Абе добро...
Лезбејка била и лошо отсвиреле и отпеале...
Да даеме шанса на нешто да пркне....мислам, не сум фан, ама да има нешто многу избор за пребирање, па да се глуми некоја префинетост....ние имаме долги години, естрада (да ја наречам) шо е за греота, буквално.
Луѓево не го измислиле овој тип музика и не се оригинални - рециклирање е, ама не е тоа лошо или трагично. Еве ќе споредам вака - свиреше после нив Влатко, стар волк, со поосмислен настап, два хора, чоек што кариерата му е базирана на жив настап. Звукот на манифестацијата беше лошо сетиран и инструментите беа потивки од вокалот што посебно дојде до израз кај Дупер, а и кај Џафер. И Џафер пее високо, што за маж е помалку својствено (мене како вокал и појава ми е коректен, ама реално нема некој голем музички учинок за награди онакви - ама тоа е друга тема за идиотската манифестација).
Е сега, околу високиот глас...јас израснав у Тафталиџе, која е стара фанкерска населба. Тука имаше цел култ, би го нарекол, 80-ти години многу ликови што собираа плочи, такви журки се правеа (јас нешто малку памтам од тоа, поише од муабети). Карактеристични беа од тоа време Earth, wind and fire, Quincy Jones, па и Curtis Mayfield, мада он е поише у соул фазон, ама е дел од таа "црнечка култура"...они пееја со специфичен висок машки алт (мислам алт дека е) и беа поприлично популарни сите овие. Quincy е продуцент на најуспешните албуми на Michael Jackson на пример. Тоа е еден елемент кој го приметувам у песнове на Дупер. Во студио убаво го избалансирале вокалот да иде потивко, ама немаат искуство за вакви настапи и некој мамлаз од музичко-сценски техничар ги зезна, па вие ги ругате сега.
Друго, приметливо е влијание на оној тип на гитарски рифчиња на Nile Rodgers, што пак ќе кажам - не ми смета, не е ужасно лошо. Кога може Влатко да тера цел живот со преработки на Александар Сариевски и народни песни, зошто да не може ова....со тоа што Влатко е од друго време, вежба и работи ко луд....сеа, несоодветна е споредбава, ама не знам дали сте му ги слушале последниве албуми - не е од Дупер многу далеку - креативно мислам, не технички.
Зборот ми е, дајте им шанса, не коментирајте малициозно. Ги вртеле радијава, хајп нереален....карлеуша и брега со тој ритамот сељачки уште ли да ми ги масираат жлездиве?....нека тера нешто наше.