Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кајганче!
Официјално летото заврши :(. Не дека беше некое опасно жешко време од кое не можеш да дишеш и преку ден се криеш дома под клима и слично али, летото е увек забавно бе :).
Моето лето беше неочекувано одлично. Искористив колку можев да се прошетам, упознав доста нови фаци, искусив доста нови работи и колку и да се обидувам да го сумирам во неколку реченици, невозможно е. Единствено сликите ( во фигуративна и буквална смисла ) колку толку можат да ти го доловат впечатокот и да те навратат на тоа што било. And I made many of them :giggle:.
Anyways, толку од забавата и делумната безгрижност. Следува ладноќа, обврски и меланхолични денови пропратени со дожд, чат пат серија, кофеин и никотин. И ајвар, многу ајвар.
Патем, две нови цели се веќе поставени. Кон едната се приближувам а другата тек треба да почнам да ја обработувам. Се надевам на успешна реализација :sneaky:.
 
Ех драга се чудам на луѓево што цело лето не работеа ништо и си преседоа. Дали е до мене и сум навикнат на таков живот, или ја неумам да уживам у него. Последниве недели откако престанав да работам се чувствувам најглупо на свет. Бескорисно, досадно, измислувам топла вода и побивам теории. Ама буквално последниве недели колку сум слободен продуктивни работи што ги имам направено можат да се избројат на една рака.
Го изгледав Мистик Ривер по втор пат, првпат го имав гледано одамна, и пак ме извози како да го гледам првпат, филмиште!
И така, деновиве си проаѓаат, си се лажам себе си, си патам, си викам дека не ми фали, а нема што не би направил да ја видам и гушнам, ал мушко срце не предаје се.
 
Последно уредено од модератор:
Драга моја.
Сум го имал најчудниот сон во историјата на чудни соништа.
Имено,сум сонувал како @Crazy in Love ми пеглала фармерки,и ми ги изгорла,па после ме бркаше низ цел град да ми купи нови,а јас бегав и се смеев :D :D :tapp:
Извини бе @Crazy in Love ама јебига,не е до мене што сонувам :)
 
Драга...

... на мое (не големо) изненадување, сфатив дека многу луѓе не ми ја разбираат титулата, т.е не знаат што значи зборот Полимат. Затоа ќе одделам дел од овие утрински часеви (за мене вечерни пошто уште не сум легнал), да подобјаснам малце.

Полимат e, за жал, ендемична карактеристика кај модерниот човек. Имено, доколку би прашале некого "што бил Леонардо да Винчи?", тој ќе ви одговори дека бил сликар (или ако прашате некој ептен забеган ќе ви рече "оној што глумеше у Титаник" :D ). Вистината е дека Леонардо да Винчи не бил сликар, туку е најдобар пример за Полимат, за што исто така синоним е "Ренесансна Личност". Леонардо да Винчи бил сликар, да, меѓутоа тој бил и архитект, скулптор, математичар, музичар, инжинер, изумител, геолог, картограф, па и писател. Не само што "бил" тоа, туку и дал сериозен придонес кон сите овие работи, наместо да се фолира дека е таков ради-реда за да стекне некаква дебилна слава (*компарација со модерниот човек). Практиката на Полиматот е да се занимава со повеќе области, со цел да стекне знаење за повеќе сфери од животот, па кои ќе ги искористи за сопствен прогрес, како и за придонес кон општеството. Леонардо да Винчи не е сам помеѓу овие, со него се и Бенџамин Френклин, Никола Коперник, Галилео Галилеј и други еминентни личности кои имале енормни придонеси кон опшеството низ историјата.

Денеска се повеќе луѓе се одлучуваат за една кариера, еден смер и пат во животот, ставајќи го целиот фокус на една сфера и давајќи сто процентен придонес кон истата, верувајќи дека само така можат да имаат доволно добар придонес кон истата, или пак не сакаат да се замараат со други работи, па гледаат да преживеат чекорејќи по еден ист пат кои самите ќе си го зацврстат, без притоа да пробаат и да тргнат по друг кога би им се укажала таква можност. Меѓутоа тие не се криви. Криво е општеството, неговиот досегашен развиток, општествениот притисок, а во некои држави како нашата и недоволната можност да се истакнеш како што треба и да си го покажеш целиот потенцијал. Меѓутоа ме радува тоа што познавам неколку личности кои слободно можам да ги наречам Полимати, некои се и од форумов, па имам голема почит према нив и би сакал евентуално да им се придружам :)

П.с: Not to be confused with луѓе кои мислат дека знаат се и дека се експерти за се, тоа не се Полимати туку се smartasses со превише слободно време и/или пристап до интернет, па само се мешаат во работата на луѓе кои сериозно се бават со нешто без да дадат било каков придонес (дури и одмогнувајќи во чести случаи), death to them all!
 
Есента почна во прав смисол. Не дека гајам некој култ кон ова годишно време, но го сметам за едно од најпродуктивните. Некои викаат како ќе се погодат првите 14 дена од годината, таква ќе ти биде и текот на целата година, моето правило важи три-четири месеци уназад.
Увек сум се поставувал егзистенционалистички во задните денови на реализација на одредени потточки на животот (искуството ме натерало да не се разочарувам), така и сега, во овие студени часови во доцниот септември, обвиткан со мирисот на зелен чај, слатката меланхолија на некое дамнешно време и неколкутемина листови хартија пред мене што сведочат за прологот кој ветува приказна. А дозата неизвесност малку по малку ја подгрева скепсата за подобро утре.
So says Saladin
 
Не сакам горделиви луѓе. Ниту луѓе кои зборуваат двосмислено. Ниту такви кои знаат да се налутат за глупости.
Зошто тогаш и јас самата сум горделива, се лутам за глупости... Колку сум двосмислена и смотана.
Можеби е човечка природа да се биде двосмислен. Можеби практично човек не може да биде објективен. Значи и јас сега можеби не сум.
Можеби поимот објективност е субјективна работа. Можеби не.
 
Драга Кајгана,
Најстрашно е чувството кога сфаќаш дека годините ептен брзо минуваат....:unsure:
 
Ах кајги, мислев дека кога ќе им помогнам на другите да си ги остварат своите желби дека насмевката на нивното лице ќе ме направи посреќна и од нив самите, а јас се чувствувам уште попразно поради сознанието и суровата вистина дека нив би им било многу поубаво без мене......
 
драга времево знаеш за што е само само за трчанје
само што се прибрав од работа иам вишок енергија и трчам кајги идам да трчам кајги вакво време не се пропучта биди ми поздравена ....
инаку со девојчево од работа се искомплицира малку работава па ке видиме што понатака али ке биде осекам ај биди ми поздравена:vozbud:
 
Балисти си скандираат што сакаат никој не коментира, да направеа Комити нешто, ќе закочеше форумов.
 
Драга к,

Сакам јас и мојата девојка да заминеме на некое долго патување колата, грицките, мп3 со многу музика, посетување на многу градови едноставно време повеќе за нас двајцата, ми недостасува тоа се надевам ќе се оствари :)

Дестинација Копер

koper1.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom