Лупам пиперки за лутица, и се најдов сред женски мубаети, Даде раскажуваше за нејзина комшивка долу поранешна ни дечко ништо а трудна
, е од кого од мачорот надополнуваат другите
, и од колега на брат е, не признавале ама ги стегнале па признале. И ајде веридба ќе имало и прво влегување в куќа ќе ја рушела за реновирање и си викам јас свршивме работа
. Кај седнав да лупам пиперки за лутица сериозно нејќам да ги слушам овие муабети. Па ме канеше на промоција ќе промовирала книга од некој од Куманово пишал нешто, ама јас да си земам обврска би отишол, имам проблем не трпам самобендисани самопрогласени книжевни дејци и уметници кои што мислат дека со нивната длабока креативна работа се светци или нешто. Ако одам ќе одам поради нејзе и лапачката
, уствари закуската
, и ќе треба да се однесувам фино културно пристојно односно да не ги дупам уметниците во здрав мозок
.