Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Волку мачен, исцрпувачки и трагичен ден одамна не видела Македонија. 4 млади животи отидоа во неповрат. Во неповрат отиде и човек кој случајно се нашол таму. 5 животи згаснаа затоа што постојат бездушни суштества со развиеност на амеба. Денес не видов една насмевка, не видов еден човек со живот во себе. Еден од најцрните денови откако јас паметам.
Овие дечки нема да се веселат, да ја прослават матурата, да се жалат за факултетот, нема да уживаат во младоста и да ги прават оние глупи младалачки глупости кои сите ги прават. Мајките нема веќе да си ги гушнат синовите, татковците нема да се гордеат со нивните синови. Ќе бидат обвиени во тага и жал до крајот на нивните животи. Нивните браќа/сестри нема веќе со кого да прават будалаштини, да се караат за компјутерот и да се тепаат, додека им се качуваат на родителите на глава. Едно семејство го загуби својот татко, својот вујко, стрико... 5 фамилии кои никогаш веќе нема да можат да се смеат од срце. 5 фамилии кај кои радоста веќе нема да биде чест гостин. ЗА ШТО??????? ЗА ШТОООО???
Цел ден во глава си замислувам како ли изгледале последните мигови? Не знам зашто? Се прашувам што ли мислеле тие свирепи безрбетници? Дали осетиле трошка грижа на совест дека со себе повлекуваат толкава количина на болка, тага и бес кај толку многу луѓе? Кои се тие луѓе кои си земаа за право да згаснат, да одземат живот?? Кои се тие кретени кои најверојатно сега некаде спијат без око да им трепне, без да помислат дека 5 луѓе веќе не постојат на светов, дека кај нивните најблиски и највеселите спомени ќе предизвикуваат уште поголема болка и неиздржлива агонија...
Каков е овој свет? Каков е овој свет на свирепост и бездушност? Каков е овој свет без трошка емпатија и љубов?
Какви се тие ѕверови штом не чувствуваат ништо?
Имаат крв на тие раце. Крв која НИКОГАШ нема да се измие. Крв која НИКОГАШ нема да се заборави.
Овој црн петок секогаш ќе биде црн.
13.04.2012 засекогаш ќе биде обележан како најцрн ден.
Јас лично, не ги познавав момчињата, ни човекот кој беше убиен. Но, ме боли исто како да сум ги познавала. Тешко ми е исто како да сум ги знаела.
Душата ме боли од помислата дека овие луѓе никогаш нема да видат уште еден ден, нема да прослават уште една Нова година, одмор, годишнина. Овие 4 момчиња нема да ги држат своите синови и ќерки, нема да ги бакнуваат своите сопруги, нема да играат на својата свадба, нема да имаат внучиња на кои ќе им се радуваат.
Толку безумност не сум видела. Толку неисцрпна и неутешлива болка одамна не сум осетила.
Се е толку сиво, мрачно. И времето е такво. Атмосферата е ваква. Луѓето се такви. А како да не бидат? Како? Како да се прослави Велигден, според мене најубавиот празник од сите, после ова? Како да се најде снага да се верува во добрината? Како да се пронајде човек во нечовештвото? Исто како да се бара игла во сено.
Во каменот ништо човечко, во човекот се е камено.
Веќе одамна.
И за крај,
Цветови е напишана од Славко Јаневски, а Зафир Хаџиманов ја има направено во песна со музика.
Иако е посветена на 12 Ваташки младинци стрелани кај Ваташа, мислам дека е апсолутно соодветна и за овој мрак, за оваа трагедија.
Ова што се случи е толку трагично, што треба да се смисли нов израз за трагично.
Вечна ви слава момци и Вас господине.
Нека ви е лесна црната земја во која никако не смеевте да влезете толку рано.
Се надевам дека сте во поубав свет, свет кој не наликува на лудница составена од бездушни и безрбетни суштества. Искрено се надевам дека сте таму некаде... во свет без болка, страдање и омраза.