Истуткана во својот перфекционизам на самокритика, стасав до шалтер за наплата на сопствената тврдоглавост. Нека е, дефинициите одамна ги потпишав со две раце
Не сакам и не можам да ги собирам стаклените парчиња, невнимателна сум по природа секогаш се сечам.А потоа боли!
Не сакам и не можам да бидам собрана во мала картонска кутија што ќе ме гуши.
Борбата за доживување на нирвана ме изморува, кога се води на прашлив терен. Нејасен и замаглен токму од нашите луди лупања по неговиот грб, изгубен од мапата на вредности кои допираат во срж.
Мака ми е!
Кога сум уопрно силна и храбра, кога сум беспрекорно спокојна и тивка.
Мака ми е кога целам кон висини што не се одсликуваат во моите зеници.
Оставав да тече се во дисперзија,без никаков ред.Но дојди скри ги, потисни ги проклетиве чувства во мене.Да не те сакав толку можеби и ќе успеев.И знаеш највеќе што ме лути мила? Што ми е прекрасен покрај се. Снопчиња излитена илузија која секој пат ја расплетувам и ја расфлам наоколу во моменти кога сум лута,моменти како овој.Не не тежнеам кон совршенство зошто одмна сватив дека го нема.Само сакам да го средам овој дисбаланс и јас да кажам еј да љубам и убаво ми е.
И толку... Идам да се стуткам во креветон.