Државата е лош сопственик и не треба да се занимава со отварање на претпријатија.
Од што е лош сопственик во нејзини раце не треба да бидат ниту фондот за здравство, пензионерскиот фонд, железницата, противпожарната заштита и слично.
Се тоа треба да се приватизира и учеството во фондовите да биде по доброволна основа.
Исто, не треба да има ниту регулаторни комисии за струја, цена на нафта и слично туку треба да биде диктирано од светскиот пазар.
Има луѓе, како мене, кои сакаат да бидат изземени од давачки за услуги кои не сакаме да ги користиме.
Јас знам дека постои лошо искуство со приватизацијата, но такво нешто мора да се спроведе за да знаеме реално на што сме.
Не може неуспехот во некоја државно-владетелска гранка да се покрива со средства земени под присила од сите нас.
Се разбира пакетот вклучува и укинување на субвенциите, социјалната помош и ред други работи.
Со тоа ќе стане и ирелевантно кој е на власт бидејќи власта ќе остане со многу мали ингеренции, па ќе нема бунење од тип државата ова, она, долу влада и слично.
Ќе се создаде систем на поголема лична одговорност, ќе се елиминираат непрофитните стопански гранки и ќе постои иницијатива на граѓаните за барање на начини за нивна попродуктивна сопствена реализација.
Со диктати и присила не може земјата економски да се развива. Не можеме да бидеме заложници на способноста на чиновници и бирократија ги менаџираат парите кои не се нивни.
Таков систем е потребен барем во рок од неколку години, се додека стопанството не заживее, после тоа кога ќе постои солидна индустриска и претприемачка база, може да се размислува за воведување на некојa социјална распределба ко што имаме денес.