Драга, денеска е понделник и како ден, како име понеделник не ми е ништо виновен, но едноставно мразам кога ке дојде.. Се што останало од минатата недела денеска треба да се комплетира е тоа ме нервира. Тој понеделник не го сакам, како овој денеска. Празник, но не и за мене, ја си имам еден куп ствари за довршување. А воопшто не ми оди, никаков концепт ни инспирација, ни концентрација имам. Уште и времево, па во взаемна комбинација ми ги изреметија сите планови за остатокот од денот.
Умо на друго место ми е, на повеке места, само таму кај шо сум и тоа што е пред мене не го перцепирам. Само некои чуства, емоции навираат. Се прашувам зошто постојат толкав број на емоции во едно човечко суштество. За некои постојат придавки кои тука некаде можат да се испишат и објаснат, но што е со тие коишто неможат и немаат ни име, а не да можеш да ги анализираш.
Чуствителен некако ако може так да се изразам, а и ми се прај нешто, ама никако не сум за сам.. Освен да се пробам на едно место за коешто 99,9% сум сигурен дека ке запали, но пак дилема не сум сигурен дали е правилно оти знам нема само на така да остане, ке си пикнам сам шајка во здрава нога. А ми се сака, еххх..
Ајде сега ке земам едно мн мн јако кафе, па да видам дали некако ке се мотивирам или другава идеа ке ја реализирам.. Мн не озбилно нели, тоа ке кажеш.
Знам, ама шо да се прај, луѓе сме, не сме совршени.