Државата да гради фабрики

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Јас како што знам владава ќе ги опреми лабараториите на македонскиве факултети со опрема вредна 60 милиони евра.
Верувам дека Грујо има нешто на ум, не сумљам во него.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Јас како што знам владава ќе ги опреми лабараториите на македонскиве факултети со опрема вредна 60 милиони евра.
Верувам дека Грујо има нешто на ум, не сумљам во него.
Мислиш лаботории во Правен и Економски ( :))
?

Хахахахахах аааааааа
Не научивте веќе еднаш ?
Колку повеќе пари чини проектот толку полесно за крадење истото го направија со спомениците и скопје 2014 ( некој искрено верува дека вредат 200 милиони евра?)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јас како што знам владава ќе ги опреми лабараториите на македонскиве факултети со опрема вредна 60 милиони евра.
Верувам дека Грујо има нешто на ум, не сумљам во него.
Абе све е ок тоа, ама каков ќе биде реалниот ефект од тоа во нашата економија. Прво државава нека си смисли начин како да го развие домашното стопанство, не постојат никакви агенции ниту програми за развој на мало и средно стопанство. Ако треба државата некаде да вложува тогаш ова е примарна цел а ко што гледам тоа не го прави, туку се надева дека од небо ќе и паднат странски инвестиции, што за земја ко Македонија е невозможно. Со оглед на тоа дека НАТО и ЕУ ни се далеку не знам која е логиката да се надеваме на странски инвестиции освен ако не обезбедиме ептен поволни услови за тој странски инвеститор (а и за тоа не сме способни), а дур да дојдат тие инвестиции мора да се вложува во домашни фирми и компании чија дејност нема да биде земјоделие, ќе произведуваат квалитетни финални производи а не полупроизводи и суровини, и ќе бидат извозно ориентирани, односно ќе бидат способни да произведат производ кој со својот квалитет може да конкурира успешно на европскиот пазар и главна предност ќе му биде пониската цена.

Мислиш лаботории во Правен и Економски ( :))
?

Хахахахахах аааааааа
Не научивте веќе еднаш ?
Колку повеќе пари чини проектот толку полесно за крадење истото го направија со спомениците и скопје 2014 ( некој искрено верува дека вредат 200 милиони евра?)
Ти па знаеш дека се баш на тие факултети. И најлесно е да си стоиш од страна и да плукаш, еве Груевски не чини викаш, дај предложи некој кој мислиш дека може да направи нешто. Кој ќе направи? Опозицијата? Пола од тие ми беа асистенти на економски и знам како собираа по 30 - 40 индекса у сесија со по 500 евра у нив, за пред некој ден еден да го видам на А1 коа фати да збори колку било лошо повишувањето на цените и како тоа негативно ќе се одразело на стандардот на населението, па требало со државните резерви да се интервенира а се сеќам во нивно време имаше рекорден увоз на пченица од Аргентина.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.897
Поени од реакции
12.438
Што уопште го споменуваш Охис,Тутунски Комбинат и ЕМО.

Знаеш ли ти кое времиња беа тоа?
Знаеш ли кој менаџираше со тие компании?
...навиките и луѓето останаа.
За потсетување

Охис кому владата се труди да помогне :) ама нема решение моментално...не за друго. Во истиот државата учествува со околу 75 % акции. Истиот се продава по 5-ти пат. Имаат план да го активираат ако не го продадат
Раководството на Охис подготвува план за работа на фирмата во случај на неуспешен тендер.
Зашто би граделе фабрики кога за постоечките "имаат план" да ги кренат на нозе?
Владата на тендер продава распродадена фабрика (црниот оквир од текстот -линк- многу говори за односот на државата кон постоечките капацитети)

Тутком Прилеп...ме мрзи искрено да барам, верувам дека и за него ќе се најде нешто

Емо Охрид, државата е доминантен сопственик, дали нешто се има сменето не ми е познато...сеуште се продава еве и според овие информации од ноември...пардон, се распродава

Мислам доволно е за да се оформи слика...еве го сижето на она што државата веќе го има
Охис, ЕМО и Тутунски Комбинат ја чинат државата 40 милиони евра

Држава со голем процент и високо место во корупција, непотизам, сиромаштија, партизам и невработеност, неажурно инертно судство...скоро и да нема шанси да заживее вакви државни проекти. Само ќе ги снема парите кои ќе се вложат.

I have a cunning plan
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
@Lurtz тие фирми што ги набројуваш се загубари.
Само Охис денеска должи 20 милиони евра.

Тендерот под кој се продаваше Охис имаше ставка која предвидуваше:
-новиот сопственик да се обврзе да ги задржи сите работници во наредните 5 години.

Пример 1.
Јорго Ќука (довчерашниот директор на Охис) сонародник на тука еден наш локален-форумски бреиниак го нема дозволено влезот на германски гигант од областа на козметичките производи, затоа што на тој начин ќе ја загубел привелигиранате позиција.

Пример 2.
Американ Тобако пред 5,6 години се нудел како купувач да ги откупи сите акции на Тутунски Комбинат, исходот ти е познат така?

И уште еден мал милион примери...

Ни од далеку неможеш да го споредиш тоа време со денес.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Државата односно судството како дел од нејзе тоа што може да работи не го остава да работи преку долги судски процеси на стечаи ликвидации, а пак не нешто ново да отвара.
 
P

Peaceful Anger

Гостин
Друже државата неможе у капитализам да гради фабрики. И доста плукате по државата. Сите најјаки светски компании почнале сами да градат од ништо така да ние шо сме биле под турско тогаш е наш проблем.

Треба идеја и да се почне од ништо а не да се фрла по државата само, сите држави се исти гомна и лајна.

Плус како шо кажа некој 100-те најдобри инжињери се и више надвор најверојатно, и тука да се ако им даеш 100 милиона незнам дали ке бидат уште.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Може ли државата да гради фабрики?

Не мислам на класична сокара со подвижни ленти и теткици во бели мантили.

Да биде нешто пософистицирано нешто Хај-Тек.

Да се направи селекција на најдобрите 100 инжињери од земјава.

Да им се даде на располагање фонд од 100 милиони евра и сите заедно да учествуваат во создавањето на првиот македонски Џенерал Електрик.

Што мислите?
А можеш и само Охис да го оправиш и имаш неколку илјади вработувања, башка хемиската индустрија е секогаш доходовна. Ха!
Трошоците за оправање не знам точно колку се, ама со 100 милиони би требало да се среди.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.547
Поени од реакции
9.457
Значи готово е, утре градиме фабрика. Државата дава 100 милиони евриќи, наоѓаме 100 инженери, од некоја реномирана фирма ке замолиме да ни позајмат 2-3 врвни менаџери и готово е. Нема врска тоа што не се знае што ке произведува фабриката, мислам на конкретен производ ама изгледа ќе биде нешто "хајтек", нема потенцијален пазар кадешто може да се пласира производот, конкуренцијата не е земена во обзир, ама нема врска ке биде нешто. Важно добро звучи проектот.

Како што беше кажано неколкупати државата треба да создаде услови за подобра економија, а не да гради фабрики. Со создавање на соодветна клима ке се привлечат далеку повеќе од 100 милиони и многу повеќе работни места. Фабриките треба да бидат изградени од фирми и корпорации кои се доминатни,искусни и реномирани во своите гранки за да можат да се развиваат добро. А не државата да гради нешто за што нема никакви информации.

Кај нас сеуште нема соодветен аграрен систем, имаме проблеми со откупот на храна, увезуваме електрична енергија бидејќи неможеме да ја произведеме(а имаме капацитети), да не зборувам за правосудството, политиката, администрацијата, ти сакаш да се инвестира во нешто за што 70% не ни знаат што значи зборот хајтек.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Што уопште го споменуваш Охис,Тутунски Комбинат и ЕМО.

Знаеш ли ти кое времиња беа тоа?
Знаеш ли кој менаџираше со тие компании?

Тие луѓе беа слуги на темните сили, СДС комунистички директорчиња кои го скурцаа целиот општествен капитал создаван во последниве 50 години во дел од наносекундата.

Тоа се луѓето кои од Македонија направија еден голем шопинг центар, го купија целиот имот, целото наше стопанство за 1 денар.

Тие тајкуни во секоја нормална држава го инвестираат својот капитал, ама ете нашиве неќат.

Се осеќаат неспособни, страв им е да се впуштат во ризик пошто знаат дека се имбецили и дека на странските пазари лесно би биле збришани.

