Другарство, па љубов, па пак другарство. Дали е можно?

R

reactive89

Гостин
Ако двајца по раскинувањето се другари - или никогаш не се сакале или љубовта никогаш не згаснала.
Ха, а што би требало да значи ова?! Ко во превод, раскини и не му/и кажувај ни здраво понатаму ако го/ја сакаше...
НЕЕЕЕЕЕ... не сум за тоа ич, многу сум против тоа... премногу...

Може но само доколку престанат чувствата од двете страни, доколку едната страна чувствува љубов, пријателството би било уништување за тој што чувствува љубов...
Па подоцна со тоа чувствата ќе му паднат на другарско ниво и на крај пак ќе бидат другарчиња, среќни, задоволни и радосни до крајот на својот живот... (ова звучи ко во бајка... до крајот на својот живот, хахахаха) :)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ха, а што би требало да значи ова?! Ко во превод, раскини и не му/и кажувај ни здраво понатаму ако го/ја сакаше...
НЕЕЕЕЕЕ... не сум за тоа ич, многу сум против тоа... премногу...
Има разлика меѓу пријател и другар.

И не викам дека е сосема точна реченицата,но во поголемиот дел од случаите кои јас сум ги видела и ситуациите на кои сум сведочела се покажала точна до крај.

И убаво вика реченицата : Или никогаш не ја сакал личноста (се мисли на онаа права вистинска и љубов која не се преболува) или љубовта е се уште присутна.
 
R

reactive89

Гостин
Има разлика меѓу пријател и другар.

И не викам дека е сосема точна реченицата,но во поголемиот дел од случаите кои јас сум ги видела и ситуациите на кои сум сведочела се покажала точна до крај.

И убаво вика реченицата :Или никогаш не ја сакал личноста (се мисли на онаа права вистинска и љубов која не се преболува) или љубовта е сеуште присутна.
Абе има голем дел точен од реченицата али сепак има некои незнам како да ги наречам, ај нека се багови во реченицата каде што и пример не се исполнува до детал односно цела..
Жив пример јас, идев со една, преееееееееееееемногу ја сакав...дури повеќе од самиот себе, и она мене (може малку помалку) но раскинавме...можам да ја наречам прва љубов иако пред неа сум идел со уште 1 или 2... ете се деси да раскинеме, и до ден денес сме најблиските другари ипак... има дечко, го запознав... збориме за се, ме прашува за совет и давам совет, ми кажува проблем ако има, и помагам да го реши... сакам да кажам дека сме пак блиски и се чувствуваме ко брат и сестра иако меѓу нас имало нешто повеќе... ме сфаќаш? одвреме навреме знаеме да се зезаме, и да си кажеме еееех во времето коа бевме заедно подруго беше за некои работи/проблеми/решенија/или уз тема ако се приклапа за да се насмееме во таа конотација...

па сеа тука јас би те прашал, каде се наоѓа таа реченица во овој случај?! :)

А за разлика помеѓу пријател и другар има, дефинитивно има!
 
MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
За какво жртвување збориш?
Што треба да се жртвува за да го задржиш другарството со некоја личност?

Мислиш дека некој што те сакал искрено не може да ти биде вистински другар?
Напротив, најдобар другар може да ти биде.
Болдираново е точно точно преточно!! Најдобар другар ми е бившиот и си имаме речено дека никој и ништо не може да не спречи да се дружиме и понатаму!
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Абе има голем дел точен од реченицата али сепак има некои незнам како да ги наречам, ај нека се багови во реченицата каде што и пример не се исполнува до детал односно цела..
Жив пример јас, идев со една, преееееееееееееемногу ја сакав...дури повеќе од самиот себе, и она мене (може малку помалку) но раскинавме...можам да ја наречам прва љубов иако пред неа сум идел со уште 1 или 2... ете се деси да раскинеме, и до ден денес сме најблиските другари ипак... има дечко, го запознав... збориме за се, ме прашува за совет и давам совет, ми кажува проблем ако има, и помагам да го реши... сакам да кажам дека сме пак блиски и се чувствуваме ко брат и сестра иако меѓу нас имало нешто повеќе... ме сфаќаш? одвреме навреме знаеме да се зезаме, и да си кажеме еееех во времето коа бевме заедно подруго беше за некои работи/проблеми/решенија/или уз тема ако се приклапа за да се насмееме во таа конотација...

