пари тргнав да го земам Memory душекот.
Како што излагам од работа, колега ми го направи најсељачкиот муабет, "абе не зимај од Комодита, не ги бива."
На прашањето зашто не ги бива, не добив никакво објаснување, туку само дека биле од Косово хахаха.
И сега знаеш коа ќе ти направи некој second guessing без врска, и се мислам дали да го земам душекот.
Го зема ли?
 
Дечки едно мислење за амеро виско лајн или за симпо со надушек
 
Најисплатливо е ефтин душек и да го мењаш на секои 4-5 години...

Пошо скапиот исто толку му е животот, макс 10 години
 
А од каде дај препорака

Од овде види а нарачај во нивната продавница во Градски ѕид, на крај на Партизанска. Работат 10-18ч пон - пет. Јас нарачав Ерго педик 190х90 за 13.800 ден, се чека макс 20 работни дена за испорака. На лежење ни се виде ок у салон.

Најисплатливо е ефтин душек и да го мењаш на секои 4-5 години...

Пошо скапиот исто толку му е животот, макс 10 години

Неточно, имам Фили Филипович 11-та година, го платив 24.000 ден и уште е добар. Кристина Дамил ги продаваа, сега ќе ги продаваат Југоекспорт стил, и сигурно цените ќе бидат плафон, за жал.
 
Сакам да го сменам моменталниот душек што е во гарнитура која се спушта.
Така да душекот ќе бидр константно подложен на виткање.
Во една од продавниците за душеци прашав за наддушек продавачот ми кажа дека такво користење виткање ќе му го намали векот на користење и нема да е удобен и ќе се оштети со време, е сега колку време тоа ќе биде дали неколку месеци не знаеше да прецизира.

Доколку некој има искуство со ваков проблем нека ми даде совет, затоа што незнам што да барам и од каде да почнам и од каков материјал да биде?

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
дормео наддушек имаш, 4 или 5 цм. Тие не губат при виткање. Иако можеш да го чуваш у друга соба ако имаш и да го местиш пред спиење.
 
Другар во такви душеци како што ги кажуваш се чуваат само пари ,тие душеци се измислени за чување кеш.
 
дормео наддушек имаш, 4 или 5 цм. Тие не губат при виткање. Иако можеш да го чуваш у друга соба ако имаш и да го местиш пред спиење.
Ги гледав меѓутоа они се за виткање, мене ми треба за на преклоп така да можно е тие да се оштетат.
Баш сега гуглав мене ми треба на 3 преклопувања, меѓутоа дормео и велеа хоме немаат.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
Ги гледав меѓутоа они се за виткање, мене ми треба за на преклоп така да можно е тие да се оштетат.
Баш сега гуглав мене ми треба на 3 преклопувања, меѓутоа дормео и велеа хоме немаат.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
Таков душек нема да најдеш по Дормео и слични продавници, зашто не се обидеш по фирми што произведуваат тука мебел, како Пункт, Јумис, Мебел-Ви итн...
 
Ги гледав меѓутоа они се за виткање, мене ми треба за на преклоп така да можно е тие да се оштетат.
Баш сега гуглав мене ми треба на 3 преклопувања, меѓутоа дормео и велеа хоме немаат.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk

На 3 преклопувања имаш надушек во Комодита .
 
Зедов душек од Dormeo Аloe Vera Plus Memory. Вечерва прв пат ќе го испробам а ако користи некој ваков нека пише искуство зошто јас со вакви работи искуство немам.

Прво зедов надушек Оctasmart Premium, и од истиот модел перница. Мислев ајде ќе биде добро и да не плаќам поскапо ама надушек на стар душек не е тоа тоа. Надушекот некако не легнуваше добро на самиот душек Го вратив за 5 дена.
Перницата испадна добра бидејќи сакам перницата да не толку мека.

Предходно имав некаков душек италијански со внатре целосно федери но бидејќи спиеше на него брат ми и од тежина на се има направено дупка.

Никогаш повеќе не би земал душек со федери затоа што кога ќе се амортизира поточно искриват од тежина се слуша малку крцкање кога се вртиш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom