вака сеа
вчера разговарав со еден професор, и тој е на страната на матурантите
според него
учениците во МК се преоптоварени со школото, секој ден по седум часа е премногу. се враќаме дома, преморени и имаме време само да научиме и да напишеме за утре шо имаме домашно. ние треба да имаме време и за други работи, т.е. животите да не ни се вртат само околу школото
друго, материјата што ја изучуваме е многу обемна, земете за пример материјата на која било друга држава, каде што сите средношколци имаат најмногу по пет часа дневно, и имаат многу помалку предмети, ама кога ги изучуваат, ги изучуваат комплетно. а ние од се по малку и на крај се ке заборавиме
а кај нас и материјата не е усогласена, зашо од клас до клас се учат потполно различни лекции, а да не зборувам за разликата меѓу училиштата.
праксата кај нас, економичарите е ПОТПОЛНО иста со сметководството. и не пракса да земат нешо да ни објаснат на компјутери или да ни покажат како се се прави у вистинска пракса, тие ни диктираат лекции во тетратка од почеток до крај ИСТИ со лекциите од сметководство. тоа се +4 часа неделно во времегубење