На која религија е ова став?
На православната вера, всушност претставува надополнување на православната вера бидејки сосема е логично дека некои работи стануваат појасни со напредокот на науката.
Животот е краток и ограничен. Смрта е Конечна. Постоењето на човекот е ирелевантно за универзумот. Човекот постои поради игра на случајноста. Чиста статистика аномалија кој вели дека е поверојатно да постои од не. Смисла на животот е дека организација на хемијата во твоето тело е постабилна од хаосот. Чиста игра на веројатности и хемија е животот. А смрта е неопхода за да продолжи видот и да се затвори кругот на исхрана. Постоиш само поради тоа што твојот број е излечен на бингото на биохемијата...Причината за смрта е чиста лотарија на животот. Постоиме само за да дадме доволна статистичка маса на различни податоци за да може видот да биде доволно флексибилен за да опстане во средината.
Ако твојот разум а и твојата душа , може да се задоволи со горенаведенава филозофија немам што повеќе да кажам. Јас лично не се задоволувам со игра на случајноста нити дека човечкото постоење е безпричинско и постои само како случајност од стихијата на нештата. Ниту со некаква си лотарија на животот, за мене тоа објаснување врз основа на она што сум го прочитала до сега е просто смешно.
[/quote]И никако неможам да сватам што е целта на нашето постоење и живеење, би сакал некој да ми каже и објасни ќе му бидам благодарен ?
[/quote]
Зошто мене ме цитира ке се обидам да одговорам.
Целта на живеењето ..колку филозофии толку цели... и идеи.. Сметам дека главната апсолутна вистина во која што човекот треба да верува треба да му го обликува животот и идеите, бидејки јас сум православна и сум верник (не по традиција туку по моја сопствена , лична убеденост ) верувам во нејзините цели ( овај термин ми звучи малку менаџерски би го заменала со идеја
) Значи почнувајки од идејата за безсмртноста на душата која ја задржува нејзината целовитост , чувствата и мислењето а не се расплинува во некаква си општа форма на енергија (после смртта) е за мене и рационален а и од духовен аспект прифатлив одговор.
Воскресението, љубовта концепирана преку истата оваа вера, големиот број светители и најпосле чудата кои се јавуваат постојано во православниот свет. Мошти на светители кои не се распаднале после пет или шест века,.. за сето ова може одделно да се дискутира..споредувајки ги другите вери со нашата ама не нудат баш ништо, дури и размислете нема религија( како држава) што нема војувано во име на нивниот Бог освен православната, крстоносците војуваа за папата со цел ослободување на христовиот гроб а всушност војуваа против православните, а османлиите да не ги ни споменувам -Достоевски имаше споменето една мала случка од страна на ликот Иван Карамазов ( за турците) вели: некаде таму во Бугарија ( Македонија?) турците ги распорувале утробите на мајките и ги ваделе сеуште неродените бебиња..тоа не го може ни ѕвер, ѕверот нема толкава креативност при убивањето... една религија створува слика за една нација, колку и да велат дека се подложни на стереотипи, работите што се повторувале не створуваат слика само за нацијата туку и за верата.. .. Секако дека има и поединечни случаи и кај нас- во периодот Византиското царство на пример но треба да се прави разлика помегу поединечен случај и општа слика!
Малку забегав од темата ама ми се чини дека се некако се исповрза.. А Атеизмот за мене е веќе надмината тема, на фб напишав дека повеќето се атеисти оти со атеизмот некако се провлекува некој тренд на напредок и протагонизам што нема врска а тие сакаат да бидат кул и во тек со времето