Дрога ( Наркотични дроги )

I

Intex

Гостин
Муабет од интересен човек:

дрогите се нелегални од проста причина што не се за секој. Не треба секој да има пристап до нешто која има толкава моќ. Нормално, владите вика не размислуваат на тој начин, ами дека ако секој има пристап ќе си нанесе штета сам себеси. Алкохолот што е легален која штета ја причинува, а не пак ова кое е толку моќно, прост човек може да го дотера до питачки стап. Затоа, со тоа што е легално, оној кој е доволно паметен и снаодлив, ќе може да го најде и да го користи. Ама, како што во се има исклучоци, и во ова има, и може да му дојде на дофат на некој кој не е за тоа, и ќе наебе.

Паметен човек никогаш не би си дозволил да стане зависник од дрога, оти тој има контрола над ситуацијата, а не ситуацијата над него. И можеш да го земаш со месеци било кој наркотик кој создава као демек зависност, едно сабајле да се разбудиш и да кажеш дека не го земаш. Оти тоа, а и се друго, ако си доволно јак психички, го правиш или не го правиш. Ако престанеш да го правиш, ќе се манифестира неколку дена физички со некакви последици, и поради недостаток на хемиски супстанци, ќе се одрази и на твојата психичка состојба со цел организмот да ги излачи сам хемикалиите. Ако си доволно јак, ќе се избориш со психичката промена и ќе фураш без гајле.
 
G

galaxy

Гостин
Муабет од интересен човек:
...

Човекот изгледа нема слушнато за физичка зависност.
http://en.wikipedia.org/wiki/Physical_dependence
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Позависно нешто од хероин нема! За тоа е и скап. За тоа зависниците се би направиле дури и убиства за да дојдат до пари за да го купат. Подалеку од хероин, кокаин и лсд.
Ме интересира како го направи изборов на дрогиве?
Ај хероин ок, пошто е опиоид и создава многу силна физичка и психичка зависност, ама ни ЛСД ни кокаин не создаваат физичка зависност. Башка кокаинот има голем дозен интервал, односно можеш да експириментираш со тоа колку грама или милиграма консумираш. Алкохолот е поопасен ако си вистински зависен од него отколку кокаинот.
 
I

Intex

Гостин
G

galaxy

Гостин
И можеш физичката зависност од цигари да ја решиш со станување едно сабајле и помислата „од денес не пушам“ и да ги откажеш? Или со алкохолот?
Не, организмот е физички променет и после невнесувањето се појавуваат физички симптоми, апстиненцијален синдром, кој се состои од психичка екцитација, агресивност, тремор, грчеви.
Тоа што го кажуваш „од денес не примам ...“ е совладување на психичка зависност, но и тоа е само теоретски зашто во пракса одвикнувањето е исто толку тешко како при физичката зависност, се разбира зависи од потенцијалот на супстанцата за предизвикување зависност и толеранција и од психичкиот склоп на личноста.
BTW Колку што знам цигарите не предизвикуваат физичка зависност.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ме интересира како го направи изборов на дрогиве?
Ај хероин ок, пошто е опиоид и создава многу силна физичка и психичка зависност, ама ни ЛСД ни кокаин не создаваат физичка зависност. Башка кокаинот има голем дозен интервал, односно можеш да експириментираш со тоа колку грама или милиграма консумираш. Алкохолот е поопасен ако си вистински зависен од него отколку кокаинот.
Џабе везеш немаш ти пари за кокаин, а ЛЦД тешко и да најдеш, само трава пушиш :pos:
 
B

Black Guard

Гостин
Не, организмот е физички променет и после невнесувањето се појавуваат физички симптоми, апстиненцијален синдром, кој се состои од психичка екцитација, агресивност, тремор, грчеви.
Тоа што го кажуваш „од денес не примам ...“ е совладување на психичка зависност, но и тоа е само теоретски зашто во пракса одвикнувањето е исто толку тешко како при физичката зависност, се разбира зависи од потенцијалот на супстанцата за предизвикување зависност и толеранција и од психичкиот склоп на личноста.
BTW Колку што знам цигарите не предизвикуваат физичка зависност.

