Вчера и денес умрев од срам. Му се развикав на татко ми кој е и мој личен тренер затоа што нервите ми беа при крај а требаше да преќутам или да излезам од соба. На една пријателка сеуште не и завршив работа ради мои лични проблеми а девојката трпелива ко сонцето што секогаш изгрева и не се уморува, таа женска што глупости истрпела од мене и уште ме трпи, и реков не заслужувам да ти бидам пријател на што само се насмеа и си продужи со муабет. Ама затоа ако утре ми рече иди 100 км тоа ми треба, донеси ми ќе одам, ако ми рече баци ми нога ќе и бацам...лојална до коска епа и јас ќе бидам без разлика на последици...Сонце бе...
Сабајлево гледав биографски филм за Хуо Јуанчиа основачот на Вушу федерацијата на Кина, првиот кој ги обединил сите школи под една капа. Тажен и мачен живот (ќерка му била убиена на 10 год) но едно нешто многу ме погоди, реченицата: Смислата на Вушу е да ја добиеш борбата со самиот себе, да се надминеш и да станеш подобра личност
. Фала Хуо, и после 100 години некој ќе ти ја сфати пораката...
Имало кинески мајстори кои биле толку ценети што доаѓале ученици од сите делови на Кина и патувале и живееле во близина на мајсторот само да ги прими за ученици и било нормално да те одбие и да чекаш со години и да го молиш се додека не му текне дека си достоен да ти го пренесе знаењето а некои никогаш и не биле примени. И си викам каква посвета била тоа да чекаш со години некој да те земе за ученик и да имаш трепение да не се разочараш и да баталиш сѐ.
Тука ме фати срамот, јас го имам учителот дома и му повишувам глас, кој идиот сум бил. Убаво рекле крвта не е вода инаку досега 100 пати ќе бев расшутиран и избркан од тренинг.
Од друга страна промената која ја почнав се покажува исправна и идеите кои почнаа како една несериозна мисла веќе земаат замав, иако сменив стратегија во од, целите и активностите кои ги пронајдов ми прават страшен ќеиф и огромно задоволство е да направиш професија од тоа што и онака би го правел без некој да ти плаќа.
На тој пат многу кои биле само попатна станица а си мислел дека се за трајно да останат ќе отпаднат или отпаднаа ама не жалам, кој те остави кога имаш мака стварно не ти треба а кој не е лојален на ситници нема да биде ни на крупници, некогаш треба да кажеш СТОП, да поставиш црвени линии и да си слушаш интуиција колку и да личиш идиот или сељак во нечии очи. Впрочем лојалноста треба и да се заслужи но и да биде обострана. Едно нешто што во последно време ми кљука во глава е дека вистинското пријателство НЕМА ЦЕНА.
Знаењето стварно е сила и моќ ама треба да го живееш а не само да го гледаш на реклама...
.