па сеа тука јас би те прашал, каде се наоѓа таа реченица во овој случај?! :)

А за разлика помеѓу пријател и другар има, дефинитивно има!
Ама ако е вистинска љубов, ти може ќе глумите дека сте пријатели или другари,ама нема да бидете само ќе се преправате.
Ако е вистинска и права љубов - никогаш нема да ја гледаш како другарка.И може ќе слушаш за нејзините дечковци/мувачи,ќе бидеш среќен затоа што е среќна,ама нема да ја гледаш како другарка.

Иако реков и претходно,исклучоци постојат.Најмногу зависи начинот на кој е раскината врската.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Има едно непишано правило (со кое не се согласувам) дека вистинската љубов трае вечно, т.е. после ваква љубов, другарството е невозможно.:toe:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Мислев дека не е можно .... ама не бев во право
 
Беше вистинска љубов, беше прва љубов, тоа го тврдам зашто го познавам случајот перфектно... нема и немаше преправање во ништо... сепак после тоа ете не пак, најблиски другари...
јас ќе надополнам само: се зависи и од желбата да се оствари таа другарска врска после љубовната... ако е преголема желбата да се стане најблизок другар/ка тогаш и ќе се оствари, а ако е некоја рамнодушна или не толку голема желба за истото, нема баш да се резултира со добар резултат како кај таа желба која е толку голема и за која се залагаш вистински!

Ја идам да нанам, причина - читај драга кајгана...
добра ноќ и слатки соништа на сите, утре продолжуваме дајле :) хехехе
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не верувам дека на 17 и 18 години било кој имал искуство со вистинска зрела љубов,така да...
 
R

reactive89

Гостин
Има едно непишано правило (со кое не се согласувам) дека вистинската љубов трае вечно, т.е. после ваква љубов, другарството е невозможно.:toe:
Се согласувам со тебе, дека не се согласувам со реченицава :)

GeGo напиша:
Мислев дека не е можно .... ама не бев во право
Ете глеаш можно било... хахахахахаха :smir:

ај сеа стварно добра ноќ :)

Не верувам дека на 17 и 18 години било кој имал искуство со вистинска зрела љубов,така да...
Се зависи од карактерот, зрелоста и сериозноста кон таа работа на личноста... :smir:

Јас пак се согласувам... причина -> поради тоа што ја почувствував :smir:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Реактив не велам дека не е можно да почувствуваш љубов, само на 17 и 18 години во секој случај не можеш да дефинираш што е вистинска љубов.
Ти треба далеку поголемо искуство од 5 - 6 врски и две - три луди затрескувања.
И јас бев од оние кои летаа во облаци и мислев дека знам што е вистинска љубов, т.е дека можам да дефинирам што е вистинска љубов, додека не сфатив дека јас всушност ништо не знам.
Сега мислиме дека се знаеме. Потребни ти се уште години и уште искуство за да дефинираш или да дознаеш што е вистинска љубов.
И доста веќе забегавме!
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Кажав еднаш на форумов и пак ќе кажам-љубов си е љубов.Или е љубов или не е љубов.Нема вистинска, нема лажна.
Нема потреба од дефинирање вистинска љубов.Тоа е љубов.А дефиницијата за љубов барајте ја преку тоа што го чувствувате.

Не можам да сфатам зошто вистинската љубов толку ја правите посебна, нешто што трае вечно, морала да биде возвратена, голема колку небото и слично...

Ако некој ти вели дека се заљубил, да-можно е да биде само затрескан и да се залажува дека е љубов но со текот на времето тој сам сфаќа дали било или не било љубов.Нема место за зборовите вистинска...зашто ако не е вистинска би била лажна љубов...А овој поим-лажна љубов мислам дека е потполно бесмислен...

Можеби е офтопик ова но...морав.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
429
Поени од реакции
7
Da.Mojot bivsi decko mi e i drugar i imame samo drugarski odnos pomegu nas nisto poveke
 
K

kat.<3

Гостин
дури и да заврши се и да остане болка во срцето, кога знаеме во себеси дека на тој човек му ја посакуваме целата среќа на светот, зошто не би можел да биде драг другар, еден кој секогаш знае да каже убави зборови, некој кој сеуште се грижи, за кој ние не можеме никогаш да се грижиме помалку, кога не останува никаков прекор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom