Драга Кајги,
тамам ќе си помислам дека сум ја утнала некоја работа, одма се јавува некоја будала да ми покаже дека имало и бетер. Замисли, по грешка ме избришале од завод и автоматски ми укинуваат сини картони и сметаат дека имаат еден невработен помалку. Ама се заебале овој пат, јас не се откажувам лесно.
Знам дека не е смешно, ама што да правам?!? Не можам да плачам, иако е за плачење, едноставно тоа не сум јас.
Кои неписмени дебили се! Ми внесле погрешна дата, месец и година, ама заборавила дека се потпишала од страна. Ми требаше многу време додека успеав да и кажам на глупачата дека потписот е нејзин, мислам јас и кажував, ама таа не можеше да сфати. Ај, средив тоа и си помислив дека конечно се средило срањето, ама тоа пусто турско, одма се јавува нешто ново!
Замисли, смотаната на шалтерот кај што се пријавува за сини картони погрешно ми го препишала презимето од извод, па сините картони не ми важеа, оти не само што ми го погрешила презимето, туку заборавила и некаков број да внесе. Последно нешто што ми фалеше периодов беше да заглавам в затвор за фалсификување на сини картони... Која душа ќе се објаснуваше пак дека грешката не е моја, таму нема печат. Ќе си ќарев неколку години затвор.
Но, тоа не е се`! Некоја будала у комшии земала да чува мачки, па ми рикаат под прозор, дење и ноќе, никако не заќутуваат... Не знам која е, ама и ветив дека кога ќе ја начекам ќе шета со нова фризура. НО, тоа не е најлошото, ме убива мрзава, бе!
Ми треба концерт, ама некој добар концерт. Ми недостасуваат и добри журки, не со пријатели, туку како музика, како изведба, нешто што ќе ме опушти... Може треба да почнам да искачам у Менада, само не знам дали ќе ме примат?!
И дожд треба. Вака - така испадна се` си треба.
Деновите не поминуваат толку лошо, само малку запнувам во текот на денот.