Постои другарска љубов и тоа мислење никој не може да ми го промени. Зошто имам јас мое лично искуство.
Со другар ми се знаеме од наши 7 години. Заедно сме јаделе, играле, учеле, пишувале домашни, заедно растевме. Ми беше и партнер на матура. Го сакам како брат и тоа ништо не може да го промени. Никогаш не ме привлекувал како дечко, ниту сум го гледала со такви очи. Не може никаква љубов освен другарска да се деси помеѓу нас, зошто нема да дозволам да си го уништам пријателството. Ми кажа за тајна која ја знае само уште една личност, ми има и кажано уште една која никој не ја знае. Му имам и јас споделено една тајна лично моја и во него имам доверба.
Поентата ми беше дека постои пријателство меѓу машко и женско колку и да изгледа невозможно тоа денес, ама е ретко или завршува со љубов и потоа со разделба, ама во мојов случај тоа не е така.