ќе бидам малце критичен(не ме тепајте аман !). скоковите никако да ги оправиме,не знам дали е до селекторот,ама тука ќе го поставам прашањето,исто играта во напад повеќе беше дај му на Владо или пак на Бо - шо знаат нека прават........иначе поставеноста во одбраната беше фантастична...
Ништо нема лошо во малку конструктивна критика.
Да бидам искрен и јас одамна сакав нешто на оваа тема да напишам ама не биваше пред да заврши првенствово.
После битката сите се генерали (
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
), ама морам да кажам, мислам дека Марин не зема доволно тајмаути и генерално често нема „осет„ дека пропушта прав момент за тајм аут.
Ги гледаме противничките тренери како веднаш земаат тајмаут кога гледаат дека се менува моментумот на играта, Докузовски обично чека барем уште неколку поени или често воопшто и не се решава на тајм аут. На крај на полувреме скоро никогаш не зема тајм аут за да го организира последниот напад (и за да ги искористи неупотребените тајмаути). Ова го видовме и денес пред крај на првото полувреме... и како резултат на тоа Дамјан шутираше тројка од пола терен со човек пред него, наместо да се изигра извежбана акција со блок и со се...
Го видовте вечерва Шпанецот како на предност од 15+ поени зема тајмаут да го запре моментумот на два врзани кошеви на Французите, и како на 27 секунди пред крај на полувреме зема тајм аут да го организира последниот напад иако води со голема разлика. Ви текнува како против Словенија, Марин упорно не зимаше тајмаут уако предноста му падна од 15+ на 2-3? (и упорно го држеше Антиќ на клупа, ама тоа е веќе друго)
Не знам дали се водат статистики за тајм аутите, ама се кладам во што сакате дека Докузовски убедливо води во најмалку земени тајмаути.
Друга критика (ќе се задржам само на последнава утакмица) е неменувањето на одбраната во последните 2-3 минути, кога стана јасно дека Русите одат на влезови преку бековите и искористување на мисмеч на бранителите (пример Швед против Бо, 195 против 168 сантиметри). Требаше да се иде на удвојување на бековите од некој од надворешно поставените бранители, и макар да се измени/стави Бо да го брани Биков а Илиевски на Швед (иако и Биков е висок, 190см).
За скоковите инаку не можеме да се лутиме, тоа ни е слаба страна на тимот -немаме доволно вискои играчи, а тие 3-ца што беа на располагање мораа да се чуваат од лични грешки и беа претерано претпазливи што резултираше со толку малку скокови. (иако можеме да го критикуваме селектирањето на 2 играчи што воопшто не влегоа во игра цело првенство... барем наместо нив да беа земени некои повисоки, па макар и понеквалитетни играчи).
Русите овојпат (несомнено поучени од тактиката на Шпанците) форсираа игра под кош за да изнудат лични грешки и целосно да капитализираат од недостаткот на резервни центри и високи крила.
Малку критика секогаш треба да е добродојдена за да не се заспие на ловорики. Не навикнаа нашиве на успеси сега
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Инаку, се на се одлично, историски успех... браво за момците и да продолжат вака! (и подобро
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
)