Затоа постои бупренорфинот,многу фален лек е но сепак за зависник од опијати пресудно за лечење е волјата.
--- надополнето: 22 февруари 2012 во 17:07 ---
Џабе везеш немаш ти пари за кокаин, а ЛЦД тешко и да најдеш, само трава пушиш :pos:
Мислиш на лидокаин,бензин и сулфурна киселина.
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Не, организмот е физички променет и после невнесувањето се појавуваат физички симптоми, апстиненцијален синдром, кој се состои од психичка екцитација, агресивност, тремор, грчеви.
Тоа што го кажуваш „од денес не примам ...“ е совладување на психичка зависност, но и тоа е само теоретски зашто во пракса одвикнувањето е исто толку тешко како при физичката зависност, се разбира зависи од потенцијалот на супстанцата за предизвикување зависност и толеранција и од психичкиот склоп на личноста.
BTW Колку што знам цигарите не предизвикуваат физичка зависност.
Епа предизвикуваат. Никотинот се врзува за клетките и доколку се прекине со пушење по подолг временски период се јавува апстиненцијален синдром. Е сега не грчеви ама психичка ексцитација, агресивност и тремор - сигурно.
--- надополнето: 22 февруари 2012 во 20:58 ---
Џабе везеш немаш ти пари за кокаин, а ЛЦД тешко и да најдеш, само трава пушиш :pos:
Пеки, имаш вистина во постот. Ама јас не реков дека консумирам нешто од наведеното. Јас од фармаколошки аспект објаснив што и како е.

Едно време си направив филм дека можам да си направам ЛСД, поради тоа што имав пристап до лабараторија и солидно познавање на хемијата, ама после тоа ми помина.

За редовна употреба на кокаин ретко кој има пари во државава, со оглед на цената што ја има. Можеш само да се почастиш во одредени прилики, ама да консумираш такви количини кои водат до тешки последици - јок. Тоа е убавината на сиромаштијата :icon_lol:
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Едно време си направив филм дека можам да си направам ЛСД, поради тоа што имав пристап до лабараторија и солидно познавање на хемијата, ама после тоа ми помина.

За редовна употреба на кокаин ретко кој има пари во државава, со оглед на цената што ја има. Можеш само да се почастиш во одредени прилики, ама да консумираш такви количини кои водат до тешки последици - јок. Тоа е убавината на сиромаштијата :icon_lol:
Од LSD може нема да станеш зависен, но постои ризик да се промени психата. Доколку се конзумираат мали дози може да биде рекреативна, но високи дози кои траат со денови, умот ќе се поремети дефинитивно.
Познавав човек кој од кофеин го претвара во кодеин и т.н. во која форма сака таа..
Тука е проблемот со кокаинот, замена исто прашкаста кај приглуп човек зима хероин за да проба дали му одговара и тоа е стапицата...
Инаку мене ми е најдобро екстакција на тхц во масло, секогаш знаеш колку ти е потребно и никогаш немаш проблеми. Особено кога ќе го претвориш од тхц во тхц-а.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Епа предизвикуваат. Никотинот се врзува за клетките и доколку се прекине со пушење по подолг временски период се јавува апстиненцијален синдром. Е сега не грчеви ама психичка ексцитација, агресивност и тремор - сигурно.
--- надополнето: 22 февруари 2012 во 20:58 ---

Пеки, имаш вистина во постот. Ама јас не реков дека консумирам нешто од наведеното. Јас од фармаколошки аспект објаснив што и како е.

Едно време си направив филм дека можам да си направам ЛСД, поради тоа што имав пристап до лабараторија и солидно познавање на хемијата, ама после тоа ми помина.

За редовна употреба на кокаин ретко кој има пари во државава, со оглед на цената што ја има. Можеш само да се почастиш во одредени прилики, ама да консумираш такви количини кои водат до тешки последици - јок. Тоа е убавината на сиромаштијата :icon_lol:
Ако си женско, а и ако си оваа од сликата нема да имаш проблем со цената на кокаинот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom