Здраво Шеќерзад.
Решив после долго време да ти се исповедам....
Се случија многу работи деновиве....
Тешко ми е...А не сум крив за ништо...Се осеќам бедно, а не чувствувам никаква кривица, ниту пак сум виновен за тоа што се случи...Понекогаш мислам дека едноставно така требало да биде...
Знаеш, има луѓе кои доаѓаат во животов, оставаат голема трага, а остануваат кратко време, и потоа заминуваат..бурно...сосем спротивно, од тоа како навлегле во твојот живот...И попусто некого сметав за помал брат, се грижев за него, и бев спремен сопствениот живот да го дадам во замена за неговиот...правев и за него, и за останатите, се, за да се среќни и задоволни.Дека на тој начин. мојата душа беше исполнета и мислев дека сум стигнал до небото.Верував во пријателството, верував на пријателите, на оние кои ги сметав дека се блиски....беа првото нешто на што помислувам кога ќе се разбудам, ми беа како добро утро, за денот да тргне убаво.Беа последното нешто на што помислував пред да заспијам, за да имам мирен сон...И единствено што барав е да ме ценаат и почитуваат, онаков каков што сум со сите мани и доблести...и ...им беше тешко....
И ќе слушнам сега за мене дека имам пречки во менталниот развој и сум луд.НЕ!Јас сум сосем нормална личност, а се правев глу(п)(В) за некои работи.Намерно замижував поради некои работи.Намерно газев одредени работи...со една единствена цел...луѓе сме грешиме, не е битно што било, најбитно е пријателството...попусто
И ќе слушнам сега дека сум бил опседнат со некои од вас.НЕ!Тоа беше само грижа за пријателите кои ти значат, и кои ги сакаш...Имам јас свој живот, свои проблеми, надежи, работи кон кои се стремам и сакам да ги остварам...толку ми е исполнет животот и активностите во него, што залудно е да некој рече дека сум бил опседнат со вас...
Ке говорите за моите недостатоци, дури сега, од кога се е готово...Каде бевте, да говорите за нив, и да ме исмејувате ради нив, кога ми се претставувавте како пријатели, велејќи да си имам на ум дека сум ви важен и сте среќни што ме имате како пријател?Лицемерни суштества...Единствено важно ви беше да го добиете она што го сакате од мене, а после тури му ку*от.
И седам сега, а додека го пишувам ова, прелетуваат во главава еден куп слики...спомени стари...кои ме враќаат на некои времиња славни...
Лутина, гнев, тага....се испомешано во едно...Слушнав зборови за кои никогаш не се ни надевав дека ќе ги слушнам...
Ме повреди многу пријателе...можеби не ми е криво што во автобус ке вртам глава и нема да ти кажувам Здраво...криво ми е што си таква кукавица, и постапи доста пичкарски(да ми простите на изразов)..и што немаше храброст да дојдеш во фаца и да ми кажеш, поради тоа и тоа не сакам веке да сме другари, туку се курчеше како никад до сега по мсн и пораки...а вака, единствено што можам е да гатам на гравчиња и да се прашувам што ли направив за да го заслужам ова...не..јас не направив ништо...само што тебе те дрма пубертет па не знаеш што сакаш...ќе дојде денот, кога ќе се каеш поради многу работи, и ќе сфатиш кој стварно ти мислел добро...само пази да не е касно....и немој да мислиш дека тие што се сега околу тебе навистина те ценат како што ти се претставуваат...тркалото се врти,ке сфатиш и ти еден ден како сум се чувствувал.....
И не, парите ми немаат удрено во глава...јас сум истиот секогаш насмеан Стефан, спремен да помогне на секој кој ќе го побара тоа од мене...а јас сум тука...барем за сега никаде не идам...во моментот кога ќе сфатиш дека си згешил, ке го победиш твоето его, ке ја спуштиш главата доле и ке бидеш спремен да го кажеш тој толку тежок збор за изговарање , мојот број го знаеш....
Со посебна посвета....