Затоа мојата идеја е државата да инвестира (пошто друг инвеститор во моментов нема).
Нека се крене оваа Хај-Тек компанија на здрави нозе, а дури потоа нека се приватизира.
УФФФФФФ браво алал да тие им го шибна у фаца на комуњарите,само некако заборави да ја спомнеш, скопска млекара една од нај јаките фирми во мк па и малку почироко која ја скурцаа тој период, само ХММММММММММ чекај чекај некое име ми текнува чекај малку ............................ А да абе млекара не ја прееба Џорчев ? тој мислам дека беше од ВМРО или пак грешам?? ај мајката.
Па ми текнува и на коце металец, застани малку застани ауууууууууууу да бе како се викаше малиот бре не ми текнува , ама сигурно дека го имам гледано во праламентон со значка лавче.
Па термо монтажа, Ацо исто така беше од ВМРО.
Ама комуњарите маму им ебам тие ебаа се затворија. ПУ ЈАЗК

А на темава, мислам дека не треба да отвараат фирми пошо и онака се неспособни.
Само нека ги остават фирмиве денес што постојат да работат, нека не ги уништуваат свесно.
кампањата регистрирај се земјоделец, пред неколку дена на еден сметката му беше блокирана, не платил за телевизија !! па на кравите ли ип пушта бе мрт ???
Ама тоа тие лихвари крлежи ништо повеќе
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Значи готово е, утре градиме фабрика. Државата дава 100 милиони евриќи, наоѓаме 100 инженери, од некоја реномирана фирма ке замолиме да ни позајмат 2-3 врвни менаџери и готово е. Нема врска тоа што не се знае што ке произведува фабриката, мислам на конкретен производ ама изгледа ќе биде нешто "хајтек", нема потенцијален пазар кадешто може да се пласира производот, конкуренцијата не е земена во обзир, ама нема врска ке биде нешто. Важно добро звучи проектот.

Како што беше кажано неколкупати државата треба да создаде услови за подобра економија, а не да гради фабрики. Со создавање на соодветна клима ке се привлечат далеку повеќе од 100 милиони и многу повеќе работни места. Фабриките треба да бидат изградени од фирми и корпорации кои се доминатни,искусни и реномирани во своите гранки за да можат да се развиваат добро. А не државата да гради нешто за што нема никакви информации.

Кај нас сеуште нема соодветен аграрен систем, имаме проблеми со откупот на храна, увезуваме електрична енергија бидејќи неможеме да ја произведеме(а имаме капацитети), да не зборувам за правосудството, политиката, администрацијата, ти сакаш да се инвестира во нешто за што 70% не ни знаат што значи зборот хајтек.
Ама за 100 милиони евра моти да се направи хидроцентрала. Во неа ќе работат не 100 туку десетина инженери. Ќе се гради 3-4 години, што значи работа на 100 тина градежни работници. Башка оние кои ќе се ангажираат за изработка на елаборатот, архитекти итн.
Економската клима не е идеална, но не е и толку лоша. Економската клима не им пречи на инвестиции во профитабилните дејности, финансиски сектор, трговија, телекомуникации.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Државата е лош сопственик и не треба да се занимава со отварање на претпријатија.
Од што е лош сопственик во нејзини раце не треба да бидат ниту фондот за здравство, пензионерскиот фонд, железницата, противпожарната заштита и слично.
Се тоа треба да се приватизира и учеството во фондовите да биде по доброволна основа.
Исто, не треба да има ниту регулаторни комисии за струја, цена на нафта и слично туку треба да биде диктирано од светскиот пазар.
Има луѓе, како мене, кои сакаат да бидат изземени од давачки за услуги кои не сакаме да ги користиме.
Јас знам дека постои лошо искуство со приватизацијата, но такво нешто мора да се спроведе за да знаеме реално на што сме.
Не може неуспехот во некоја државно-владетелска гранка да се покрива со средства земени под присила од сите нас.
Се разбира пакетот вклучува и укинување на субвенциите, социјалната помош и ред други работи.
Со тоа ќе стане и ирелевантно кој е на власт бидејќи власта ќе остане со многу мали ингеренции, па ќе нема бунење од тип државата ова, она, долу влада и слично.
Ќе се создаде систем на поголема лична одговорност, ќе се елиминираат непрофитните стопански гранки и ќе постои иницијатива на граѓаните за барање на начини за нивна попродуктивна сопствена реализација.
Со диктати и присила не може земјата економски да се развива. Не можеме да бидеме заложници на способноста на чиновници и бирократија ги менаџираат парите кои не се нивни.
Таков систем е потребен барем во рок од неколку години, се додека стопанството не заживее, после тоа кога ќе постои солидна индустриска и претприемачка база, може да се размислува за воведување на некојa социјална распределба ко што имаме денес.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Ти па знаеш дека се баш на тие факултети. И најлесно е да си стоиш од страна и да плукаш, еве Груевски не чини викаш, дај предложи некој кој мислиш дека може да направи нешто. Кој ќе направи? Опозицијата? Пола од тие ми беа асистенти на економски и знам како собираа по 30 - 40 индекса у сесија со по 500 евра у нив, за пред некој ден еден да го видам на А1 коа фати да збори колку било лошо повишувањето на цените и како тоа негативно ќе се одразело на стандардот на населението, па требало со државните резерви да се интервенира а се сеќам во нивно време имаше рекорден увоз на пченица од Аргентина.
Хаха и ти го праша - дали имаме подобра опција,по што Lupos мистериозно се изгуби.Срам му е да го каже неговиот избор,пошто на сите ни е добро познат :D.Инаку не ги разбирам луѓето што плукаат по се што се гради :toe:Очигледно кај нас овие 15 години транзиција оставија длабоки трауми.Неможеме да прифатиме дека нешто може да се Изгради со народни пари,без да се украде.Значи да критикуваш една власт дека ГРАДИ е надвор од разумот.Добро беше 15 години што освен "пир" ништо друго не никна во државава,сега лошо било - се Градело:toe:Ако сега има пари да се гради (а воедно и да се краде - според Lupos) се чудам кај отидоа тие пари кога една трафика се немаше изградено ???Ако сакаат и подморници нека купат за во Охридско - све е подобро отколку да завршат на Швицарски сметки (како буџетите од транзициските години).
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
А бе платениче едно устата ми скапа дробејќи на 100 теми дека ако народот не почне да тепа и мава заушки нема ниеден политичар да направи било што а твојот “ интелегентен“ одговор беше она подоле .

