Драга, незнаеш како е да гледаш од страна, незнаеш како боли само да стоиш таму и да посматраш како оној што ти значи се на светот седи на страна со главата доле, а ти ја осеќаш сета болка и веќе неможиш да издржиш, а несмееш да се доближиш и не смееш да превземеш нешто. Само стоиш таму и ја гледаш од страна, ја гледаш со презир и омраза зошто не ти дозволва да направиш чекор, не ти дозволва да се ослободиш од болката. Кога пати таа, патам и јас. Некогаш болката е неподнослива, сакам да направам нешто, но не смеам. И секој ебен ден е ваков. Немаш појма колку се изгубив, колку го замразив светов, зошто само многу малку луѓе го гледаме светов од сите можни страни и се држиме братски еден до друг. Беда неможе да се долови и допре, кога си во неа внатре. Целиот свет за момент се стопира и слободно чекориш меѓу 7 милијарди човекови битија исти како тебе, а ти никој не го гледаш така. Не сме исти, не сте никој како мене. Имам потреба од бегство, од сите мали умови и сета проста маса. Неможам никој да ги сфатам, што ли се дешава во светов, со моите, со мене ?? Зарем прифаќате да живеете во лага ? Мојата искреност прави да бидам омразен, а јас само кажувам како што е. Зарем толку лесно се предавате и потпаѓате под влијанието на оној што ве лаже ? Знаеш дека те лажат, секој ден е неправда, а само така стоиш и не се противиш на тоа. Можи така пишано било, да летам кајшто прети се, да светам кајшто сите слепи се. Не ни сакам да се идентифирам како припадник на целиот човечки род, затоа имам и испади. О, да јас сум искрен и го кажувам во фаца, ја согледувам баш како што треба. Сакам само да поможам, а сум погрешно сфатен. Сум чекор пред сите и никој неможи да ме излажи, а сите лажат да знаеш. Сакам да преќутам, но толкава неправда е премногу за мене. Ма и колку да сум изреволтиран нема да смени нешто, само повеќе ќе ме напни. Толку плитки умови, па не е чудно некој со нас да си игра, владата треба да се плаши од народот, а не обратно. А се дружат и со тие што ги пцујат, си бодат ножеви во грб и не им е грижа, немаат веќе ни вредности ни норми во себе, епа џабе деца христијански, кога ништо од тоа не почитуваат, а јас атеист па плукај по мене. Епа драга јас имам почист образ од нив и чиста совест, а ме мрази зошто му кажав се во лице, а не дозна преку никој друг, треба да ми се заблагодари, а не да се прави ко да не сме биле никој и ништо и да ми сврти грб ко сите, не дека требаше. Најдобар другар ли ќе ти биде оној што нема ни роденден да ти честита, оној кој ти вика здраво, па ти боде нож во гради. Да, во гради, не во грб.. Не сум добра личност драга, воопшто не, но барам правдина и делам правда. Не прави она што не сакаш да ти прават, а некои што не заслужуваат ваков однос од мене плаќаат за други. Но, не е до мене. Кога неможиш да седиш мирен, кога неможиш да го прифатиш поразот кој ти е неправедно наведен, неможеш да се сконцентрираш на добрите ствари во твојот живот, а ги има многу малце. Мојата борба не смее да застане, подобро сам од колку со сто ко нив лажни. Сум се што ветив, а тие се што не се. Навистина неможам да издржам како дел од вакво хаотично и испревртено општество. Ебете се сите, сега кој е следен ? 2+2=4 само во тоа верувам и во ништо друго. Ми треба излез, инаку ќе пукнам. Идам контра на светлината и мракот, всушност нема ни горе ни доле, а се е ебиветер. Јас сум болен или тие околу мене, оти едно сум сигурен - не сум како нив, не сум со нив и сум со мал дел од тебе ! Немам веќе време..
All this things I hate !