Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
К

Кики.

Гостин
Драга,
уште 17 дена и дома.
Денес бев на македонска собиранка и се беше супер до моментот кога почнаа да пуштаат патриотска музика, а пола од луѓето што беа присутни не биле во Македонија повеке од 20 години, а не ни сакаат да дојдат. Ама ок, валјда тоа е патриотизам кој јас никогаш нема да го сфатам. Се запознав со еден куп Македонци и беше интересно да видам какво мислење имаат за Македонија.
Овде е 20 до 12 и комарците веке ме јадат како никогаш да не виделе луѓе. Ме нервира фактот што овде кај што сум и покрај толку езера и реки Властиве не прскаат против комарци, па во Дојран да бев немаше толку да ме касаат - не ги сакам...
Вчера гледав многу добар филм Friends with benefits и баш беше супер.
Ај Драга, поздрав ке идам да гледам филмче, барем нема да мислам на комарциве. :)
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Кајгич , значи од сабајле ме разбуди мирисот на пита со јајца... Мојата омилена...Мммммм
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Добив идеја заебано супер одлична идеја :icon_lol:.
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Драга К.
Те убија со новите теми. Сирота ти. Те жалам
Ај чао сеа :)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.122
Поени од реакции
25.555
Вчера бев на свадба. 5 минути пред да влезат младенците во салата, бендот ја свиреше оваа песна


Кога почнаа првите стихови And now, the end is here And so I face the final curtain во себе си помислив-добро бе се свири ли ваква песна на свадба?

Кога подразмислив подобро, сфатив дека нема поприкладна песна од My Way за свадба.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
драга... деновиве ми се напнати! форсирам дипломска а асистентот не ми одговара на пораките! ептен се напнав со дипломскава дури почнав да ја сонувам. - ова не иде на арно верувај!
ритам на спиење си пореметив. си легнувам у 8 сабајле станувам у 4 5 поручек. додека испијам кафе додека с еосвестам веќе паднал мрак, досадни се деновиве у пм. нема шо да се праи по цел ден. среќа вчера од немај каде ( ко гром од ведро небо ) ми се јави братучедка ми накај 12 и нешо и ми разби малце монотонија па свртев некое кругче у парк...
драга - денес е посебно убав ден за мене ! денес си доаѓа елена од охрид и знаеш шо.. едвај чекам да ја видам! среќен сум драга.. ги бројам минутите и секундите кога ке слушнам телефонот да заѕвони и да ми рече Јас стигнав!!! - ајде ке биде уште малце..а јде ке се издржи не за друго него МОРА!... имав некој тапа период коа се вратив од одмор али сеа полека полека се враќам у нормала.. многу е тешко човек кога ке се прилагоди на една клима и една средина и од еднаш се враќаш дома гледаш исти фаци тешко време др средина... и тоа драга... ај отидов ја да видам дипломскава шо сака сеа од мене и да видам на асистентов да не случајно му текнало да го провери тоа емаилот ма да чисто се сомневам во тоа !
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
како вчера да ти пишував дека Недела и Понеделник се тапа денови (n) кога си дојде пак Недела жити се?!.
инаку еве ја низ дома си безделничам и денгубам, па што да правам друго освен да лежам, да јадам, да гледам Тв, НЕт и да дишам? додуша не се ни диши од жештина ама се преживува некако.
неколку куќи поназад изгледа свадба има: свират, тапаат, пискаат, пукаат....и ајде не стани порано да те видам.
друго не знам што да ти кажам, батка, остај не ми се праи муабет o_O ај пријатно
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Кајги,
Што сон сонував, ме фаќа страв да легнам пак. не можев да го дешифрирам, многу испомешан беше па отворив соновник . и што да видам се негативно. А да го кажам некому сонов се плашам. од тоа тогаш кога се случи реков повеќе сонови не кажувам. Ах што да правам:confused::(
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Стана стандард да среќавам стари добри фаци у маракана кои ми викаат "Ај да идеме на кафе некад" и ондак ги нема. Исто со колешките никако да се собереме поише онака пред да ни почне семестар. Ни тој момент не го сфаќам, после со нив ќе се гледаме секој ден по толку саати и ќе изиграваме најбоље другарки, а сега сите зафатени за бар еднаш да се збереме, макар и кафански да е.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Вчера бев на свадба. 5 минути пред да влезат младенците во салата, бендот ја свиреше оваа песна
Кога почнаа првите стихови And now, the end is here And so I face the final curtain во себе си помислив-добро
бе се свири ли ваква песна на свадба?
Кога подразмислив подобро, сфатив дека нема поприкладна песна од My Way за свадба.
Mе потсети на една стара македонска песна ,почнуваше вака:
''Нема,нема љубов за нас двајцата''... и ја вртат на почеток на сите свадби :pos:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.491
Поени од реакции
7.996
Драга Кајгана, доколку излегуваш од дома, најди си џепче за приватниот телефон. Никогаш не знаеш кога ќе ти заѕвони драга личност на него. Конечно се прибрав дома и видов неколку пропуштени повици.

Инаку викендов тотално наопаку. Наместо да си фатам ТоБ концерт у Битола за кој обезбедив акредитации, друштво, и све по ред, останав у Скопје.
Следниот ден наместо на конгрес на магионичари, ме пратија од работа да фотографирам деца на Open Fun Football Schools.
Мала утеха е што преноќив кај една другарка и гледавме Megamind и How High.
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Драга,
Како тоа луѓето прават секојдневно грешки и не се свесни за тоа. Се ти плескаат во лице а потоа прашуваат, онака несвесно, "што е проблемот?" Зар стигнавме до ова ниво, стануваме мешавина од балкански простотилак и британска ладнокрвност? Баш убаво, го примаме "најубавото" од луѓето околу нас.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom