Драга Кајгана

Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Кајго, а зошто тие самите не ме игнорираат? Зошто мора да стиснат ,,игнорирај'' со левиот клик на глушецот?
Всушност, се прашувам, што им давам толкаво значење? Не знаат едноставно да прескокнат и да не го читаат коментарот напишан од мене, мора тие секаде да се испофалат во стилит на ,,Еј, дечки, јас го ставив 4NHK0 на игнор, или ,,најглуп/најнегативен кајганаџија за мене во 2014та е 4NHK0, стиснете ми ,,ми се допаѓа'' бидејќи тоа за мене е успех, за тоа јас се борам и гордеам, за тоа јас хејтам, затоа јас дудлам. Дамиојајтекурот.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.917
Поени од реакции
11.288
ДК

Денешен просечен коледар има малку потемен тен, влегува во полнолетство и бара цигара наместо оревче и јаболче \m/ Да сме живи и здрави сите.

Него, да предадам вратарска смена на некој друг по дома...
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Се што човек посакува, еден ден ќе го има, но поминато низ многу раце и со поминат рок.
А среќата не е иста ако добиеш топка на 7 и на 70 години.
:noze:
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Коа ќе почнат да ти пејат на врата е тогаш е најзаебано, не за тоа што ќе те разбудат, туку за тоа што ќе те потсетат дека и ти си бил некогаш како нив, безгрижен, среќен и те болело за се, кај пораснав кај се запустив.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.963
Поени од реакции
25.534
Многу неубав почеток на годинава. Одвратен! Ако продолжи овака, ќе си заминам во шумата на кампување. Далеку од сите, гушејќи се во сопствената мизерија. И ветувам дека никој нема да знае каде сум.
Не, нема да бидам сама. Моите налудничави мисли ќе ми прават друштво. Никаде без нив. Пичка им матер!
Човекој самиот на себе си е најголем непријател. Јас сум смртно преплашена од себеси!

Него, денес размислував нешто. Протестот со глад е најретардираното нешто што постои, дури поретардирано и од фашизмот. Да се казнуваш себеси поради грешките на другите... Кога ќе размислам подобро, јас ова често го правам. Побогу, не преку ретардиран протест! Несвесно. Филантропијата е курва која се крие позади маската на невин ангел!
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.546
Поени од реакции
29.124
Секој ден будење со надеж за подобро утре, ама ништо од тоа. Секоја нова година викам тоа што се случило минатата да остане и да не дојде во новата, а последниве 5 години ужас. Пред 4 години од проклетата болест ја изгубив вујна ми. Прекрасна личност која имаше љубов за сите. Секогаш расположена, секогаш насмеана. Срце ми се кине кога знам дека неможам да и помогнам и дека се ближи денот, невидена болка. Помина 1 година на некој начин застанав на нозе, продолжив.
Се ближеше роденден на татко ми, 6 дена пред роденден си замина на работа и не се врати, од таа проклета работа што и се тресеше толку, таму и остана. Срце не издржува. Болка, болка и само болка. Тогаш кога беше најпотребен го изгубив и нема назад, веќе 2 години изминаа и сеуште неможам да се помирам со фактот дека го нема, дека е крај.
Немаш со кој да се караш, со кој да идеш на утакмици, со кого да гледаш Ф1 и многу други активности што ги правевме заедно.

За година ипол ги губам најдрагите личности во животот, и сеуште надеж дека ќе има подобро утре. Кур. На ден пред роденден ја губам тетка ми, дента на мојот роденден буквално сам, никој друг. Живееше во Србија со куќна помошничка и никој друг. Мајка ми отиде, а јас останав сам на денот.
Денес ме буди коледарска песна станувам насмеан и среќен за после 1 саат да дознаам дека починал човекот што буквално ме израсна. Десет години он ми беше градинка, он ми беше чичкото што ми даваше да си играм со неговите кучиња, чичкото што ми викаше дека ако некој ме закача да го викнам. Па јас целиот уфилман се курчев на постари дека има чичко што ме брани не смеат да ме чепнат, па стално јадев ќутек, ама лекцијата друго значење имаше што ја сфатив дури после 5 години.
Веќе немам воља ни за работа, ни за факс, ни за девојка, ни за живот за ништо. Од ден во ден болката е поголема, од ден во ден страв што ќе се случи следно. Стварно не знам што е следно, останав на мајка и ништо друго. Не се издржува повеќе, многу се насобра за 4 години. Морав да ти пишам, колку толку да излупам на тастатурава. Се читаме во подобри времиња, ако до тогаш не се случи уште нешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom