Славев роденденче со најблиските од фамилијата и некои роднини.
Добив печатена блуза од Блок Аут, на поклони обично не се радувам многу многу, но оваа блуза е подарена од посебна личност, која заситува една моја посебна приврзаност кон бендов.
Си заминаа гостите, а јас седнав да читам нешто, полагам понеделник, последен колоквиум за годинава, па така летото може да започни. Смачено ми е од читање, некни на сред полагање ме мрзеше да размислувам па така си дадов за слобода 5 минути да си поседам со мирна глава, пред да почнам да пишувам, супер поминав.
Чекам две блиски другарчиња да си дојдат од странство, ми фалат филозофските муабети со нив до раните утрински часови. Лека полека, ја намирисувам слободава која допрва следува, само здравје на мене и моите кои ми значат, друго не барам.