better to just be raped by the shark and to be let go
--- надополнето: Nov 1, 2011 1:48 AM ---
Лежам во овој удобен кревет,
Во ритам на пулсот на моево срце,
Ја чекам стрелката да дојде на девет
За да чекам одново,
Со надеж за нов човек со моево лице.
Чекајќи го невозможното – снема струја
Но не запре да се лее ракопис,
Беснеејќи во, и околу како олуја –
Минлива пречка кон ноќниот патопис.
Гледам радост – чувствувам бес.
Крајот на една младост ми претставува огромна чест.
Во дилема со претходно направен чекор
Гледам внатре кон срцево прекрпено.
Ми дава поглед со осуден прекор –
Стои на право место, но наопаку превртено.
Се враќам во темните одаи,
Со светлина месечева,
Но сеуште сум во кон сонот повлечена.
Ја гасам жедта со еликсирот суров
И веднаш ме расонува вкусот горчлив.
Ме буди, ме сепнува
Да повторно посегнам по младоста.
Посегам рака, но суровиот глас ме потклекнува:
“Минатото е поминато, врати се во реалноста...”