Државата со намера за наплаќање данок за собирање шумски плодови!

Дали се сеќавате дека некогаш во минатото државата садела печурки во шумите?

  • Да

    Гласови: 10 7,4%
  • Не

    Гласови: 53 39,0%
  • Не знам, бев во подрум

    Гласови: 73 53,7%

  • Вкупно гласачи
    136

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Ептен слабо нешто буџетот,а?
Дали е нормално освен данок од приходи оптоварување со некаква си дозвола за собирање, воведување и дневна такса ?:tapp:

http://tvm.mk/vesti-mobil/ohrid/13974-kje-se-naplakja-za-sobiranje-shumski-plodovi
ЌЕ СЕ НАПЛАЌА ЗА СОБИРАЊЕ ШУМСКИ ПЛОДОВИ

НАПИШАНО ОД НЕЛОСКА ВАЛЕНТИНА НА 25 ЈАНУАРИ 2013. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД
Во ЈП „Македонски шуми“ се прават подготовки за воведување на дозволи за собирање на шумски плодови. Покрај дозволите ќе се плаќа и дневна такса. Собирачите на шумски плодови како што сесмреката, печурките и лековитите билки од оваа пролет ќе мора да се пријавуваат во јавното претпријатие. Тие ќе може да заработуваат, но ќе мора и на државата да и плаќаат дел од заработката.(изгледа државата ги посадила печурките :tapp:) Тоа е најавуваниот начин државата преку јавните претпријатија да го контролира природното богатство од уништување. ЈП од 2009 година доби можност да изработи проект за начин на стопанисување со другите шумски производи. По член 14 од Правилникот за начинот на користење и собирање на други шумски производи се отстапува на правни и физички лица.
Собирачите на печурки најчесто ги собираат вргањот и лисичарката во дабовите и буковите шуми. Доколку теренот им е познат дневно може да соберат во просек и до 10 кг печурки. Тие понатака собраните количини ги продаваат на откупувачите на шумски плодови и печурки. Во измината сезона, вргањот во зависност од класата се откупувал по цена од 100 до 150 денари. Добрите познавачите на овие состојби велат дека сепак најголемиот профит и заработувачка ја имаат откупните станици.

Од охридското ЈП „Галичица“ подружница на „Македонски шуми“, информираат дека веќе формирале сектор за споредни шумски плодови. Чекаат понатамошни инструкции од дирекцијата во Скопје. Напоменуваат дека иако сеуште немаат конкретни нормативи за изготвување на ценовник, веќе од пролетва ќе се стартува со најавените активности.
Обидот да стапиме во контакт со директорот на Секторот за користење на шумски плодови и екологија во ЈП Македонски шуми, Панче Николов, за да дознаеме докаде е процедурата со ценовниците за добивање дозволи и плаќање дневни такси, остана безуспешен.

Следно?
Данок за возење со зимски гуми во лето или обратно ?
Данок за пеење под туш по пријава од комшии, цимер(и) или брат/сестра/татко/мајка ?
Данок за дневно возење над 50 км. ?
Данок за пешачење ?
Данок за левичари ?
Радиодифузна такса за Сител?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Па државата не ги посади шумите, ниту ги постави рудите во планините ниту ги пориби сите езера и реки ниту ги наполна шумите со животни ... па сепак за сето тоа наплаќа нешто
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
дали тоа јас имам Македонско државјанство или сум странец овде ?? време е да одам во општина да се проверам........
50 евра за да провериш дали имаш Македонско државјанство .
 
Член од
7 март 2011
Мислења
35
Поени од реакции
25
Па од каде сакате државата да го полни буџетот? Дали има нешто државно ? Се е приватизирано...
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
Абе овие не се нормални дефинитивно :pos:
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Прво данокот за ергени и стари моми, а еве сега и овој данок... :LOL:
Што е следно ........... данок за дишење/користење на воздух, данок за користење на сончевата светлина, данок за одење по јавни површини(улица, тротоар и сл.)...
А да не ги заборавиме и казните за сушење на долен веш на тераса... :pos:
Знам дека не е за смеење, но вакви дебилни закони на човек со здрава разум нема шанси да му текнат... абе на кого/кои му/им текнуваат ваквите закони... :tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom