Ова се(покрај владини) исто така и ЕУ закони и регулативи, исто како што беше т.е. е законот за пушење(забрането пушење во затворени простории во било какви јавни места), казнувањето за фрлање на отпушоци и плукање по улица, обавезно користење на светла на автомобилите во сред бел(сончев)ден, забрането правење на зимница(палење ќумбе), како и забрането правење на ракија(палење казан) во сопствен куќен двор и.т.н. а ако на сето ова го додадеме и предлогот за воведување на данокот за ергени и стари моми, како и предлог законот за забрането спружање на долен веш на тераса и ред други предлози човек ќе се подзамисли и ќе си помисли дека со временска машина се вратил назад со времето во 1939
Е сега некој/некои ќе речат епа мора така да биде ако сакаме во ЕУ, но не секој се согласува со овие мерки па и не секој плаче толку многу по таа ЕУ ..... јес да треба да се води ред за здравјето на луѓето како и за екологијата и.т.н. но тоа незначи и дека треба да се носат глупи и дебилни закони кои задираат во интимата на личноста, туку па и што демократско остана од таа ЕУССР ....... али ајт ..... кучињата си лаат, а карванот си врви што би се рекло !
--- надополнето: 25 јануари 2013 во 21:22 ---
А ЗА КОГО,
ај кажи,не кри,идат избори,да не ја посереме пак.
БОЈКОТ,да му се врати власта на народот,оти после една диктатура,не би требало да се замени со друга.Доста беше,де едните де другите,де змијата, де магарето.Доста им беше на двете за овие 20 години.РЕВОЛУЦИЈА!!!
Кој ќе ја направи таа револуција ......... народот ..... кој народ, народот е поделен по иљада-триста-триесет основи(да не ги набројуваме) ....... а и кој ќе владее со народот да речеме после таквата револуција ........... неможат сите да владеат, мора еден, а кој би бил тој нов водач ............ а со оглед на менталитетот на овој народ и тој нов што би дошол би бил диктатор и властодржец исто како и неговите претходници ........... абе овие две партии уште 100 години ќе владеат со Македонија, трета опција ниту имало ниту ќе има, па и да се појави нема шанси да успее покрај овие два стари политички мастадонти ............ или ќе е Н.Г. или Б.Ц. трето нема шанси да биде, барем не во блиска иднина ! поздрав