Здраво. Чувам кокер шпаниел, женка стара 8 месеци. По природа е многу тврдоглава, значи не слуша команди иако знае што бараш од неа во моментот. Шетањето на поводник е секогаш со влечење, а кога е пуштена од поводник не реагира на команди зошто сака да ја бркаш и да си игра Од нови луѓе се плаши премногу и секогаш ги лае (од страв), значи лае и бега. И тоа е во ред, затоа што не е способна да повреди некој.Она што мене ме загрижува е што секогаш кога ќе види мало детенце премногу се вознемирува и почнува агресивно да лае . Во тој момент толку се исклучува и е многу тешко да и се одвлече вниманието. Како што кажав, не е способна да нападне, и секогаш е на поводник,но со самото лаење може да исплаши некое детенце. Прашањето ми е, колку би била ефикасна дресурата, со оглед на нејзиниот карактер? Како би работел дресер со неа, кога не дозволува да и се доближи човек што прв пат го гледа?