Поминаа само 2 дена од кога си отиде засекогаш. Никогаш повеќе нема да можам да те гушнам, да те бацам, да ме галиш по коса .... НИКОГАШ !!!
Не сакам да верувам дека е вистина...боли, многу БОЛИ !!! Те видов сабајлето, ништо не ти беше !! Беше весел и насмеан, дури не се ни пожали дека те боли нешто ! Ми се насмеа и го кaжа тоа твоето секогаш кога ќе ме видеше...УБАВИЦА НА ДЕДО !! Дојде и ме гушна и ми рече ве чекам со брат ти во сабота да дојдете да спиете тука! Сакам времето да застанеше таму, во тој момент, НИКОГАШ да не заминеше
Поручекта се слушнав и со баба, се беше супер, ми рече дека се спремате за ручек...па дека ќе одмарате или ќе прошетате надвор....реков ОК бабо, ќе одам и јас да си легнам па се гледаме ...станав од спиење, се супер, седев пред пц и околу 8 и 30 ми заѕвоне телефонот, се јавив но никој не одговараше, само слушав пискотници...спуштив, никогаш не помислив на најлошото!
Одма заѕвони пак, кренав и само ми рекоа Мони одма нека доаѓа татко ти на дедо ти му се слоши! ШОК !!!
После 30 мин се јави тато и ни кажа тоа што на никој не се надеваше, беше како гром од ведро небо...не можам да ја заборавам таа глетка, НЕ МОЖАМ !!! Дедо зошто не ми прозборе нешто, ЗОШТОООО !!!!!!!!!
Зошто пред да излезеш во ходник не си и кажал нешто на баба, да си и се пожалел барем дека те боли нешто, ЗОШТО !!! Си искочил со намера да земеш нешто од шпајз, но не и таму да останеш !!!!! Ти не изгледаше како починат, беше насмеан !!! Тоа не се опишува !!! На сите ни е сеуште како во сон !!! Луѓето само не прашуваат дали е вистина...на никој не му се верува...ТИ БЕШЕ ЅВЕР ЧОВЕК !!! Секогаш викаше дека ти се можеш, а другите ти викаа дека ти ќе не надживееш сите
Беше премногу приврзан за мене и за брат ми, живееше за нас 2ца и на сите им викаше дека за нас 2ца има и човек да изедеш !! Секогаш ми викаше дека никој не смее да ме чепне, зошто ќе го убиеш...а сега дедичко кој ќе ме чува така???
Не можам да ја опишам болката што ја чувствувам, цело време очекувам да дојдеш од некаде...едноставно вода стоеше, ти не... нема збориви да се опише каков ПРЕКРАСЕН човек беше !!! Човек кого го сакаа од најмало до најголемо...!! Ако кажам колку луѓе дојдоа да те испратат е малку за да се опише....
Колку и да сакам да бидам силна, НЕ МОЖАМ !!! Ти никогаш не сакаше да ме гледаш како плачам, ама дедо не можам, сами ми течат солзиве....од помислата дека НИКОГАШ нема да те видам !!! Зошто господ ги зема секогаш добрите луѓе, ЗОШТО !!!!!! Не знам што повеќе да се каже, зошто секој пишан и кажан збор за тебе е малку !! Ти си човек кој што секој требаше да го види, да го запознае !!! Човек кој се бореше за се во животот, им помагаше на сите ..... НИКОГАШ нема да ги заборавам твоите совети, НИКОГАШ !!!!!!
Не можам повеќе, не можам ... ТЕ САКАМ ДЕДО НАЈМНОГУ НА ЦЕЛ СВЕТ !!! ЗНАМ ДЕКА ЌЕ ПРОДОЛЖИШ ДА МЕ ЧУВАШ ОД ГОРЕ, НО ТЕ САКАМ ДО СЕБЕ !!!!!!!!! ЗОШТО СИ ОТИДЕ БЕЗ ПОЗДРАВ ??? НИКОГАШ НЕМА ДА МИ СЕ РАЗЈАСНИ ТОА...КАКО ТАКА НАЕДНАШ ... КАКООООО???!!!
ПОЧИВАЈ ВО МИР МОЈ ДЕДУЧКО !!!