И еве ме после пола година повторно кај тебе.
Стварноста е синџир и борба на спротивностите. Оваа борба не е борба на потполно уништување, туку борба за некакво надополнување. Спротивностите се во постојано надополнување, здравјето е ништо без болеста, одморот без заморот, гладот без ситоста, денот и ноќта, но и љубовта без омразата. Се функционира во спротивност, дури и нашите потреби, желби, болки, допири, чувства...
Но, која страна тежи повеќе?
"Овој свет за сите ист, не го создадоа, ниту уредија богови, ниту луѓе, тој секогаш бил, е, и ќе биде вечно жив оган кој по мера се гасне и по мера се пали "
Само што ние никогаш нема да знаеме кога ќе пламне тој оган. А ќе се изгореме, тоа е сигурно, некои работи неможат никогаш да се заобиколат. Убаво рекле, како диктира судбината, тоа ќе се и оствари.
Што ако ми е роденден за 2 часа, кога нешто недостасува. Да беше само тоа нешто. Детето порасна, а сонот исчезна...