Дресура

Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Позитивно засилување на однесување на кучето, или така нешто беше. Пробав фенси менси денси дресура не ја биваше, почна да скока и да ми гризе од гардеробава на среде шетање, па постапив како што ми налагаше инстинктот. Павлов не ми е рамен за половина час го научив како треба, а скокна одма шамарче по тенџерестата глава, па виде кој е Алфа тука во чопорот. Добро викаше Дада ако ми е миленик и го сакам мора малку ќотек инаку на глава ќе се качи.....
Другар има повеќе методи на дресура ,од тебе зависи кој ќе го избереш.

Јас сум генерално против ќотек ,но и јас некогаш практикувам по некој шамар.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
jas imam sarplaninec i staro e okolu 9 10 meseci
moze li na ovaa vozrast da se dresira kuceto ili mora od mali noze da se pocne
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
jas imam sarplaninec i staro e okolu 9 10 meseci
moze li na ovaa vozrast da se dresira kuceto ili mora od mali noze da se pocne
Може, зашто да не? Единствен проблем на кој обично се наидува е инаетот на кучето.
Е тука ќе мора да си многу трпелив, смирен физички и психички, да му покажеш и докажеш дека ти си над него и треба да успееш.
 
Член од
28 јули 2011
Мислења
81
Поени од реакции
25
Да ве прашам како можам да го издресирам сама кучето да не ми јаде се по дома. Сите килими, прекривки, папучи се што му е на дофат, вратите, ѕидовите се ми е изгризано од него. Секогаш кога ќе го видам му викам до повисок тон или ќе го удрам со весник по муцката ,малце ама ништо нема никаков ефект ве молам за помош.
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Што мислите за дресурата со кликер ? Колку е ефективна ? Има ли кај нас да се купат кликери ?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Што мислите за дресурата со кликер ? Колку е ефективна ? Има ли кај нас да се купат кликери ?
Ефективна е, ама по мое мислење не ти е потребен кликер. Кликерот е тука за кучето да го асоцира звукот со наградата. Ако сакаш на тој начин да го дресираш кучето, земи било што што прави некој звук. Исто е ова со позитивната дресура - кајшто се наградува доброто однесување на животното, а не се казнува лошото. Така, кучето асоцира дека со одредено однесување ќе добие колаче, а со друго ќе биде игнорирано и ќе тежнее да се понаша послушно само за да добие награда.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Како е со овие Боксер, Питбул и сличните такви кучиња, со дресурата потешко ли е поскапо ли е итн?
Или за сите кучиња е исто?
 
Член од
20 март 2008
Мислења
377
Поени од реакции
280
Како е со овие Боксер, Питбул и сличните такви кучиња, со дресурата потешко ли е поскапо ли е итн?
Или за сите кучиња е исто?
За цената мислам дека е исто за сите кучиња. А потешко, полесно, тоа зависи од интелегенцијата на расата.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
За цената мислам дека е исто за сите кучиња. А потешко, полесно, тоа зависи од интелегенцијата на расата.
Долго време се обидував да го игнорирам овој пост, со сличните такви раси (?!).... и ти ме потсети...ах ќе си пукнам...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Добро до ѓавола,како да го научам да оди на поводник?
Кога сакам да го шетам само се тегне назад и/или седи заковано во едно место.Јас тегнам али паѓа,не сака да оди.
Како да ја научам?
Женско кутре,47 дена?
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Добро до ѓавола,како да го научам да оди на поводник?
Кога сакам да го шетам само се тегне назад и/или седи заковано во едно место.Јас тегнам али паќа,не сака да оди.
Како да ја научам?
Женско кутре,47 дена?
Јас моето го научив многу лесно,прескокнав да му дадам ручек и го закачив на каишка и пред него оставав по една гранула храна и така полека полека после тоа на секои 2 чекори па на секои 5 чекори па почна да ми с еинаети кога не му давав и се така за една недела се научи и сега е супер! Изгледа тие тоа го сваќаат како награда поради тоа што направиле чекори...
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Добро до ѓавола,како да го научам да оди на поводник?
Кога сакам да го шетам само се тегне назад и/или седи заковано во едно место.Јас тегнам али паќа,не сака да оди.
Како да ја научам?
Женско кутре,47 дена?
Како бебе од 2 месеца да го научиш да не кака у гаќи?
Многу побитни ти се сега други работи отколку идење правилно на поводник.
Обрзни внимание на дисциплина. Поводник се учи после 5-6 месеци. Сега гледај основни команди, и најди начин како да и го привлечеш вниманието, цело време да и биде насочено кон тебе.
Рано е за поводник. Уште е малечка, не може да сфати, а и не верувам дека мало кутре може да ти претставува проблем за поводник. Сега за сега, само скрати и го ремчето.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Добро до ѓавола,како да го научам да оди на поводник?
Кога сакам да го шетам само се тегне назад и/или седи заковано во едно место.Јас тегнам али паќа,не сака да оди.
Како да ја научам?
Женско кутре,47 дена?
47 дена!?!?!?!?!:eek: тоа е премало за шетање воопшто!Пред 3 месеци неби требало да излезе од дома и тоа откога ќе ги прими сите вакцини и ќе го заврши карантинот. И не се прави тоа така, тоа уште не научило правилно само да стои на нозе а ти веднаш поводникот. Првин нека направи барем 2 месеци, па после прво ќе му ставиш некое лесно каивче околу вратот да се навикне на него неколку дена,па после на каивчето ќе врзеш поводниче (лесно исто така) и ќе го оставиш да се влече по него низ дома неколку дена. Така прво ќе се навикне на поводникот и да има нешто околу вратот за да не се вади од памет кога ќе пробаш да го изнесеш. И на првите прошетки не го влечи за поводникот, храбри го да оди само тоа каде сака па ти оди по него држејки го поводникот :)
 
Член од
13 јануари 2011
Мислења
8
Поени од реакции
0
Како можам да го научам моето куче да се шета со ремче... Кога го изнесам за да го шетам кучево клекнува и се врајќа на назад каде што му е куќата во мојот двор... имам пробано и со чотек и со награда (месо) и пак несака... има ли некоја посебна дресура за ова?! кучево е старо 5 месеци
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Само трпение и упорност пред се. Тепањето не верувам дека ти помогнало, можеби повеке ти одмогнало. Изгледа кучето се има од нешто претходно уплашено, и ако ти си го натепал бидејки не сака да шета, ги има поврзано работите„кога имам ременче тој ме удира„ Инаку навиката за шетање до сега требало да биде стекната...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom