свршија луѓето работа ако ги оданчат шумските плодови.. Обично најголемата сиромаштија собира професионално т.е секој ден.. другите ретко собриаат..
Освен боровинката и смрчакот ако ти се посреќи другите се послабо платени..
Инаку моментално со боровинката е хааварија.. Толку многу народ собира што трговците и извозниците немаат капацитет да ја примат - финансиски и магацински.. Порано бербата на еден терен траеше со недели и малку луѓе собираја.. Сега е поинаку.. пример на 1 август во Големо илино во демир хисар имаше над 400 луѓе.. за споредба порано беа по 20тина..Главнината од бербата трае по 3-4 дена..
Инаку македонски шуми се вплетка во бизнисот.. секој берач мора да има дозовола... 400 ден.. А секој откупник да плати аконтација 15000 ден и на крајот порамнување со 2 ден по кило откупена.. Исто треба да се регистира и да добија решение за откуп.. Истото важи и за печурките и смреката мислам..
Годинава дури и конроли од Скопје имаше инспектрои.. Згора на се носеа калашникови....
Инаку печурка има многу и цената падна доста ниско.. Некаде се купува дури и 80 прва класа 40 ден втора класа..дури и поефтнио.. Има берачи што берат по 40-50 кила..
додека пак боровинката откупот почна и засега стабилен на 60 денари.. ова во кичево и демир хисар..
Боровинката една од најдоховните шумско собирачки работи.. Се берат и над 50 кг за неколку сати.. Проблем секако е носењето од планина до откупен пункт.
Инаку анкетава е катастрофа.. Што ќе посади државата, извини??? Смрчак? Врањ? Јајчара? Лисичарка.?? Сите се овие печурки што не можеш да ги посадиш.... Не е тоа буковака па одгледувај кај ќе ти текни...Затоа и цената на европските пазари на печурките се држи на повиско ниво во однос на култивираните - оти не се садат...[DOUBLEPOST=1407113615][/DOUBLEPOST]
А каде во државава се откупува смрека и како се движи цената?
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1713281-Otkup-na-sumski-plodovi
Јас и татко ми откупуваме..
Инаку смреката вообичаено има цена од 30 ден за кило невееана (со иглици) па нагоре.. додека пак веена е од 35 нагоре..
Годинава нема почнато откупот колку што имам информации.