Хаха и ти го праша - дали имаме подобра опција,по што Lupos мистериозно се изгуби.Срам му е да го каже неговиот избор,пошто на сите ни е добро познат :D.Инаку не ги разбирам луѓето што плукаат по се што се гради :toe:Очигледно кај нас овие 15 години транзиција оставија длабоки трауми.Неможеме да прифатиме дека нешто може да се Изгради со народни пари,без да се украде.Значи да критикуваш една власт дека ГРАДИ е надвор од разумот.Добро беше 15 години што освен "пир" ништо друго не никна во државава,сега лошо било - се Градело:toe:Ако сега има пари да се гради (а воедно и да се краде - според Lupos) се чудам кај отидоа тие пари кога една трафика се немаше изградено ???Ако сакаат и подморници нека купат за во Охридско - све е подобро отколку да завршат на Швицарски сметки (како буџетите од транзициските години).
Хехе само кажи ми браната козјак од каде изникна :)
А ова ако го викаш градење јас глава сечам . Сите пари отидоа надвор ние аир не видовме од тие пари, не задужија повеќе од Грчка , сега и имф на врат ни го ставија кој бара цената на струјата да се качи за 40 посто во рок до 2015 ( минимум) . Згора на се испотавија триста давачки и ја исцедија ликвидноста во стопанстовто , ама затоа имаме грд споменик во секое маало да се гордееме :tapp:

Градење било дупкине по улицине каде кршам и кола и нозе кажуваат колку градење имаме :tapp:
Се удавивме во 4 цантима снег , граделе овие :tapp:
Се испоплавија 4 пати едни исти места во рок од две години градење било :tapp:
Охридското успеаја да го поплават :tapp:
Ни испоумреја родилки по болнициве :tapp:

Они важно Г(К)РАДАТ ! :tapp:
Дај не влагај у филм со Че Гевара.Бесилка или затвор!?Ќе треба 90% да ги обесиме и 10% да ги затвориме.Врати се малце во реалноста.Ако ние Македонците излеземе на штрајк што реално можеме да добиеме? - Намалување на сиромаштијата?Поголеми плати и пензии?Намалување на невработеноста? Све ова некој ќе искочи и ќе рече готово решено,не штрајкувајте ќе ја искорениме сиромаштијата уште утре.Дај ти се молам биди малце реален.Ако уште вечер цела Македонија излезе на протест и го запали пола Скопје најмногу што ќе добиеме се "предвремени парламентарни избори".Во суштина ништо нема да се смени.Уствари ДА некој ќе профитира од тоа,само сигурно не обичниот народ.

Те читам долго време (да штрајкуваме,да палиме,да бесиме) - демек страв ќе им набиваме на Политичарите.Искрено јас не знам дека негде во некоја земја Политичарите се нешто исплашени.Можда во Мексико и на Филипините,ама сигурно не би сакале да биде и овде така.Еве не е лошо и овде детално да претставиш што имаш во главата - Македонија на штрајк,со "тие и тие" барања и што треба од штрајкот да очекуваме да се смени?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom