Драга Кајгана

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Еден колега ми кажува, тука во Скопје коледарите само на врата ѕвонеле.
Како бе коледарат со ѕвонче.
Се знае, земаш чеканот и маваш.

Кој е крвнички понастроен можи и да ти ја оштети целата врата,ама тоа е друг муабет.
Оваа година не сум за Бадник дома да видам како е,ама до лани идаја во
12-1 да коледарат.
Ние ко помали коледаревме од 6,30. Влашка маала, Охридати цел реон се вртеше.
Па,ако знаевме кај некои дека даваат и по 10-20 денари, јуриш на таа врата најгласно да коледариме.
Се враќаш дома со 10 кг ќеси кои едвај ги носиш, јаболка, банани згмечени, чоколади растопени,ама битно ги носиш најлоните ко од печалба да се враќаш.
Од коледе само парите ти остануваат.
И се знае, после поручек одиш кај комшиите од зграда да присобериш 50-100 денари по комшивска линија.:D
Ми фалат деновиве,а последно коледарење ми беше 12 години кога имав и на една врата не видоја и ни рекоја стари сте за коледе и ни ја затворија пред нос.
Апаши.
Во секој случај го сакам денов, си отидов до соборна да ги послушам мерцедес-браќата, си зедов бадникови гранчиња и и ми фали да сум дома денес и утре.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.318
Поени од реакции
10.354
Ола кеј,

Ме разбудија гласовите на баба ми и тетка ми.И таков си викам леле 11 саат аманема везе ај ќе станам братучетка ми е тука.И станувам таков поспан ја глеам таа оќезена цела и ми вика чичооо дој дој.И ме носи таму у дневна.Ко мал имав еден мајмун што кога ќе му плеснеш со рацете пееше макарена макарена и играше ко будала.И го дале тој и само го плеска по глава и почиња да игра како рапер и си дрма со главата како мајмунот.Ми го напраи денот најубав на цел свет , сеа и пуштав таму супер ѕвезда и на крај нешто ситно од 2pac.Штета снема сила , па сеа отиде да отспие хаха какво дете.
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444
the rest of your life challenge [for girls]

Сликајте се без #паткафаца, без шминка, со насмевка и озбилни. Избришете ги пријателите што ги имате од село шо немаат видено девојка за да немате мањачки коментари и лајкови. Не ставајте ефекти на сликата. Облечете се.
Сега имате ли 1000 лајкови?
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Се будам сабајле у 6 часот викам да пречекувам коледарчиња беше се купено и тањирот беше спремен во него разни работи овошје,бомбони,тортици,пари (на почетокот идејата ми беше само пари пошто децата сакат само пари тоа е најбиното за секој коледарец никој нема да седне дома и да јаде јаболка на пример ама ајде се купи се ) абе пер го за инает го знаете она ваитинг фор тхе перфект мен таков бев имаше и пајажина и еден гавран застанато на рамото се изморив чекајќи ми дојде една група(4 девојчиња) и една циганка мислам имаше над 50години а мислам дека коледе го има тоа правило дека може да одат деца има она одредена старосна граница а не и фосили да доаѓат и да пеат ама тоа е

Се спремав зошто имам голем коледарски стаж и време е да се врати сето тоа.Време е да се израдуват сите они кој и мене ме радувале нешо као ревенџе ама у позитивен смисол :D

Она временски да се вратиме
-На почетокот коа си она ептен мал изгубен си целиот не си влезен у шема шо како
-Наредна година зимаш замав има подготовки скица-мапа ништо не е случајно одбираш точки богати-сиромашни-кој не оптвара врата-кој е скржав се е тоа меморирано у твојата глава вадиш стратергија забораив да напоменам идете сурија
-Наредна година поучен од претходната гледаш дека имаш помала заработка идете само ти и другарот ви станува веќе и смешно и додека пеете се испушта и насмевката и знаете дека веќе растете и викаш им то олд фор тхис шит
-Наредна година одиш као Про гордо се носиш со тој статус ги броиш заработените пари као банкар..
-Пензиониран си
и мисс тхосе дејс

Забелешка-Многу малку коледари шо е работава незнам :toe:

Инаку иако бев веќе станат коа ми дое првата група коледарчиња бев



ин тхе некст епизоде оф валкинг деад секое утро

Упдате-Мислам дека улицава ќе ми се преименува во Ресен
 

Cymbaline

Wallflower
Член од
14 август 2014
Мислења
323
Поени од реакции
1.281
Кога бев мала, пакетчињата не ги добивав за Нова година, туку за Божиќ. Веќе неколку години, Дедо мраз имаше заборавено на мене и баш кога се решив и почнав со диета, се сетил на мене.
Мајка ми го направила омиленото јадење, а во маркет случајно наишла на крем од таково што ми омилен, бил намален за некој денар, па не издржала и го земала.

И така драга, еве си седам и цело сабајле јадам..

 
Последно уредено:
C

Castiel

Гостин
Kej


Kолку работите повеќе се менуваат толку повеќе остануваат исти....или луѓево стварно се менуваат или па маската паѓа со тек на време...како и да е пази се увек кого почитуваш и на кого му веруваш...не секој те цени...

Оn the plus side СРеќен бадник на сите што слават...многу здравје , љубов и среќа ....и да ви се падне паричката денес :)



Love
your guardian angel
Castiel
 
Последно уредено од модератор:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Драга,

Кога раскажува некој за Коледе во Охрид очекувам приказна во која ѕвонеле на 100 врати двајца им отвориле, едниот им посакал само здравје, а другиот им барал оштета за скалите што му ги нагазиле :D
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.151
Поени од реакции
16.088
Дρага,

Се помалκу κоледаρчиња сеκоја година, или мене таκа ми се чини.
Јас постојано си пеев со бρатучедите, или се јачев во носење на ќеси. Една година стваρно ја пρетеρаа, мене после неκое вρеме ми се смачи и саκав да си одиме. Овие неее, уште. Наρедна згρада више толκу бев измоρена, не можев и да пеам и да носам тоа ќесето, па овие си пееја, јас само си собиρав по нив. Паκ им пρоκенκав, овие неее, еве уште една згρада. Тогаш си отвоρив едно од чоκолатцата и си го јадев, али баρ ќутев. Се помина и таа згρада, јас сρеќна ќе си бегам дома, κога бρатучед ми вади чоκоладо и ми виκа еве ти уште едно, јади си, ама не збоρувај. :D
Не се сеќавам κога стигнав дома, κо пρетепана бев и више κажав деκа не пеам со нив. До наρедната година. Али битно мушκи си го донесов ќесето дома. :cool:
 
Член од
16 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
797
Драга
Сликава се ќе си каже... 10002933_629951840405816_1883496731_n.jpg
Си постојат луѓе кои небитно дали си празнично расположен/а ќе пробаат да ти го усерат денот... себичност бе...
Мука ми е од се тоа...
Ќе си уживам у денов игнорирајќи се негативно...
За убаво нека е само, и за многу години нека ни е празников
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Драга,

Од 4 сабајле не ме фаќаше сон ги чекав коледарчињата да дојдат. Само се будев да не ги пропуштам и само една група 5-6 коледари дојдоа :( Ама ај може уште е рано па ќе помине уште некоја група коледарчиња. Ептен им се радувам ко ќе ги видам и чујам на врата :vozbud:
Бадник ми е најубав православен празник бидејќи целото семејство е собрано на трпеза. Се чувствува мир и спокој. За овој ден си се подготвувам со денови. Едвај чекам за некој саат да ја правам питата и гравчето, а и да видам после кај ќе се падне паричката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom